Промени

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема измена во големината ,  пред 11 месец
с
нема опис на уредувањето
}}
 
'''Црна Гора''' ([[црногорски јазик|црногорски]] и [[српски]]: ''Црна Гора / Crna Gora'') — [[независна држава]] на [[Балканскиот Полуостровполуостров]]. Земјата на југозапад излегува на [[Јадранското Море]], додека на запад граничи со [[Хрватска]], на северозапад со [[Босна и Херцеговина]], на североисток со [[Србија]], на исток со [[Косово]] и на југозапад граничи со [[Албанија]].<ref>{{cite web|url=http://maps.google.co.uk/maps?hl=en&tab=wl&q=goo |title=goo - Google Maps |publisher=Maps.google.co.uk |date=1970-01-01 |accessdate=2011-10-01}}</ref> Најголем и главен град на Црна Гора е [[Подгорица]], а [[Цетиње]] е назначен за „престолнина“ на Црна Гора како поранешен кралски главен град.
 
Историјата на Црна Гора датира уште од [[IX век]] со основањето на [[Дукља]], вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата [[Воисавлевиќи]]. Во [[1042]] година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав ја добил битката кај [[Бар (Црна Гора)|Бар]] против [[Византија]] и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Богин.<ref>{{нмс|url=http://www.montenegro.org/duklja.html |title=Duklja, the first Montenegrin state |publisher=Montenegro.org |date= |accessdate=2011-10-01}}</ref> Од [[XI век]] државата почнала да се нарекува [[Кнежевство Зета]], но оваа држава завршила со нејзиното инкорпорирање кон [[Рашка]] и почетокот на династијата [[Црноевиќи]] кога Зета почнала да се нарекува и со денешното име - Црна Гора. Од [[Отоманската империја]], Црна Гора се одделила во [[1878]] година. Од [[1918]] година државата била дел од повеќето политички формации на Југославија, за на 21 мај 2006 година на референдум Црна Гора гласа за независност, додека на 3 јуни истата година независноста и официјално била прогласена.
3.313

уредувања

Прегледник