Антички Македонци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 36: Ред 36:


== Врски меѓу античките Македонци и денешните Македонци ==
== Врски меѓу античките Македонци и денешните Македонци ==
Повеќе [[македонски историчари|македонски]] и странски историчари и научници сметаат дека античките Македонци биле дел од етногенетскиот процес на создавањето на денешниот [[Македонци|македонски народ]] кој денес носи дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во голем дел од денешните [[Македонци]], историчарите ги поткрепуваат со низа антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази. Уште во 1871 година [[Димитар Македонски]] преку својот напис во весникот „Македонија“ го објаснил своето сфаќање за етногенезата на денешните Македонци со античките.<ref> Потврдени во повеќе дела на авторите: [[Драган Ташковски]], [[Александар Донски]], [[Наде Проева]], [[Јуџин Н. Борза]] (од [[САД]]) и др. </ref><ref>Точниот цитат е ... "''ќе се уверите дека Македонците не се цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците се се изгубиле од лицето на земјата Македонија''... "Лист за политика и книжевност“, Цариград, 16.02.1871; Билярски, Цочо. Из българския възрожденски печат от 70-те години на ХІХ век по македонския въпрос, Македонски преглед, год. ХХХІІІ, 2000, кн. 4, с. 114-115.</ref> Античко-македонски мотиви во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на [[1 март]] кој се слави во [[Пустец]] и селата во југо-западна [[Македонија]]), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот [[македонски јазик]], форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.
Се верува дека модерните македонци се потомци на античките македонци кој потоа се помешале со словенското племе склавини [[Македонци|македонски народ]] кој денес носи дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во голем дел од денешните [[Македонци]], историчарите ги поткрепуваат со низа антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази. Уште во 1871 година [[Димитар Македонски]] преку својот напис во весникот „Македонија“ го објаснил своето сфаќање за етногенезата на денешните Македонци со античките.<ref> Потврдени во повеќе дела на авторите: [[Драган Ташковски]], [[Александар Донски]], [[Наде Проева]], [[Јуџин Н. Борза]] (од [[САД]]) и др. </ref><ref>Точниот цитат е ... "''ќе се уверите дека Македонците не се цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците се се изгубиле од лицето на земјата Македонија''... "Лист за политика и книжевност“, Цариград, 16.02.1871; Билярски, Цочо. Из българския възрожденски печат от 70-те години на ХІХ век по македонския въпрос, Македонски преглед, год. ХХХІІІ, 2000, кн. 4, с. 114-115.</ref> Античко-македонски мотиви во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на [[1 март]] кој се слави во [[Пустец]] и селата во југо-западна [[Македонија]]), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот [[македонски јазик]], форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.


Голем број Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од [[Ѓорѓија Пулевски]], кој напишал и своевидна „Македонска Александрида“ (издадена од ИНИ, Скопје 2005) во која го опишал целиот живот на [[Александар Македонски]] во вид на интересни приказни на [[македонски јазик|македонски народен мијачки говор]]. Античко-македонското потекло на современите [[Македонци]] е силно изразено и потенцирано и во говорот на македонскиот национален деец [[Исаија Мажовски]] на бродот „Рицар“ во Украина, барајќи помош за Македонија од рускиот цар. Во повеќе македонски народни приказни и песни од XVIII, XIX и XX век се среќаваат античко-македонски мотиви или мотиви од животите на [[Филип Македонски|Филип]] и [[Александар Македонски]], сметани за македонски цареви. Славата на Античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци, Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.
Голем број Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од [[Ѓорѓија Пулевски]], кој напишал и своевидна „Македонска Александрида“ (издадена од ИНИ, Скопје 2005) во која го опишал целиот живот на [[Александар Македонски]] во вид на интересни приказни на [[македонски јазик|македонски народен мијачки говор]]. Античко-македонското потекло на современите [[Македонци]] е силно изразено и потенцирано и во говорот на македонскиот национален деец [[Исаија Мажовски]] на бродот „Рицар“ во Украина, барајќи помош за Македонија од рускиот цар. Во повеќе македонски народни приказни и песни од XVIII, XIX и XX век се среќаваат античко-македонски мотиви или мотиви од животите на [[Филип Македонски|Филип]] и [[Александар Македонски]], сметани за македонски цареви. Славата на Античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци, Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.

Преработка од 16:38, 8 август 2018

Шеснаесет-зрачното сонце со кралската розета во сончевата топка - симбол на античките Македонци и античкомакедонското кралство
Еден од претпоставените патишта на Аргеадите -основоположници на античкомакедонското кралство, од Аргос во Пелопонез, до Македонија.
Положба на локалните племиња преди експанзијата на античките Македонци.
Експанзијата на Античка Македонија до смрта на Филип II.

Античките Македонци (или Древни Македонци, Стари Македонци) биле древен народ од индоевропско потекло населен на територијата на регионот Македонија, чие име е добиено по нив. Македонија била центар на Македонската Империја. Тие зборувале на свој античкомакедонски јазик, за кој не се знае многу. Заклучокот за старомакедонскиот јазик не е јасен. Доказите не даваат уверлив заклучок за тоа дека јазикот бил грчки дијалект, туку посебен индоевропски јазик.[1]

Потеклото на античките Македонци

Македонски штит со сонце пронајден на локалитетот во Старо Бонче

Античките историчари, кои живееле во времето кога суштествувале античките Македонци трврдат дека античкиот македонски народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужен Балкан. Гнеј Трог Помпеј, еден од најголемите експерти по старомакедонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога старите Македонци биле поробени од Римјаните, вели “Македонците се од пелазгиски производ“ (Justin. VII, 1, 3). Најголемиот антички географ Страбон (63/64 г.п.н.е. – 24 г.н.е), пишува дека Тесалија (земја помеѓу античка Македонија и Елада) е населена со Пелазги и тоа во првиот век од нашата ера (Страбон, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со Елини (грци), туку со Пелазги- свои сонародници и пред 2000 години, после пропаста на Елада и Македонија. Херодот, античко-елински историчар пак пишува дека порано и цела Елада (Грција) била населена со Пелазги, но со доаѓањето на Елините во Атика (Пелопонез), Пелазгите били асимилирани во тој дел на Балканот, но сè уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-58), кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија. Во Елада сепак останале нехеленизирани Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Елада, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античко-римскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Тит Ливиј, книга XXX, стр. 29).

За античките Македонци постојат три етногенетички хипотези поставени од пројугословенските историчари во Македонија. Археолозите Никола Шелдаров и Виктор Лилчиќ, во нивната стручна книга "Кралевите на античка Македонија и нивните монети", даваат преглед на различните експертизи околу етничката природа на Палео-Македонците. Едната гласи дека се старогрчко племе, другата дека се припадници на тракиjскатта и илирската племенски заедници, и трета дека се нешто сосема посебно, некаков одделен етносупстрат составен од разни народи Пејонци, Пелагонци и Бриги. Првите две објаснувања кај нас се отфрлаат. Целокупната научна и мисловна енергија се насочува кон третата теза, со намера да се докаже дека сме посебен и прастар етникум. Нашиот познат професор Иван Микулчиќ застапува теза дека античките Македонци се производ на мешање на старогрчкото племе Дорјани, кои во 12 и 13 век п.н.е. се доселиле од Централна Европа во областа Епир (помеѓу денешна Грција и Албанија) и староседелците Пелазги - Трачко племе. Но, ваквите хипотези за некакво елинско потекло на античките Македонци, целосно ги негираат античките елински и римски историчари и хроничари. Демостен, Атињанин кој два пати ги предводел обединетите Елини во воените походи против Македонците за македонскиот крал Филип Втори Македонски тврди:“...не само што не е грк, ниту пак е поврзан со грците…” (Демостен, Филипика III). Според античките автори, Македонците и Елините не само што не биле ист народ, туку припаѓале и на различни раси, па сите опишуваат Елинска и Македонска Раса (види кај Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 / Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Titus Livius книга XXXI, стр. 44)

Македонска и Елинска раса

Македонците и Елините(Грците), самите антички елински (грчки) историчари ги представуваат како две различни раси (Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 ||| Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Livy's book XXXI.44)

Античко - македонското кралство

Античка Македонија била монархија со која владееле повеќе разни македонски кралски династии. За прв македонски крал се смета кралот Каран кој го основал македонското кралство во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.), а во повеќето книги како прв крал се сретнува и Пердика за кого се вели дека направил многу повеќе отоколку сите 7 кралеви кои владееле пред него. Најголем процут и територијално проширување, македонското кралство, доживеало за време на владеењето на Александар Македонски и неговиот претходник, татко му Филип II, кога македонското кралство се протегало на три континети од Македонија на запад, преку Персија се до Индија на исток и Египет на југ. Царството доживеало пропаст по Македонско-римските војни (215 - 148 п.н.е) кога целосно било освоено од Римската империја, а Македонија била поделена на 4 провинции под многу строг режим.

Античко-македонски јазик

Античките историчари и хроничари во своите пишани дела известуваат дека античките Македонци говореле посебен јазик, различен од Елините (Грците) и останатите соседни народи.

Како Акаранците, Македонците и Етолците не биле Eлини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. 29).

Еден од најголемите антички биографи на Александар Трети Велики, Плутарх, пишува дека Александар ги повикувал своите телехранители на македонски јазик (Плутарх, Алекс. стр. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен, стр. 14).

Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: "Царот најпрво го погледна Филота и рече: "Македонците решија да те судат". Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: "Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат". Потоа, царот рече: "Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик (Курциус Руфус, VI, c. 36).

Со најновите откритија на академик Томе Бошевски и професорот на ЕТФ Скопје др. Аристотел Тентов на јазикот на записот на Каменот од Розета, кој е фараонски указ од античко-македонската династаија Птолемеиди која владеела со Египет, е декодиран еден дел од античко македонскиот јазик. Откриениот текст на Каменот од Розета, кој е истражен според сите светски стандарди за дешифрирање на античките јазици, покажува неверојатно голема сличност со денешниот македонски јазик и повеќе други денешни словенски јазици. Според откриениот текст кој е пишуван од десно на лево, без интерпукциски знаци, покрај големиот број на исти и слични зборови со денешниот македонски и други словенски јазици, откриено е дека во античко македонскиот јазик постоеле 8 самогласки, кои се застапени во денешниот македонски јазик (5 од нив), повеќе македонски дијалекти и во литературниот словенечки јазик.

Национални симболи на античките Македонци

1. Македонскиот Лав Симболот на античко-македонската воена сила и надмоќ бил лавот. Во битака помеѓу Македонците и Елините кај Херонеја во 337 г.п.н.е., Македонците победиле и македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е сè уште зачуван. Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб и на современиот македонски народ, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.

2. Македонското Сонце Другиот национален антички македонски симбол било сонцето. И тој е задржан кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце, македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце, Знамето на Македонската Колонија од Петроград на Чуповски содржи сонце и коњот Букефал на Александар Македонски, како и мијачкото знаме. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот.

Врски меѓу античките Македонци и денешните Македонци

Се верува дека модерните македонци се потомци на античките македонци кој потоа се помешале со словенското племе склавини македонски народ кој денес носи дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во голем дел од денешните Македонци, историчарите ги поткрепуваат со низа антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази. Уште во 1871 година Димитар Македонски преку својот напис во весникот „Македонија“ го објаснил своето сфаќање за етногенезата на денешните Македонци со античките.[2][3] Античко-македонски мотиви во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на 1 март кој се слави во Пустец и селата во југо-западна Македонија), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот македонски јазик, форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.

Голем број Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од Ѓорѓија Пулевски, кој напишал и своевидна „Македонска Александрида“ (издадена од ИНИ, Скопје 2005) во која го опишал целиот живот на Александар Македонски во вид на интересни приказни на македонски народен мијачки говор. Античко-македонското потекло на современите Македонци е силно изразено и потенцирано и во говорот на македонскиот национален деец Исаија Мажовски на бродот „Рицар“ во Украина, барајќи помош за Македонија од рускиот цар. Во повеќе македонски народни приказни и песни од XVIII, XIX и XX век се среќаваат античко-македонски мотиви или мотиви од животите на Филип и Александар Македонски, сметани за македонски цареви. Славата на Античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци, Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.

Потомци на античките Македонци денес

Во планинскиот масив Хиндукуш во северниот дел на Пакистан, живее мала заедница позната под името Хунза или Бурушо за чии припадници се тврди дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Бурушо воопшто немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето. Јазикот на Хунзите (Бурушо) се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик. Според проф. Д-р Илија Чашуле бурушаскиот јазик има прасловенско потекло, со многу заеднички зборови и корен на зборовите со современиот македонски јазик.

Извори

  1. The Cambridge ancient history: The prehistory of the Balkans, the Middle East and the Aegean Worl, Volume 3, Part 1, p. 847, John Boardman
  2. Потврдени во повеќе дела на авторите: Драган Ташковски, Александар Донски, Наде Проева, Јуџин Н. Борза (од САД) и др.
  3. Точниот цитат е ... "ќе се уверите дека Македонците не се цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците се се изгубиле од лицето на земјата Македонија... "Лист за политика и книжевност“, Цариград, 16.02.1871; Билярски, Цочо. Из българския възрожденски печат от 70-те години на ХІХ век по македонския въпрос, Македонски преглед, год. ХХХІІІ, 2000, кн. 4, с. 114-115.

Поврзано

Надворешни врски