3 век: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
додаток на личности
откритија и слики
Ред 48: Ред 48:


== Личности ==
== Личности ==
[[Податотека:Caracalla MAN Napoli Inv6033 n01.jpg|мини|195x195пкс|Императорот Каракала]]
[[Податотека:Giulia domna, moglie di settimio severo, con busto non pertinente, inv. 2210.JPG|мини|228x228пкс|Јулија Домна]]
[[Податотека:Alexander Severus Musei Capitolini MC471.jpg|мини|195x195пкс|Императорот Александар Север]]
[[Податотека:5305 - Brescia - S. Giulia - Ritratto di Claudio II il Gotico - Foto Giovanni Dall'Orto, 25 Giu 2011.jpg|мини|220x220пкс|Императорот Клавдиј II]]
[[Податотека:Probus Musei Capitolini MC493.jpg|мини|222x222пкс|Марко Аврелиј Проб, римски император]]
[[Податотека:Istanbul - Museo archeol. - Diocleziano (284-305 d.C.) - Foto G. Dall'Orto 28-5-2006 (cropped enhanced).jpg|мини|195x195пкс|Императорот Диоклецијан]]
[[Податотека:Plotinos.jpg|мини|174x174пкс|Плотин, римски филозоф]]


* [[Александар Север]], римски император
* [[Александар Север]], римски император
Ред 141: Ред 148:


== Откритија ==
== Откритија ==

* [[Кочија насочена кон југ|Кочијата насочена кон југ]], механички уред на тркала кој делува како компас за насока, била изум на кинескиот инженер [[Ма Јун]].
* [[Чуг Лианг]] го пронашол летечкиот фенер - мал балон направен од хартија, со отвор на дното каде гори слаб оган кој го крева балонот во воздух. Се смета дека на почетокот се користел за воено сигнализирање.
* [[Повторувачки самострел|Повторувачкиот самострел]] или полуавтоматскиот самострел била подобрена верзија на модел кој првпат се појавил за време на [[Период на завојувани држави|Периодот на завојуваните држави]].
* Според некои извори [[Чуг Лианг]] измислил примитивен модел на [[мина]].   


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 12:49, 24 септември 2018

< II век III век IV век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

3 век започнал на 1 јануари 201 год., а завршил на 31 декември 300 год.

Во текот на овој век Римската империја се наоѓала во криза, што го означило почетокот на доцната антика.[1] Во Персија, Партијската империја била наследена од Сасанидската империја.[2] Во Индија, Кушанската империја била заменета со империјата Гупта.[3] Кина се наоѓала во периодот на Трите кралства.[4] Хунну ја формирале државата Сја под водство на Лиу Кубеи. Во Кореја владееле Трите кралства на Кореја. Јапонија била во периодот Кофун. Во југоисточна Азија постоеле група на слабо поврзани држави, наречени со заедничко име Фунан.

Во ова време во субсахарска Африка, експанзијата на Банту племињата дошла до јужна Африка.

Во предколумбиска Америка, културата Адена од долината на реката Охајо пропаднала, за на нејзино место да се развие Хоупвелската култура. Цивилизацијата на Маите во Средна Америка навлегла во својата класична ера.

Мапа на светот во 250 година.

Римската империја во 3 век

По смртта на царот Комод кон крајот на 2 век, Римската империја била втурната во граѓанска војна.[1] По завршетокот на војувањата, на тронот на империјата седнал императорот Септимиј Север, кој бил основоположник на династијата Севери.[1] За разлика од претходните римски цареви, тој отворено ја користел армијата за да го зајакне својот авторитет, а за таа цел ги наградувал со високи плати. Како резултат на тоа, режимот што тој го создал е познат како Воена монархија. Системот се распаднал во 230-тите години, по што следел турбулентен педесетгодишен период познат како Воена анархија или Кризата од третиот век. Овој период започнал со атентатот на 28-годишниот император Александар Север (последниот император на династијата Севери), а по него на власт се смениле дваесет цареви, од кои секој траел само неколку месеци. На мнозинството од овие цареви или им бил извршен атентат или биле убиени во тек на воени походи, а империјата речиси пропаднала под тежината на политичките нереди и зголемената персиска опасност на исток. Под новите Сасанидски владетели, Персија прераснала во ривалска суперсила, па Рим морал да направи драстични реформи со цел подобро да се подготви за конфронтација со овој ривал. Овие реформи конечно биле реализирани кон крајот на 3 век, во текот на владеењето на императорот Диоклецијан (284 – 305 год.).[1] Една од реформите била да се подели империјата на источна и западна половина, а секоја од нив да има посебен владетел.

Настани

Бањите на Каракала во Рим

Личности

Императорот Каракала
Јулија Домна
Императорот Александар Север
Императорот Клавдиј II
Марко Аврелиј Проб, римски император
Императорот Диоклецијан
Плотин, римски филозоф

Литература

Наука и филозофија

Откритија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 252–258.
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 295–298.
  3. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 304–306.
  4. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 308–315.