Македонски Авиотранспорт: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 88: | Ред 88: | ||
File:MAT Macedonian Airlines Tupolev Tu-154M Wallner.jpg|Туполев Ту-154, едно летало |
File:MAT Macedonian Airlines Tupolev Tu-154M Wallner.jpg|Туполев Ту-154, едно летало |
||
</gallery> |
</gallery> |
||
== Поврзано == |
|||
* [[Палер Македонија]] |
|||
* [[Јат Ервејс]] |
|||
== Надворешни врски == |
== Надворешни врски == |
Преработка од 01:50, 19 ноември 2018
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| |||||||
Основан | 16 јануари 1994 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Почнал со работа | 23 јуни 1994 | ||||||
Престанал со работа | 1 септември 2009 | ||||||
Работни бази | |||||||
Летала | 16 (вкупно) | ||||||
Одредишта | 16 (вкупно) | ||||||
Седиште | Аеродром „Александар Велики“, Петровец, Скопје, Република Македонија | ||||||
Раководство | Златко Петровски (претседател) |
Македонски Авиотранспорт, скратено МАТ (на англиски: MAT Macedonian Airlines) бил национален авиопревозник на Република Македонија со седиште на тогашниот Аеродром „Александар Велики“ во Петровец, Скопје. Основан е во 1994 година. Компанијата летала на одредишта низ Европа. Во текот на своето постоење користела вкупно 16 летала. МАТ престанал со работа во септември 2009 година.
Историја
Компанијата МАТ била основана на 16 јануари 1994 година меѓутоа својот прв лет го забележала на 23 јуни истата година од аеродромот во Скопје до Аеродромот Клотен во Цирих, Швајцарија со леталото Боинг 737-200. Својот статус на национален авиопревозник компанијата го добива во 2000-та година по договор со Владата на Македонија и истиот требал да важи за наредните 10 години.
- Распад
Во периодот од 2008 па сè до нејзиното распаѓање во септември 2009 година, компанијата бележи неколку негативни настани. Во декември 2008 година ѝ е забранет влез во воздушниот простор на Германија и Италија поради неплатени давачки во периодот од 1999 до 2005 година. Со тоа таа ги губи одредиштата до Берлин, Диселдорф, Хамбург и Рим.
И Грција исто така ѝ забранува влез на МАТ во нејзиниот воздушен простор, но поради политички причини со Спорот за името Македонија. Ова сепак се решава до одреден степен со договор во 2009 година, кога на авиопревозниците од двете соседни земји им е дозволено да влегуваат во воздушните простори на државите, но според истиот македонските авиопревозници не можат да слетуваат на аеродромите во Грција.
Во 2009 година раководството на МАТ отпуштило дури 70 од сите 180 вработени. Во март истата година српскиот национален авиопревозник Јат Ервејс соопштил за своите намери да ги преземе поголемиот дел од акциите на МАТ. На 1 септември 2009 година, Македонски Авиотранспорт го губи својот Сертификат за авиотранспорт (на англиски: Air Operators Certificate, скратено AOC) и престанува со работа.
Одредишта
Во текот на своето постоење, Македонски Авиотранспорт имал летови до вкупно 16 дестинации. Тој летал меѓу домашните аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и низ уште 14 аеродроми во Европа. Одредиштата до аеродромите Берлин-Шенефелд, Диселдорф и Хамбург во Германија и аеродромот „Леонардо да Винчи-Фјумичино“ во Рим, Италија биле прекинати во декември 2008 година откако меѓународната организација Еуроконтрол забранил влез за авионите на компанијата во воздушниот простор на двете држави поради неплатени давачки за контролата на летање направени во периодот од 1999 до 2005 година. Грција исто така забранила слетување на нејзините аеродроми од авионите на МАТ, но поради Спорот за името Македонија.
- Список на одредиштата
- Ова се сите одредишта кои ги нудила компанијата во текот на своето постоење. Аеродромите на списокот се подредени според азбучен ред.
- Аеродром „Александар Велики“, Скопје
- Аеродром Амстердам, Холандија
- Аеродром Анталија, Турција
- Аеродром Берлин-Шенефелд, Берлин, Германија
- Аеродром Виена, Австрија
- Аеродром „Винченцо Белини“, Катанија, Италија
- Аеродром Гетеборг Лендветер, Гетеборг, Шведска
- Аеродром Диселдорф, Германија
- Аеродром Истанбул Ататурк, Истанбул, Турција
- Аеродром Копенхаген, Данска
- Аеродром Леонардо да Винчи-Фјумичино, Рим, Италија
- Аеродром Палма де Мајорка, Шпанија
- Аеродром „Св. Апостол Павле“, Охрид
- Аеродром Хамбург, Германија
- Аеродром Цирих, Швајцарија
- Аеродром „Шарл де Гол“, Париз, Франција
Флота
-
Боинг 737-200, три летала
-
Боинг 737-300, четири летала
-
Боинг 737-500, две летала
-
Даглас DC-9, три летала
-
Јаковлев Јак-42, едно летало
-
Канадер CRJ-900, едно летало
-
Туполев Ту-154, едно летало
Поврзано
Надворешни врски
- Македонски Авиотранспорт на Ризницата ?
- (англиски) Македонски Авиотранспорт на rzjets.
- (англиски) Македонски Авиотранспорт на Planespotters.