Седма крстоносна војна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
дополнување
Ред 2: Ред 2:
|conflict=Седма крстоносна војна
|conflict=Седма крстоносна војна
|partof=[[Крстоносни војни]]
|partof=[[Крстоносни војни]]
| image =
|image=[[Податотека:Crusade damietta.jpg|200px]]
| image_size =
|caption=Луј IX ја напаѓа Дамиета
| caption =
|date=[[1248]]-[[1254]]
|date=[[1248]]-[[1254]]
|place=[[Дамиета]]
|place=[[Дамиета]]
|result=Победа на [[Мамлуци]]те
|result=Победа на [[Мамелуци]]те
|combatant1=[[Christendom]], [[Римска католичка црква|Католицизам]]
[[Западна Европа|Западно европски]] [[Христијани]],
|combatant1=[[Римокатоличка црква|католици]]
[[Западна Европа|Западно европски]] [[христијани]],
|combatant2=[[Мамлуци]],
и други [[Муслиман]]и
|combatant2=[[Мамелуци]],
и други [[Муслиман]]и
|combatant3=
|combatant3=
|commander1=[[Луј IX од Франција|Луј IX]]
[[Роберт I од Артоис]]
|commander1=[[Луј IX од Франција|Луј IX]]
[[Роберт I од Артоа]]
|commander2=[[Baibars]]<ref>Church Triumphant: A History of Christianity Up to 1300 By E. Glenn Hinson, pg.393</ref>
|commander2=[[Бајбарс]]<ref>Church Triumphant: A History of Christianity Up to 1300 By E. Glenn Hinson, pg.393</ref>
|commander3=
|commander3=
|strength1=
|strength1=
Ред 24: Ред 25:
'''Седмата крстоносна војна''' се водела од [[1248]] до [[1254]] година и ја предводел [[Франција|францускиот]] крал [[Луј IX]] Свети против [[Египет]]. Крстоносците го освоиле Дамиет, но Луј бил заробен близу [[Каиро]], при што подходот бил откажан и кралот ослободен со откуп.
'''Седмата крстоносна војна''' се водела од [[1248]] до [[1254]] година и ја предводел [[Франција|францускиот]] крал [[Луј IX]] Свети против [[Египет]]. Крстоносците го освоиле Дамиет, но Луј бил заробен близу [[Каиро]], при што подходот бил откажан и кралот ослободен со откуп.

==Битки==
== Белешки ==
[[Податотека:Gustave Doré, le départ de Louis IX pour la croisade.jpg|thumb|left|Заминувањето на Луј IX од [[Ег-Морт]] (од [[Гистав Доре]])]]
<references />
[[Податотека:Septième croisade-es.svg|thumb|300px|Карта на Седмата крстоносна војна]]

Во тоа време Франција била една од најсилните држави во Европа, бидејќи [[Катарска крстоносна војна|Катарската крстоносна војна]] ја ставила [[Прованса]] под [[Парис|париска]] контрола. Во текот на три години, Луј собирал црковна десетина, па во 1248 година, тој и неговата војска од околу 15.000 луѓе меѓу кои 3.000 витези и 5.000 стрелци со самострел отпловиле со 36 бродови од [[Ег-Морт]] и [[Марсеј]].<ref name="Riley-Smith193"/> Подготовката на Луј за собирање финансии за оваа крстоносна војна била добро органзиирана, иако многумина благородници кои му се придружиле на Луј морале да позајмат пари од кралската каса, а самата крстоносна војна изглела многу скапа.

Војската стигнала во [[Кипар]] и зимата ја поминала таму. Во 1249 година пристигнале во [[Дамиета]] на [[Нил]]. Египет, според Луј, обезбедува база од која ќе го нападне [[Ерусалим]], а египетското богатство и снабдување со жито ќе ги одржуваат крстоносците снабдени. На 6 јуни Дамиета била заземена со мал отпор од Египќаните, кои се повлекле до [[Нил]]. Луис успеал да изгради простор за целиот камп за крстоносците со дрво од 24 заробени египетски катапулти. Поплавата на Нил, сепак, не била земена предвид, и наскоро Луј и неговата војска биле опколени со вода во Дамиета шест месеци, каде што витезите седеле и уживале во пленот на војната. Луј го игнорирал договорот склучен за време на [[Петта крстоносна војна|Петтата крстоносна војна]] дека Дамиета треба да се даде на [[Ерусалимско кралство|Кралството Ерусалим]], сега мала заедница во [[Ако (Израел)|Ако]], но тој воспоставил архиепископија таму (под надлежност на латинскиот патријарх Ерусалимски) и го користел градот како база за директни воени операции против муслиманите во Сирија.

[[Податотека:C croisade7 prisonnier1.jpg|thumb|Заробениот Луј IX во [[Битка кај Фарискур]] ([[Гистав Доре]])]]

Во ноември, Луј тргнал со војската кон [[Каиро]], а во тоа време починал султанот на Египет, [[Ас-Салих Ејуб]]. Силите предводени од [[Роберт I од Артоа]], заедно со темпларите и англиските војници предводени од [[Вилијам II Лонгеспе]], го нападнале египетскиот камп кај Гидеила, и тргнале кон [[Мансура]] каде биле поразени во [[Битка кај Мансура|Битката кај Мансура]]. Роберт и Вилијам биле убиени, и само мал број војници преживеале. Во исто време, силите на Луј биле нападнати од [[Бајбарс]], командантот на војската и иден султан. Луј бил поразен, но не се повлекол кон Дамиета, туку направил опсада на Мансура, што завршило со глад и смрт за крстоносците.

Во март 1250 година, Луј конечно се обидел да се врати во Дамиета, но бил заробен во [[Битка кај Фарискур|Битката кај Фарискур]], каде што неговата армија била уништена. Луј се разболел од дизентерија, и бил лечен од арапски лекар. Во мај бил откупен за 800.000 безанти, од кои половина требало да се платат пред кралот да го напушти Египет. Договорот за откуп подразбирал дека Дамиета треба да биде напуштена од крстоносците. По ова, тој го напуштил Египет, и заминал за [[Ако (Израел)|Ако]], една од малкуте места што ги држеле крстоносците во Сирија.<ref>Watterson, Barbara. ''The Egyptians''. Blackwell Publishing, 1998. [https://books.google.com/books?id=bm1YdwLQ3pYC&pg=PA261&dq=Turanshah,+as-Salih%27s+successor&sig=kG5kNS7NSPqUS4bqYeEuyIk9E1M ''page 261'']</ref><ref>Al-Maqrizi</ref>

==Последици==
Луј направил сојуз со Мамелуците, кои во тоа време биле непријатели на султанот од Дамаск, и од новата база во Ако, се обидел да обнови други градови, посебно [[Јафа]] и [[Сидон]].<ref>''Joinville and Villehardouin: Chronicles of the Crusades'', translated by M.R.B. Shaw, pages 295-316, Penguin Classics: New York, 1963</ref> Иако таму [[Кралство Кипар|Кралството Кипар]] полагало право, сепак владеел Луј. Во 1254 година, Луј ги потрошил парите, и морал да се врати во Франција, бидејќи починала мајка му која била регент во негово отсуство, [[Бланка Кастилјска]]. Пред да замине, Луј оставил француски гарнизон во Ако, на трошок на француската круна. Гарнизонот останал таму до [[Опсада на Ако (1291)|падот на Ако]] во 1291 година.<ref>Keen, p. 94</ref> Оваа крстоносна војна била неуспешна, но Луј многумина го сметале за светец, па ваквата негова слава му обезбедила поголем авторитет во Европа од [[Цар на Светото Римско Царство|царот на Светото Римско Царство]]. Во 1270 година, тој се обидел со [[Осма крстоносна војна|друга крстоносна војна]], која исто така завршила неуспешно.

Настаните од Седмата крстоносна војна биле запишани од [[Жан де Жуанвил]], кој учествувал во крстоносната војна, од [[Матеј Париски]] и од многумина муслимански историчари.

== Наводи ==
{{наводи}}

[[Категорија:Седма крстоносна војна| ]]
[[Категорија:Седма крстоносна војна| ]]

Преработка од 21:28, 10 март 2019

Седма крстоносна војна
Дел од Крстоносни војни
Датум 1248-1254
Место Дамиета
Исход Победа на Мамелуците
Завојувани страни
католици
Западно европски христијани,
Мамелуци,
и други Муслимани
Команданти и водачи
Луј IX
Роберт I од Артоа
Бајбарс[1]
Жртви и загуби
Многу[2] Релативно малку

Седмата крстоносна војна се водела од 1248 до 1254 година и ја предводел францускиот крал Луј IX Свети против Египет. Крстоносците го освоиле Дамиет, но Луј бил заробен близу Каиро, при што подходот бил откажан и кралот ослободен со откуп.

Битки

Заминувањето на Луј IX од Ег-Морт (од Гистав Доре)
Карта на Седмата крстоносна војна

Во тоа време Франција била една од најсилните држави во Европа, бидејќи Катарската крстоносна војна ја ставила Прованса под париска контрола. Во текот на три години, Луј собирал црковна десетина, па во 1248 година, тој и неговата војска од околу 15.000 луѓе меѓу кои 3.000 витези и 5.000 стрелци со самострел отпловиле со 36 бродови од Ег-Морт и Марсеј.[3] Подготовката на Луј за собирање финансии за оваа крстоносна војна била добро органзиирана, иако многумина благородници кои му се придружиле на Луј морале да позајмат пари од кралската каса, а самата крстоносна војна изглела многу скапа.

Војската стигнала во Кипар и зимата ја поминала таму. Во 1249 година пристигнале во Дамиета на Нил. Египет, според Луј, обезбедува база од која ќе го нападне Ерусалим, а египетското богатство и снабдување со жито ќе ги одржуваат крстоносците снабдени. На 6 јуни Дамиета била заземена со мал отпор од Египќаните, кои се повлекле до Нил. Луис успеал да изгради простор за целиот камп за крстоносците со дрво од 24 заробени египетски катапулти. Поплавата на Нил, сепак, не била земена предвид, и наскоро Луј и неговата војска биле опколени со вода во Дамиета шест месеци, каде што витезите седеле и уживале во пленот на војната. Луј го игнорирал договорот склучен за време на Петтата крстоносна војна дека Дамиета треба да се даде на Кралството Ерусалим, сега мала заедница во Ако, но тој воспоставил архиепископија таму (под надлежност на латинскиот патријарх Ерусалимски) и го користел градот како база за директни воени операции против муслиманите во Сирија.

Заробениот Луј IX во Битка кај Фарискур (Гистав Доре)

Во ноември, Луј тргнал со војската кон Каиро, а во тоа време починал султанот на Египет, Ас-Салих Ејуб. Силите предводени од Роберт I од Артоа, заедно со темпларите и англиските војници предводени од Вилијам II Лонгеспе, го нападнале египетскиот камп кај Гидеила, и тргнале кон Мансура каде биле поразени во Битката кај Мансура. Роберт и Вилијам биле убиени, и само мал број војници преживеале. Во исто време, силите на Луј биле нападнати од Бајбарс, командантот на војската и иден султан. Луј бил поразен, но не се повлекол кон Дамиета, туку направил опсада на Мансура, што завршило со глад и смрт за крстоносците.

Во март 1250 година, Луј конечно се обидел да се врати во Дамиета, но бил заробен во Битката кај Фарискур, каде што неговата армија била уништена. Луј се разболел од дизентерија, и бил лечен од арапски лекар. Во мај бил откупен за 800.000 безанти, од кои половина требало да се платат пред кралот да го напушти Египет. Договорот за откуп подразбирал дека Дамиета треба да биде напуштена од крстоносците. По ова, тој го напуштил Египет, и заминал за Ако, една од малкуте места што ги држеле крстоносците во Сирија.[4][5]

Последици

Луј направил сојуз со Мамелуците, кои во тоа време биле непријатели на султанот од Дамаск, и од новата база во Ако, се обидел да обнови други градови, посебно Јафа и Сидон.[6] Иако таму Кралството Кипар полагало право, сепак владеел Луј. Во 1254 година, Луј ги потрошил парите, и морал да се врати во Франција, бидејќи починала мајка му која била регент во негово отсуство, Бланка Кастилјска. Пред да замине, Луј оставил француски гарнизон во Ако, на трошок на француската круна. Гарнизонот останал таму до падот на Ако во 1291 година.[7] Оваа крстоносна војна била неуспешна, но Луј многумина го сметале за светец, па ваквата негова слава му обезбедила поголем авторитет во Европа од царот на Светото Римско Царство. Во 1270 година, тој се обидел со друга крстоносна војна, која исто така завршила неуспешно.

Настаните од Седмата крстоносна војна биле запишани од Жан де Жуанвил, кој учествувал во крстоносната војна, од Матеј Париски и од многумина муслимански историчари.

Наводи

1. Church Triumphant: A History of Christianity Up to 1300 By E. Glenn Hinson, pg.393
2. The Routledge Companion to Medieval Warfare By Jim Bradbury, pg. 186
3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Riley-Smith193.
4. Watterson, Barbara. The Egyptians. Blackwell Publishing, 1998. page 261
5. Al-Maqrizi
6. Joinville and Villehardouin: Chronicles of the Crusades, translated by M.R.B. Shaw, pages 295-316, Penguin Classics: New York, 1963
7. Keen, p. 94