Алберт Сониксен: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 36 бајти ,  пред 4 години
с
нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Алберт Сониксен е роден на 5 мај 1878 година во [[Сан Франциско]]. На 21 години во 1899 година заминал како учесник во американска експедиција за [[Филипините]], каде што поминал на страната на бунтовничките локални племиња. Во 1901 година во [[Њујорк]] ја објавил својата прва книга со спомени од оваа авантура.
[[Податотека:Albert Sonikson macedonia.jpg|лево|мини|250п|Обиколката на Алберт Сониксен во Македонија.]]
По [[Илинденското востание]] се заинтересиранал за народоослободителната борба на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] во [[Отоманската империја]]. Се поврзал со македонските емигранти во [[САД]] и како секретар на Македонскиот комитет во [[Њујорк]] одлучил да ја посети [[Македонија (регион)|Македонија]].
 
Во периодот помеѓу 1904-1906 комуницирал исклучиво со револуционери од [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], од февруари до ноември 1906 ја обиколувал Македонија со организациски чети како дописник на англиски и американски весници. Имал средби со: [[Лука Иванов]], [[Апостол Петков]], [[Сава Михајлов]], [[Георги Сугарев]] и [[Даме Груев]]. Станал сведок на нападите извршени од страна на грчките андартски чети во текот на [[Борба за Македонија|грчката вооружена пропаганда во Македонија]], а во 1907 година по враќањето во Америка продолжил да ја брани каузата на македонските револуционери. Во 1909 година ги објавил своите спомени од престојот во [[Ениџевардарско езеро|Ениџевардарското езеро]] и [[Битола]] во книгата "[[Исповед на еден македонски четник]]".
3.880

уредувања

Прегледник