Љубомир Фрчкоски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 91: Ред 91:
[[Категорија:Македонски политичари]]
[[Категорија:Македонски политичари]]
[[Категорија:Професори од Македонија]]
[[Категорија:Професори од Македонија]]
[[Категорија:Родени во Скопје]]
[[Категорија:Луѓе од Скопје]]
[[Категорија:Скопјани]]
[[Категорија:Скопјани]]
[[Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1991]]
[[Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1991]]

Преработка од 06:14, 19 мај 2018

Љубомир Данаилов Фрчкоски
Министер за внатрешни работи
На должноста
10 јануари 1992 – 23 февруари 1996
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Јордан Мијалков
Наследник Томислав Чокревски
Министер за надворешни работи
На должноста
23 февруари 1996 – 29 мај 1997
Претходник Стево Црвенковски
Наследник Благоја Ханџиски
Лични податоци
Роден(а) 2 декември 1957
Скопје, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед Православен христијанин
Прекар Фрчко

Љубомир Данаилов Фрчкоски, (роден на 2 декември 1957 во Скопје), е македонски политичар. Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи и Современи политички теории на Правниот факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј- Скопје, Република Македонија.

Љубомир Фрчкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.

Политичка биографија

Во периодот од 1991 до 1997 година бил министер во владата на Бранко Црвенковски. Така, до 1992 година бил министер без ресор, од 1992 до 1996 бил Министер за внатрешни работи, од 1996 до 1997 година Министер за надворешни работи.

Од 2000 до 2001 година, Фрчкоски бил именуван на функцијата извршен директор на Фондацијата за стратегиски истражувања Киро Глигоров. Освен ова, тој бил и Советник на Претседателот на Република Македонија за уставни прашања и прашања од областа на човековите права од 2000 година, како и кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија на изборите одржани на 22 март 2009.[1]

Научно-истражувачка дејност

Фрчкоски бил еден од експертите вклучени во подготовката на Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991, како и на амандманите на Уставот од 2001 година. Од 1994 година, тој бил член на IFRI, Францускиот Институт за меѓународни односи.

Фрчкоски, исто така е член на Асоцијацијата за меѓународно право- Скопје и. поранешен генерален секретар на Форумот за човекови права. Во 2002 година, бил избран за член на ECRI при Советот на Европа.

Дел од библиографијата на трудови

  1. Меѓународно јавно право, Фитко (1991)[2]
  2. Тези за политичкиот плурализам и правната држава во Македонија, Погледи 1 (1991)
  3. Меѓународно јавно право (учебник, монографија) Табернакул (1994)
  4. Меѓународно право за правата на човекот, Фондација Институт Отворено Општество Македонија (2001)
  5. ЕУ политика: меѓу принципите и Балканската пракса, Венецијанска Комисија- Совет на Европа (2001)
  6. Современи политички теории, Форум (2003)
  7. Меѓународно право за правата на човекот, второ дополнето издание, Магор (2005)[3]
  8. Стекување и независност на Република Македонија, МАНУ- Зборник на АСНОМ (2005)
  9. Преговарање во конфликт на идентитети, Темплум (2007)

Наводи

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Јордан Мијалков
Министер за внатрешни работи на Македонија
1992–1996
Наследник
Томислав Чокревски
Претходник
Стево Црвенковски
Министер за надворешни работи на Македонија
1996–1997
Наследник
Благоја Ханџиски