Големо Московско Кнежевство: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
Замена на Image:Seal-of-Ivan-4_1539_a.svg со Image:Seal_of_Ivan_4_1539_a.svg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed: Criterion 1 (original uploader’s request)). |
||
Ред 25: | Ред 25: | ||
|flag_s1 = Flag of Russia.svg |
|flag_s1 = Flag of Russia.svg |
||
|image_flag = Lob flag moskovskiy.svg |
|image_flag = Lob flag moskovskiy.svg |
||
|image_coat = Seal |
|image_coat = Seal of Ivan 4 1539 a.svg |
||
|symbol = Грб на Русија |
|symbol = Грб на Русија |
||
|symbol_type = Грб на Иван IV. 1539 |
|symbol_type = Грб на Иван IV. 1539 |
Преработка од 07:53, 2 ноември 2018
Големо Московско Кнежевство | ||||||
Великое Княжество Московское Velikoye Knyazhestvo Moskovskoye | ||||||
Country | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Териториите во перидот од 1390 до 1530
| ||||||
Главен град | Москва | |||||
Јазици | Староисточнословенски јазик | |||||
Вероисповед | Руска православна црква | |||||
Уредување | апсолутна монархија | |||||
Голем кнез | ||||||
- | 1283–1303 | Даниел Московски (first) | ||||
- | 1462–1505 | Иван III | ||||
- | 1505–1533 | Василиј III | ||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1283 | ||||
- | Царство Русија | 22 октомври 1547 | ||||
Валута | руска рубља |
Големо Московско Кнежевство (руски: Великое княжество Московское) — средновековно руско кнежевство кое постоело во периодот од 1263 до 1547 година. Оваа кнежевство било наследник на Владимирско-Суздалското Кнежевство а претходник на Руското царство.
Кога монголците ја нападнале територијата на Киевска Русија, Москва претставувала безначајно место во Владимирско-Суздалското Кнежевство. Иако во зимата на 1238 година ја опожариле Москва, московската област пружила одредена сигурност од монголските напади. Киевска Русија започнало постепено да се распаѓа на неколку мали кнежевства. Така кон крајот на 12 век Владимир се поделил на Ростовско, Перејаславско, Јуриевско и Страдодубско кнежевство. Во втортата половина на 13 век настанале Суздалското, Костромското и Московското Кнежевство.
Московското Кнежевство се појавило за прв пат во еден летопис од 1147 година, додека во 13 век пак, во времето кога започнало да се распаѓа некогашното Ростовско кнежевство меѓу потомците на Всеволд III, Московското започнало да се создава. Во околу 1260 година, синот на Александар Невски, Даниел Александрович ја основал новата московска династија. Во тоа време, тоа кнежевство било сеуште мало. Во времето на Данаил, таа започнала да се проширува, со кое започнал процесот на соединување на руските земји под Москва.
Московското Кнежевство, главно поради својата географска положба привлекувала голем број на доселеници. Кнежевството било полно со шума и било заштитено од напади на соседните кнежевства. Трговијата овозможила зголемување на материјалното богатство на земјата. Московскиот кнез во тоа време се ставил во служба на Златната орда.