Фудбалски куп на Италија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 6: Ред 6:
| основана = 1922
| основана = 1922
| клубови = 78
| клубови = 78
| шампиони = {{Fb team Juventus}} (12-та титула)
| шампиони = {{Fb team Juventus}} (13-та титула)
| нај_титули = {{Fb team Juventus}} <br /> (12 титули)
| нај_титули = {{Fb team Juventus}} <br /> (13 титули)
| сезона = [[Фудбалски куп на Италија 2016-2017|2016–2017]]
| сезона = [[Фудбалски куп на Италија 2017-2018|2017–2018]]
| вебсајт = [http://www.legaseriea.it/it/tim-cup Куп на Италија]
| вебсајт = [http://www.legaseriea.it/it/tim-cup Куп на Италија]
| трофеј = [[Податотека:Coccarda Coppa Italia.svg|60px]]
| трофеј = [[Податотека:Coccarda Coppa Italia.svg|60px]]
| моментална = [[Фудбалски куп на Италија 2016-2017]]
| моментална = [[Фудбалски куп на Италија 2017-2018]]
}}
}}


Ред 124: Ред 124:
*[[Фудбалски куп на Италија 2015-2016|2015–16]] – {{Fb team Juventus}} (11)
*[[Фудбалски куп на Италија 2015-2016|2015–16]] – {{Fb team Juventus}} (11)
*[[Фудбалски куп на Италија 2016-2017|2016–17]] – {{Fb team Juventus}} (12)
*[[Фудбалски куп на Италија 2016-2017|2016–17]] – {{Fb team Juventus}} (12)
*[[Фудбалски куп на Италија 2017-2018|2017–18]] – {{Fb team Juventus}} (13)
{{EndMultiCol}}
{{EndMultiCol}}
|}
|}
Ред 131: Ред 132:
! Клуб !! Број на титули
! Клуб !! Број на титули
|-
|-
|{{Fb team Juventus}}||12
|{{Fb team Juventus}}||13
|-
|-
|{{Fb team Roma}}||9
|{{Fb team Roma}}||9

Преработка од 23:11, 9 мај 2018

Куп на Италија
ЗемјаИталија Италија
Основана1922
Број на клубови78
Тековен првакЈувентус Јувентус (13-та титула)
(2017–2018)
Најмногу титулиЈувентус Јувентус
(13 титули)
Трофеј
Фудбалски куп на Италија 2017-2018

Фудбалскиот куп на Италија (или познат по тамошното име Coppa Italia) е национален куп во фудбал на Италија. Прв пат натпреварувањето е одржано во 1922, но друго вакво натпреварување не е одржано све до 1936.

Најуспешен клуб е Јувентус со 11 титули. Рома од сите клубови има одиграно најмногу финалиња, дури 17, потоа следи Јувентус со 15 финалиња. Торино е клубот кој има најмногу загубени финалиња (осум).

Победникот во Купот на Италија добива место во европските турнири, поточно во Лигата на Европа. Клубот кој ќе ја освои Копа Италија 10 пати, ќе биде награден со сребрена ѕвездичка, слично како и тимот кој ќе го освои 10 пати Скудетото што добива златна ѕвезда. Со титулата во 2015, екипата на Јувентус ја освоила првата сребрена ѕвезда во италијанскиот фудбал. На екипата на Рома и недостасува уште еден наслов до ѕвездата.

Ова натпреварување е познато и по подпросечната посетеност, затоа што повеќето екипи не играат со своите најдобри играчи во поголемиот дел од турнирот. Додека во Серија А, клубовите имаат и до 50.000 навивачи на натпревар, во купот едвај се собираат околу 30.000. Најмногу гледачи има во завршницата на турнирот, кога екипите се борат за влез во Европа, поточно во Лигата на Европа.

Формат

Натпреварувањето е нокаут турнир каде секоја победа ве води коло напред. Самиот жреб се објавува на почетокот уште пред да биде одигран ниту еден натпревар. Освен во полуфиналето каде се играат и реванш натпревари секое друго коло има само еден натпревар. Ако екипите одиграат нерешено се играат продолженија, а ако и во нив не се добие победник, се изведуваат пенали. Всушност турнирот е составен од две фази, каде во секоја има по четири рунди.

Турнирот започнува во август и во првата рунда учествуваат екипите од пониските лиги. Најдобрите осум клубови од Серија А од претходната сезона се приклучуваат во осминафиналето, а останатите 12 во третото коло. Финалето се игра по завршувањето на првенствата.

Фаза Рунда Клубови
останати
Клубови
вклучени
Победници од
претходната рунда
Ново влезени
во оваа рунда
Лигите од кој влегуваат клубовите во оваа рунда
Прва фаза Прва рунда 78 36 нема 36 Екипи од Лега Про и Серија Д
Втора рунда 60 40 18 22 Серија Б
Трета рунда 40 32 20 12 Послабо рангираните екипи од Серија А од претходната сезона
Четврта рунда 24 16 16 нема никој
Втора фаза Осминафинале 16 16 8 8 Виско рангираните екипи од Серија А
Четвртфинале 8 8 8 нема никој
Полуфинале 4 4 4 нема никој
Финале 2 2 2 нема никој

Досегашни победници

Куп на Италија

Најмногу титули

Клуб Број на титули
Јувентус Јувентус 13
Рома Рома 9
Интер Интер 7
Фјорентина Фјорентина 6
Лацио Лацио 6
Торино Торино 5
Милан Милан 5
Наполи Наполи 5
Сампдорија Сампдорија 4
Парма Парма 3
Болоња Болоња 2
Вадо 1
Џенова Џенова 1
Венеција Венеција 1
Аталанта Аталанта 1
Виченца Виченца 1

Надворешни врски