Славонски Брод: Разлика помеѓу преработките

Координати: 45°10′N 18°01′E / 45.167° СГШ; 18.017° ИГД / 45.167; 18.017
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 161: Ред 161:
[[Категорија:Населени места во Бродско-посавската жупанија]]
[[Категорија:Населени места во Бродско-посавската жупанија]]
[[Категорија:Славонија]]
[[Категорија:Славонија]]
[[Категорија:Поделени градови]]

Преработка од 15:39, 1 јуни 2018

Славонски Брод
Главниот плоштад
Главниот плоштад
Грб на Славонски Брод
Славонски Брод is located in Хрватска
Славонски Брод
Славонски Брод
Локација во Хрватска
Координати: 45°10′N 18°01′E / 45.167° СГШ; 18.017° ИГД / 45.167; 18.017
ДржаваХрватска
ЖупанијаБродско-посавска
Управа
 • ГрадоначалникMирко Дуспара
Површина
 • Градска50,27 км2 (1,941 ми2)
Надм. вис.&1000000000000009200000092 м
Население (2011)[1]
 • Градско53.131
 • Густина11/км2 (27/ми2)
 • Метро59.141
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Postal code35000
Повик. бр.035
Мреж. местоOfficial website

Славонски Брод (хрватски: Slavonski Brod) — град во Хрватска и административен центар на Бродско-посавска жупанија. Според првичните резултати од пописот 2011, во градот живееле 59.507 жители, а во самото населено место живееле 53.473 жители. Славонски Брод е најголем и најзначаен град во Славонија.

Географија

Славонски Брод се наоѓа на северниот брег на реката Сава, на границата со Босна и Херцеговина и е центар на Бродско-посавска жупанија. Претставува раскрсница на главните сообраќајни правци во правец запад-исток и север-југ. Низ Брод поминува и железничка пруга и автопат кој ја поврзува Западна Европа со Блискиот Исток, а на реката Сава има мост кој ја спојува Хрватска со Босна преку официјален граничен премин. Градот е сместен на пола пат помеѓу Загреб и Белград, на крајниот југ на Панонската Рамнина, помеѓу Бродско Брдо на север и реката Сава на југ. Пловниот пат на реката се користи уште од римско време, а паралелно со реката Сава, денес, низ славонската рамнина се простира и нафтовод.

Историја

Населба на овој дел од Хрватска постоела уште во праисториско време, благодарениe на поволната географска положба, умерената континентална клима, плодната почва и близината на реката. Градот го доби името Брод кое на почетокот значело место на кое се прегазува реката, а после и средство за остварување на истото.

На североисточниот дел на градот, на локалитетот Галово, не многу одамна е откриено богато наоѓалиште на античка култура од раното камено време. Освен фактот дека се работи за најголемото наоѓалиште од каменото време на подрачјето на Северна Хрватска, исклучително е значајно да се нагласи дека пронајдените остатоци го потврдуваат 8.000 години старото населување на Брод.

Денес Славонски Брод е сообраќаен град на автопатот кој ја поврзува Средна и Западна Европа со Мала Азија. Како административен центар на жупанијата и индустриски центар, Славонски Брод и понатаму расте и се развива, поготово во последните десетина години.

Население

Град Славонски Брод

Број на жители според попис

Националност 2001. 1991. 1981. 1971. 1961. 1953. 1948. 1931. 1921. 1910. 1900. 1890. 1880. 1869. 1857.
бр. становника 64.612 57.229 49.153 40.043 30.093 23.116 20.196 19.203 13.729 13.193 9.627 6.940 5.872 4.775 4.015


Славонски Брод (населено место)

Број на жители според попис

Националност 2001. 1991. 1981. 1971. 1961. 1953. 1948. 1931. 1921. 1910. 1900. 1890. 1880. 1869. 1857.
бр. становника 58.642 55.683 47.583 38.705 28.810 21.858 16.681 15.827 11.199 10.651 7.532 4.968 4.433 3.362 2.736

Образование

Денес во Славонски Брод поштои Машински факултет, Висока учителска школа, осум средни и единаесет основни училишта. Од установите на претшколска возраст, во градот постојат седум детски градинки, Центар за рехабилитација на деца со попречен развој и една Музичко-јазична работилница. Стапката на неписмени е ниска во однос на вкупниот број на жители. Најголемиот број на неписмени се старите лица.

Поврзано

Наводи

  1. „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Славонски Брод“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.

Надворешни врски