Ајдутство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
изменета категоризација
Ред 16: Ред 16:


[[Категорија:Ајдуци| ]]
[[Категорија:Ајдуци| ]]
[[Категорија:Турцизми]]

Преработка од 21:56, 23 септември 2018

Ајдутството претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор а се појавило во 16 век [1]. Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, а најмногу имало селани. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале.

Своите акции ги почнувале на пролет, а на есен се засолнувале кај своите јатаци. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно.

Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и јатаци биле јавно казнувани.

Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови и било опеано во многу ајдутски народни песни.

Ајдутството како тема во уметноста

Извори

  1. Историја на македонскиот народ, книга прва, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  2. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 42.