Зајак: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
→Зајакот во литературата и во популарната култура: дополнување |
→Зајакот во литературата и во популарната култура: дополнување |
||
Ред 11: | Ред 11: | ||
Зајаците се јавуваат како тема во повеќе уметнички или популарни дела, како: |
Зајаците се јавуваат како тема во повеќе уметнички или популарни дела, како: |
||
* „Леопардот и зајакот“ – приказна на африканското племе [[Кикуију]].<ref>''Бајке са југа Африке''. Београд: Народна књига, 1964, стр. 135-138.</ref> |
* „Леопардот и зајакот“ – приказна на африканското племе [[Кикуију]].<ref>''Бајке са југа Африке''. Београд: Народна књига, 1964, стр. 135-138.</ref> |
||
* „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе [[Басумбва]].<ref>''Бајке са југа Африке''. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184.</ref> |
|||
* „Како зајакот го убил нилскиот коњ“ – приказна на африканското племе [[Акамба]].<ref>''Бајке са југа Африке''. Београд: Народна књига, 1964, стр. 148.</ref> |
|||
* „Зајакот и мангустата“ – приказна на африканското племе [[Свахили]].<ref>''Бајке са југа Африке''. Београд: Народна књига, 1964, стр. 119-121.</ref> |
* „Зајакот и мангустата“ – приказна на африканското племе [[Свахили]].<ref>''Бајке са југа Африке''. Београд: Народна књига, 1964, стр. 119-121.</ref> |
||
* „Зајаците и жабите“ - [[басна]] на старогрчкиот баснописец [[Езоп]].<ref>Езоп, ''Басне (по Доситеју Обрадовићу)''. Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.</ref> |
* „Зајаците и жабите“ - [[басна]] на старогрчкиот баснописец [[Езоп]].<ref>Езоп, ''Басне (по Доситеју Обрадовићу)''. Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.</ref> |
Преработка од 22:34, 22 октомври 2018
Зајак - животно од редот глодари.
Видови зајаци
Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во фамилијата зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антарктикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 сантиметри и тежина од 2 кг, а жиивее од три до шест години. Сексуалната зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа две до седум малечки, и тоа, четири до пет пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје и кора од дрвјата. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.
Зајакот во литературата и во популарната култура
Зајакот често се среќава како лик во литературата и во популарната култура. На пример, тој е чест лик во народните приказни, во кои понекогаш има и волшебни својства. Таков е случајот со турската бајка „Белиот зајак“ во која еден бел зајак (кој знае да зборува) се одликува со голема мудрост и постојано му помага на принцот во сите неволји, а на крајот се дознава дека зајакот, всушност, е најмладата сестра на принцот која исчезнала пред многу години.[1]
Исто така, зајакот е чест лик во филмовите. Така, во 1988 година бил снимен филмот „Кој го намести зајакот Роџер“ (Who framed Roger Rabbit), кој постигнал голем успех и освоил три награди „Оскар“.[2]
Зајаците се јавуваат како тема во повеќе уметнички или популарни дела, како:
- „Леопардот и зајакот“ – приказна на африканското племе Кикуију.[3]
- „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[4]
- „Како зајакот го убил нилскиот коњ“ – приказна на африканското племе Акамба.[5]
- „Зајакот и мангустата“ – приказна на африканското племе Свахили.[6]
- „Зајаците и жабите“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[7]
- „Зајаците и лисиците“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[8]
- „Лавот и зајакот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
- „Зајаците и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[10]
- „Зајакот и желката“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[11]
- „Зајко, зајко од дупката!“ (српски: Зека, зека из јендека!) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[12]
- „Ти си само плашлив зајак“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[13]
- „Зајче безопавче“ - збирка песни за деца на македонскиот писател Васил Куноски.[14]
- „Бел зајак“ (White Rabbit) - песна на американската рок-група „Џеферсон Ерплејн“ (Jefferson Airplane) од 1967 година.[15]
- „Лисицата и зајакот“ - советски анимиран филм од 1973 во режија на Јуриј Норштејн.
Галерија
Наводи
- ↑ „Бели зец“ во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 127-144.
- ↑ IMDb, Who Framed Roger Rabbit (1988) (пристапено на 6.12.2015)
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 135-138.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 148.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 119-121.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 36.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 51.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 95.
- ↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 73-74.
- ↑ Васил Куноски, Зајче безопавче, Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1980.
- ↑ YouTube, Jefferson Airplane - Surrealistic Pillow (1967) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 24.12.2017)