Разлика помеѓу преработките на „Методија Андонов - Ченто“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
(Одбиена последната промена (од 154.59.142.43) и ја поврати преработката 3754413 на Buli)
Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во [[1935]] година како заменик кандидат, а на изборите во [[1938]] година и како кандидат на листата на [[Здружена опозиција|Здружената опозиција]], бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.
 
Ченто бил еден од организаторите на [[Илинденски демонстрации во Прилеп|Илинденските демонстрации во Прилеп]] ([[1940]]), за што бил затворен во затворот во [[Велика Кикинда]]. Во [[1940]] година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во [[Баина Башта]], при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на [[15 април]] [[1941]] година.
 
Пред [[Втората светска војна]] повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот [[1935]] - [[1940]] е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во [[Скопје]], каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За неколкуте вакви негови изјави било известено во Белград и тие биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Прегледник