Иван Перишиќ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6: Ред 6:
| cityofbirth = {{роден во|Сплит|}}
| cityofbirth = {{роден во|Сплит|}}
| countryofbirth = [[Хрватска]]
| countryofbirth = [[Хрватска]]
| currentclub = {{Fb team Wolfsburg}}
| currentclub = {{Fb team Inter}}
| clubnumber = 9
| clubnumber = 44
| position = [[Среден ред (фудбал)|Среден ред]]
| position = [[Среден ред (фудбал)|Среден ред]]
| youthyears1 = | youthclubs1 = [[ФК Хајдук Сплит]]
| youthyears1 = | youthclubs1 = [[ФК Хајдук Сплит]]
Ред 15: Ред 15:
| years4 = 2011-2013 | caps4 = 42 | goals4 = 9 | clubs4 = [[ФК Борусија Дортмунд|Борусија Дортмунд]]
| years4 = 2011-2013 | caps4 = 42 | goals4 = 9 | clubs4 = [[ФК Борусија Дортмунд|Борусија Дортмунд]]
| years5 = 2013- | caps5 = 44 | goals5 = 12 | clubs5 = [[ВФЛ Волфсбург|Волфсбург]]
| years5 = 2013- | caps5 = 44 | goals5 = 12 | clubs5 = [[ВФЛ Волфсбург|Волфсбург]]
| years6 = 2015– | clubs6 = [[ФК Интер|Интер]] | caps6 =103 | goals6 = 29
| years6 = 2015– | caps6 =103 | goals6 = 29 | clubs6 = [[ФК Интер|Интер]]
| nationalyears1 = 2011- | nationalcaps1 = 55 | nationalgoals1 = 16 | nationalteam1 = {{flagicon|Хрватска}} [[Фудбалска репрезентација на Хрватска|Хрватска]]
| nationalyears1 = 2011- | nationalcaps1 = 55 | nationalgoals1 = 16 | nationalteam1 = {{flagicon|Хрватска}} [[Фудбалска репрезентација на Хрватска|Хрватска]]
| pcupdate = 6 јануари 2012
| pcupdate = 6 јануари 2012
Ред 21: Ред 21:
}}
}}


'''Иван Перишиќ''' (роден на 2 февруари, 1989 во [[Сплит]]) е [[Хрватска|хрватски]] [[фудбалер]] од средниот ред кој игра за германскиот [[Бундеслига]]ш [[ВФЛ Волфсбург|Волфсбург]].
'''Иван Перишиќ''' (роден на 2 февруари, 1989 во [[Сплит]]) е [[Хрватска|хрватски]] [[фудбалер]], играч од средниот ред на [[ФК Интер|Интер]] и на [[Фудбалска репрезентација на Хрватска|хрватската репрезентација]].


== Кариера ==
== Кариера ==
Ред 66: Ред 66:
{{Состав на Хрватска на Светското првенство 2014}}
{{Состав на Хрватска на Светското првенство 2014}}
{{Состав на Хрватска на Европското првенство 2016}}
{{Состав на Хрватска на Европското првенство 2016}}
{{Состав на Хрватска на Светското првенство 2018}}


{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Перишиќ, Иван}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Перишиќ, Иван}}

Преработка од 22:04, 19 јуни 2018

Хрватска Иван Перишиќ
Лични податоци
Роден на 2 февруари 1989(1989-02-02)(35 г.)
Роден во Сплит, Хрватска
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер Интер
Број 44
Младинска кариера
ФК Хајдук Сплит
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2009 Сошо 0 (0)
2009Роселар (позајмен) 18 (5)
2009-2011 Клуб Бриж 70 (31)
2011-2013 Борусија Дортмунд 42 (9)
2013- Волфсбург 44 (12)
2015– Интер 103 (29)
Репрезентација
2011- Хрватска Хрватска 55 (16)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Иван Перишиќ (роден на 2 февруари, 1989 во Сплит) е хрватски фудбалер, играч од средниот ред на Интер и на хрватската репрезентација.

Кариера

Рани години

На возраст од само 17 години, Перишиќ заработил голема количина на интерес од голем број на клубови, вклучувајќи ги екипите на Андерлехт, ПСВ, Ајакс, Трабзонспор и Хамбургер, пред тој на крајот да потпише за францускиот клуб Сошо. Тој се пресели во Франција од екипата на Хајдук Сплит во која дошол на единаесет-годишна возраст во 2000 година. Во Сплит тој бил наречен од страна на некои новинари "новиот Асановиќ" - по познатиот хрватски играч од средниот ред кој исто така играше во Франција. Од 2007 до јануари 2009 година, Перишиќ настапуваше за резервниот тим на Сошо, но не добил можност за деби во првиот тим.

Роселар

Во 2009 година Перишиќ бил испратен на позајмица во белгискиот прволигаш Роселар, со цел да собере играчко искуство. Тој одиграл половина сезона во која бил многу успешен постигувајќи 5 гола на 18 лигашки настапи.

Клуб Бриге

По успешната полу-сезона во Белгија тој им оставил многу силен впечаток на челниците на еден од водечките клубови во лигата, Клуб Бриге. На 26 август 2009 официјално го комплетира својот трансфер од Сошо за сума од 250,000 и потпишувајќи три годишен договор со Бриге.

Своето деби за новиот тим го имал на 13 септември 2009 против екипата на Генк, во натпревар што завршил нерешено 1-1, а токму тој го постигнал израмнувачкиот погодок за својот тим во 45-тата минута. Сезоната ја завршил со 9 постигнати гола во 33 првенствени настапи.

Во следната сезоната Перишиќ го покажал сиот свој талент постигнувајќи 22 првенствени гола за Бриге, вклучувајќи ги и четирите против Шарлероа во победата со 5-0. Перишиќ воедно бил најдобар стрелец во Белгиската Јупилер лига за сезоната 2010-2011, а истотака бил избран и за играч на сезоната во Белгија. Сепак, слабото четврто место на Бриге во првенството не ги задоволува апетитите на Перишиќ и тој решил да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Борусија Дортмунд

На 23 мај 2011 Перишиќ потпишал пет-годишен договор со тогашниот шампион на Германија, екипата на Борусија Дортмунд за сума од 5.5 милиони .

Своето деби за популарните милионери Перишиќ го имал во победата на домашен терен над Хамбургер со 3-1, кога се појавил како замена на местото на Крис Леве. Својот дебитантски погодок за Дортмунд го постигнал во Лигата на шампионите, прекрасен волеј удар од 17-тина метри со кој го израмнил резултатот на 1-1 против Арсенал, што на крајот се испостави и како конечен резултат. Десетина дена подоцна тој го постигнал својот првенец и во Бундеслигата, одново да го израмни резултатот на 1-1, овојпат против екипата на Мајнц во нивната победа во гости со 2-1. Тој одново се впишал меѓу стрелците во гостински натпревар кај Вердер во Бремен на 14 октомври, што Дортмунд го добил со 2-0. Во истиот натпревар тој бил исклучен од игра поради добивање на втор жолт картон на почетокот од второто полувреме (47 минута). Неговата серија на голови продолжи во вториот месец од новата 2012 година кога постигнал погодок во Купот на Германија. На 26 февруари постигнал гол во последните моменти од натпреварот за ја завери победата на својот тим над Хановер од 3-1. За прв пат по доаѓањето во Германија тој врзал голови во два натпревари едно-подруго кон крајот на март, кога ги затресол мрежите на Келн и на Штутгарт на 25 и на 30 март. По завршувањето на сезоната (2011-12), Борусија ги освоила титулите во Бундеслигата и Купот на Германија, па така и Перишиќ дошол до својте први тимски титули во кариерата.

Во новата сезона, Перишиќ постигнал два гола во поразот со 3-2 од Хамбургер на 22 септември 2012. Сепак, наскоро можностите за играње во почетниот тим на Перишиќ станале ограничени, а откако одиграл мал број на натпревари како стартер, тој изјавил за хрватскиот канал Нова ТВ дека не добил поддршка од Јирген Клоп и го обвинил својот тренер за фаворизирање на други играчи.[1] Како одговор на тоа, Клоп ги критикувал неговите детски постапки и изјавил дека Перишиќ ќе се соочи со парична казна, поради неговиот коментар.[2]

Волфсбург

На 6 јануари 2013 година, бил објавен трансферот на Перишиќ во Волфсбург за 8.000.000 €. Перишиќ го постигнал својот прв гол за Волфсбург во пријателски натпревар против Стандард Лиеж на 10 јануари. Тој го направил своето деби во официјален натпревар за Волфсбург против Штутгарт на 19 јануари 2013. Во март, Перишиќ заработил повреда на левото коленото која го натерала да ги пропушти сите натпревари во текот на март и април.[3] Перишиќ се вратил во акција на почетокот на мај за натпреварот против Хамбургер, влегувајќи како замена и асистирал за израмнувачкиот гол на Макото Хасебе во 65-тата минута. На 11 мај 2013 година, тој се соочил со неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд и постигнал два гола на домашен терен во ремито 3-3.

На 3 август 2013 година, тој го постигна својот прв гол во Купот на Германија за Волфсбург во нивната победа со 3-1 над Карлсруе.[4] На 26 октомври 2013 година, Перишиќ ја отворил својата сметка на првенствени голови за сезоната (2013-14), откако го постигнал третиот и последен гол во победата над Вердер Бремен со 3-0, а исто така и му асистирал на сонародникот Ивица Олиќ при постигнувањето на вториот гол во истиот натпревар.[5] Тој постигнал два гола во победата со 4-1 над Нирнберг.[6] Перишиќ ја завршил добрата сезона како втор стрелец на клубот со 10 постигнати гола 4 помалку од Олиќ. Тоа се одразило и на клубот кој завршил на 5. место во Бундеслигата, со еден бод помалку од Баер Леверкузен кој обезбедил место во квалификациите за Лигата на шампионите.

Титули

Германија Борусија Дортмунд

Надворешни врски

Наводи

  1. „Borussia Dortmund hold contract extension talks with Marcel Schmelzer“. Sky Sports. 16 November 2012. Посетено на 12 February 2013.
  2. „Klopp: Perisic should keep his mouth shut“. Goal.com. 17 November 2012. Посетено на 11 February 2013.
  3. „Wolfsburg forward Ivan Perisic to miss 4 weeks after injuring left knee in Bundesliga match“. Winnipeg Free Press. Посетено на 27 April 2013.
  4. Http://www.sofascore.com/karlsruher-sc-vfl-wolfsburg/zabsdbb
  5. http://www.whoscored.com/Matches/723826/Live/Germany-Bundesliga-2013-2014-Wolfsburg-Werder-Bremen
  6. http://www.whoscored.com/Matches/724028/Live/Germany-Bundesliga-2013-2014-Wolfsburg-Nurnberg