Антарктик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Поврзани статии: дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 40: Ред 40:


== Географија ==
== Географија ==
{{Главна|Географија на Антарктикот}}
Континентот Антарктика се наоѓа јужно од [[јужен поларен круг|јужен поларен круг]], опкружен од [[Јужен Океан|Јужниот Океан]]. Физички Антарктикот е поделен на два дела од [[планина|планини]] близу до [[Росово Море|Росовото]] и [[Веделово Море|Веделовото Море]]. Делот од континентот западно од Веделовото Море и источно од Росовото Море се нарекува [[Западен Антарктик]] а остатокот [[Источен Антарктик]].
Континентот Антарктика се наоѓа јужно од [[јужен поларен круг|јужен поларен круг]], опкружен од [[Јужен Океан|Јужниот Океан]]. Физички Антарктикот е поделен на два дела од [[планина|планини]] близу до [[Росово Море|Росовото]] и [[Веделово Море|Веделовото Море]]. Делот од континентот западно од Веделовото Море и источно од Росовото Море се нарекува [[Западен Антарктик]] а остатокот [[Источен Антарктик]].



Преработка од 09:03, 10 октомври 2018

Antarctica
Површина14,000,000 km2[1]
Население1,106
Густина0.00008/km2
Земји0
НДД.aq
Најголеми градовиИстражувачки станици на Антарктикот
Подробна карта на Антарктикот

Антарктик (од грчкиот збор ἀνταρκτικός, "спротивно од Арктик") е континент кој го опкружува Земјиниот Јужен пол. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз; сепак, тоа е и најголемата пустина во светот. Не треба да се меша со Арктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот Северен пол на спротивната страна на планетата.

Иако митовите и претпоставките за Terra Australis ("Јужна земја") потекнуваат од античко време, првото прифатено откривање на континентот датира од 1820 година а првото пристигнување во 1821 година од Руската експедиција на Михаил Петрович Лазарев и Фабијан Готлиб фон Белингхаузен.

Со површина од 13.200.000 km², Антарктикот е петиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна Америка, и Јужна Америка. Сепак, тој е убедливо најмалку населен, всушност нема постојано насление. Исто така тоа е континент со најголема просечна висина и најниска просечна влажност, како и најниска просечна температура.


Климатски услови

Зелената светлина во позадина е феноменот аурора аустралис.

Антарктика е најладното место на земјата. Температурите се движат од -85 и -90 степени Целзиусови во зима и околу 30 степени повисоко во лето. Климатски бранови ретко пробиваат во внатрешноста на континентот, па центарот е ладен и сув. Има малку врнежи во текот на годината, но мразот може да се задржи поголем период. Скоро целиот континент е покриен со мраз, кој е во просек 2,5 километри длабок.

На крајот на континентот дуваат јаки катабатички ветрови. Во внатрешноста пак, ветровите се поблаги.

Во зависност од висината, настануваат долги периоди на постојана темнина или постојана сончева светлина, односно климата на која се навикнати луѓето не се појавува на овој континент.

На Антарктик се појавуваат три природни феномени:

  • аурора аустралис или јужните светлини
  • дијамантски прав - облак од ситни кристали од мраз
  • пархелион, или лажно сонце, светла точка покрај вистинското сонце.

Географија

Континентот Антарктика се наоѓа јужно од јужен поларен круг, опкружен од Јужниот Океан. Физички Антарктикот е поделен на два дела од планини близу до Росовото и Веделовото Море. Делот од континентот западно од Веделовото Море и источно од Росовото Море се нарекува Западен Антарктик а остатокот Источен Антарктик.

Релјеф

Релјефот на Антарктикот е претежно планински, со големи надморски височини. Околу 65% од територијата се над 2 000м. Највсока планина е Винсоновиот Масив, со 5 140 м. Скоро во средината на Антарктикот се наоѓа Јужниот Пол каде што во 1911 година прв стигнал Норвежанецот Роналд Амундсен.

Флора и Фауна

Единствено на Гремовата Земја се присутни некои лишаи и мов додека животинскиот свет е поразновиен и побогат. Најкарактеристични се пингвините, кои живеат во колонии во крајбрежните делови на континентот. За разлика од копнениот дел, во водите околу Антарктикот живеат разни морски животни, а најкарактеристични се китовите.

Население

Територијална поделба на Антарктикот

Се претпоставува дека во секој момент барем 1.000 луѓе живеат на континентот. Оваа бројка варира во зависност од месецот. Иако Антарктикот нема постојани жители, неколку држави имаат постојани истражувачки станици на континентот. Многу од нив имаат персонал во текот на целата година.

Првото дете родено на подрачјето околу Јужниот Пол е девојче Норвежанче, родена на 8 октомври 1913 година, додека Емилио Макрос Палма е првиот човек роден токму на Антарктикот (во базата „Есперанца“) во 1978 година, неговите родители биле пратени на континентот заедно со седум други фамилии.

Ридови од мраз во Антарктикот

Истражувачки станици и стопанство

На Антарктикот се наоѓаат неколку десетини станици во кои се вршат разни научни истражувања. Утврдени се резерви во разни рудни наоѓалишта (јаглен, железо, сребро, злато, ураниум и други), но не се врши нивна експлоатација. Антарктикот е надвор од светските сообраќајни текови.

Комуникација

Интернационалниот повикувачки број за Антарктикот е +672.

На континентот е развиена безжична телефонска мрежа. Постојат едно келиски предаватели кои користат AMPS технологија во Аргентинската база Марамбио и Entel Chile GSM-предавател на Островот на Кралот Џорџ. Сите останати комуникации се одвиваат преку сателитски врски.

Македонски топоними на Антарктикот

Карта на островот Ливингстон со неговите македонски топоними
Рид Делчев

Меѓу наименуваните места на ледениот континент има и немал број објекти со имиња на херои, населби, географски и историски локалитети од Македонија.[2] Такви се називите

Антарктик како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Антарктик почнува овде“ (Antarctica Starts Here) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1973 година.[3]

Поврзани статии

Наводи

  1. United States Central Intelligence Agency (2011). „Antarctica“. The World Factbook. Government of the United States. Посетено на 14 September 2017.
  2. „Бугарите“ Гоце Делчев и Цар Самуил на Антарктикот. Фокус, 11 февруари 2016.
  3. YouTube, John Cale: Paris 1919 (Full Album) (пристапено на 13.2.2018)

Надворешни врски