Стефан Дечански: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 39: Ред 39:


[[Категорија:Династија Немањиќ]]
[[Категорија:Династија Немањиќ]]
[[Категорија:Македонија во средниот век]]
[[Категорија:Српски монарси]]
[[Категорија:Србија во средниот век]]
[[Категорија:Европски монарси од 14 век]]
[[Категорија:Христијански светци од 14 век]]
[[Категорија:Српски светци]]
[[Категорија:Православни монарси]]
[[Категорија:Погреби во црквата Свети Архангел Михаил (Белград)]]

Преработка од 12:40, 14 јуни 2018

Стефан Дечански
Фреска на кралот Стефан Дечански со манастирот Високи Дечани
Крал на Србија
На престол1322–1331
Крунисување6 јануари 1322
ПретходникСтефан Константин
НаследникСтефан Душан
Роден(а)пред 1282
Починал(а)11 ноември 1331(1331-11-11) (возр. 46)
Звечан
Почивалиште
ДецаСтефан Урош IV Душан
Симеон Урош
ДинастијаНемањиќ
ТаткоСтефан Урош II Милутин
МајкаЕлена
ВероисповедПравославие
ПотписCoins

Стефан Дечански (ок. 1285 – 11 ноември 1331) бил српски крал, син на Стефан Урош II Милутин.

За време на неговата младост, неговиот татко бил приморан да го испрати како заложник на татарскиот кан Ногај, кај кого останал до 1299. Од 1309 година станал управник на Зета. Во 1314 година, учествувал во неуспешната побуна на аристократијата од Зета против Милутин. Стефан Дечански бил заробен, делумно ослепен и изгонет во Константинопол, каде што останал под заштита на Андроник II. Пред смртта, Милутин дозволил Стефан Дечански да се врати во Србија.

Манастирот Високи Дечани

Стефан прво се оженил со Теодора, ќерката на бугарскиот цар Смилец. После, нејзината смрт се оженил по втор пат, со Марија Палеологина, ќерката на паниперсевастот Јован Палеолог. За време на граѓанската војна во Византија помеѓу Андроник II и Андроник III, Стефан го поддржал стариот император. Како резултат на тоа, Стефан се нашол во опасна ситуација по поразот на Андроник II во 1328, а особено откако Андроник III формирал сојуз со бугарскиот цар Михаил III Шишман. Сепак, истата година Стефан успеал да ја победи бугарската армија кај Велбужд.

Набрзо потоа, Стефан Дечански бил заробен од неговиот син Стефан Душан и одведен во Звечан, каде наскоро починал.