Месински Проток: Разлика помеѓу преработките

Координати: 38°14′45″N 15°37′57″E / 38.24583° СГШ; 15.63250° ИГД / 38.24583; 15.63250
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 67: Ред 67:


==Сообраќај==
==Сообраќај==
[[Податотека:101031 Italie sud 107.jpg|мини|десно|Бродски сообраќај преку протокот. Во позадината се гледа градот Месина.]]

Помеѓу [[Месина]] во Сицилија е поврзан со Апенинскиот Полуостров со [[траект]] до [[Вила Сан Џовани]], на неколку километри северно од [[Реџо Калабрија]]; на него се превезуваат и вагоните од железничката линија Палермо-Неапол. Помеѓу Месина до Реџо Калабрија сообраќа и [[хидроглисер]].
Помеѓу [[Месина]] во Сицилија е поврзан со Апенинскиот Полуостров со [[траект]] до [[Вила Сан Џовани]], на неколку километри северно од [[Реџо Калабрија]]; на него се превезуваат и вагоните од железничката линија Палермо-Неапол. Помеѓу Месина до Реџо Калабрија сообраќа и [[хидроглисер]].



Преработка од 13:22, 5 август 2018

Месински Проток
stretto di Messina
Поглед на протокот од планината Динамаре, Сицилија.
Местоположба на протокот
ПодрачјеТиренско МореЈонско Море
Координати38°14′45″N 15°37′57″E / 38.24583° СГШ; 15.63250° ИГД / 38.24583; 15.63250
Видпроток
Сливни земјиИталија
Населени местаМесина, Вила Сан Џовани, Реџо Калабрија, Шила

Месински Проток (италијански: stretto di Messina, сицилиски: strittu di Missina) — тесен проток помеѓу Сицилија и јужниот крај на Калабрија, јужна Италија. Го поврзува Тиренското Море на север со Јонското Море на југ. Широк 3,1 км во најтесниот дел меѓу Торе Фаро и Вила Сан Џовани, а 5,1 км кај градот Месина. Достигнува најголема длабочина од 250 м.

Протокот има силни плимни струи кои создале мошне својствен екосистем.[1] Во северниот дел се јавува природен вртлог, поврзан со старогрчката легенда за Сцила и Харибда.[2]

Во 1957 г. преку протокот е поставен далекувод од 220 kV, чии столбови се меѓуа највисоките во светот. Подоцна истиот е заменет со подводни кабли, но кулите се запазени како историски споменици.

Преселба на птиците

Месинскиот Проток го прелетуваат многу видови птици во нивната годишна преселба кон северна Европа. Поради стеснетиот облик на земјиштето, местото е минувалиште за дури 300 вида преселници, вклучувајќи 35.000 грабливки во пролетниот период.[3] Меѓу нив најчести се осојадот и блатната еја, а редовно летаат и планинскиот орел и египетскиот мршојадец. Во крајбрежните солени езера одмораат видови како црниот ибис, пламенецот (фламинго), долгоногата шлука и разни штркови. Динамаре и другите планини од венецот Пелоритани се особено погодни места за набљудување на птици во лет.

Морски видови

Поради посебните хидрогеолошки услови, протокот се одликува со голема биоразновидност и бројни ендемски видови. Мошне застапени се длабоководните риби како иглозабот кои повремено се насукуваат на брегот поради силните струи. Низ овие води се одвива и преселба на многу видови риби од Средоземното Море.

Сообраќај

Бродски сообраќај преку протокот. Во позадината се гледа градот Месина.

Помеѓу Месина во Сицилија е поврзан со Апенинскиот Полуостров со траект до Вила Сан Џовани, на неколку километри северно од Реџо Калабрија; на него се превезуваат и вагоните од железничката линија Палермо-Неапол. Помеѓу Месина до Реџо Калабрија сообраќа и хидроглисер.

Веќе неколку децении постои проект за изградба на мост преку протокот, поврзувајќи го Апенинскиот Полуостров со Сицилија. Последенп пат овој проект е заживеан во 2000-тите, но откажан во февруари 2013 г.[4]

Поврзано

Наводи

  1. TheSanti63 (2010-08-25). „Correnti nello Stretto di Messina“.
  2. Andrews, Tamra (2000). Dictionary of Nature Myths: Legends of the Earth, Sea, and Sky. Oxford University Press. стр. 171. ISBN 978-0-19-513677-7. Посетено на 25 May 2016.
  3. Corso, Andrea. „European Birding Hot Spot: The Strait of Messina, southern Italy“. www.surfbirds.com.
  4. Sicily to get longest bridge from TimesOnline. посет. 8 март 2009 г.

Надворешни врски