Разлика помеѓу преработките на „Данте Алигиери“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
(→‎Биографија: дополнување)
Уште од раната младост, Данте учествувал активно во општествено-политичкито живот во [[Фиренца]]. Така, во 1289 година тој се борел како дел од [[коњ]]аничката милиција на Фиренца, а потоа учествувал во политичките тела коишто управувале со градот. Извесно време бил во градскиот совет, а на возраст од 25 години бил избран за член на колегиумот од шест члена, кој управувал со Фиренца. Во тоа време, во Фиренца имало две спротивставени [[Политичка партија|политички партии]] – „Белите“ и „Црните“. Бидејќи нивните борби довеле до долго крвопролевање, по совет на Данте, летото 1300 година, водачите на двете партии биле протерани од Фиренца, а меѓу нив бил и пријателот на Данте, поетот Гвидо Кавалканти. Исто така, Данте настапил енергично против обидот на „Црните“, со поддршка на [[папа]]та, да се вратат на власт, така што тој бил заслужен за нивното прогонство од градот.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 223-224.</ref>
 
Според една [[анегдота]], кога бил испратен во Рим за да преговара со папата, Данте ркеол: „Ако јас заминам во Рим, кој ќе остане во Фиренца; а ако јас останам, тогаш кој ќе оди?“.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 378-379.</ref> Додека Данте се наоѓал во [[Рим]], во својство на пратеник на Фиренца кај [[Папа Бонифациј VIII|папата Бонифациј VIII]], „Црните“ се вратиле на власт во Фиренца, благодарение на сплетките на папата, при што започнале серија судења, одмазди и прогонства на политичките противници. Се претпоставува дека Данте се наоѓал во [[Сиена]], кога дознал за пресудата од 27 јануари 1302 година, со која бил осуден на [[пари]]чна казна, на двегодишно прогонство и на доживотно исклучување од јавните функции. Бидејќи не се појавил пред судот за да се оправда и да ја плати казната, со нова пресуда од 10 март бил осуден да биде жив запален, ако падне во рацете на фирентинската општина.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 224.</ref> Откако во 1302 година бил прогонет од Фиренца, по неколку неуспешни обиди да се врати во градот, летото 1304 година, Данте ги напуштил другарите од партијата на „Белите“ и засекогаш останал во прогонство.<ref>Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 60.</ref> Оттука, од 1302 година до смртта, Данте го поминал животот во прогонство, како сведок на жалната судбина на неговите деца, кои исто така биле прогонети. Во 1315 година била донесена нова пресуда со која тој и неговите деца биле осудени на смртна казна. Времето до смртта, Данте го поминал селејќи се од еден до друг град, живеејќи во крајна [[сиромаштија]]. Данте умрел ноќта меѓу 13 и [[14 септември]] [[1321]] година во [[Равена]], каде се наоѓа неговиот гроб.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 224.</ref>
 
==Творештво==

Прегледник