Разлика помеѓу преработките на „Свети Кирил и Методиј“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Етничка припадност на - Македонска и област каде ја започнуваат мисијата - Македонија.
(Етничка припадност на - Македонска и област каде ја започнуваат мисијата - Македонија.)
'''[[Св. Кирил Солунски|Св. Кирил]] и [[Св. Методиј Солунски]]''' се родени браќа од [[Солун]],од угледно и богато [[Византија|византиско]] семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, [[Св. Методиј Солунски|Методиј]], како офицер помина десет години меѓу [[Македонски Словени|македонските Словени]]. Потоа се оддалечи на гората [[Олимп]] и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил ([[Константин Филозоф]]). '''Кирил и Методиј''', познати како [[солун]]ските браќа просветители, имаат голема улога во [[Словени|словенската]] историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.
[[Податотека:Kiril and Metodij - Skopje.JPG|thumb|left|175px|Споменик на Св. Кирил и Методиј близу [[Камен мост (Скопје)|Камениот мост]] во [[Скопје]]]]
Во почетокот на [[9 век|IX век]] била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западнаобласта [[Бугарија]]Македонија. Во тоа време [[Византија|Византиската Империја]] доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од [[Цариград]], посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејаснамакедонска. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.
 
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во [[христијанство]]то, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети [[Григориј Назијанзин]] и на [[Дионисиј Аеропагитски]]. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во [[император]]ското [[Магнаурско училиште]], каде, освен [[Богословија|богословските]] науки, се изучувале и [[граматика]], [[аритметика]], [[географија]], [[астрономија]], [[музика]], [[поезија]], [[реторика]]. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - [[латински јазик|латински]], [[еврејски јазик|еврејски]] и [[Сириски јазик|сириски]]. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата [[Света Софија (црква)|Света Софија]], а потоа бил поставен за професор по [[филозофија]] во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај [[Сарацените]] ([[Арапите]]) во [[Багдад]], која како и [[Хазарската]] и [[Моравска мисија|Моравската мисија]] претставувале дел од политичката програма на [[Византија]], чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, [[Бугарите]], [[Русите]] и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во [[Исус Христос]], тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во [[Цариград]], каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.
 
На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за [[Рим]], каде што Кирил се разболе и умре, на [[14 февруари]] [[869]] година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу [[Словени]]те. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на [[6 април]] [[885]] година - неговите ученици Петочисленици, на чело со [[Свети Климент Охридски]] како епископ, го преминаа [[Дунав]] на сплав "од три липови дрвја" и пристигнаа во [[Белград|Белград.]], тогаш во Бугарија. Началникот на Белград, ги испрати при царот [[Борис I]].
[[Свети Наум]] остана во главниот град на Бугарија и ги постави основите на [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]], а Климент е испратен во областа [[Кутмичевица]], на југ во [[Македонија]], каде што од [[Охрид]] продолжи да работи меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.
 
 
== Галерија ==
<gallery align="center">
File:Памятник Кириллу и Мефодию.jpg|Споменик во [[Мурманск]], Русија
File:Ciril Metod Ohrid.jpg|Споменик во [[Охрид]], Македонија
Анонимен корисник

Прегледник