Втора заливска војна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 55: Ред 55:
[[Категорија:Судири во 2006 година]]
[[Категорија:Судири во 2006 година]]


[[Категорија:Конфликти во 2007 година]]
[[Категорија:Судири во 2007 година]]


[[Категорија:Конфликти во 2008 година]]
[[Категорија:Конфликти во 2008 година]]

Преработка од 13:25, 6 мај 2018

Втора заливска војна
Датум 20 март 2003 – до денес
Место Ирак
Исход Се уште нема резултат
Завојувани страни
САД САД Ирак Ирак под Садам Хусеин
Ал Каеда во Ирак
Команданти и водачи
САД Барак Обама
САД Џорџ В. Буш
САД Џорџ В. Касеј
Ирак Тарик Азис
Ирак Садам Хусеин
Сила
1,355,000 + 100,000 +
Жртви и загуби
18,795 убиени 100,000 + убиени

Втората заливска војна е меѓународен конфликт меѓу Ирак и комбинираните сили на трупите од САД и Велика Британија со помали контингенти од многу други држави.

Трговското ембарго и процесот на инспекција на оружјето, кои ОН му ги наметнаа на Ирак по Заливската војна (1990-1991), делумно беше во суспензија до 2001 година. Американскиот претседател Џорџ Буш тврдеше дека нападите во САД од 11 септември истата година ја нагласуваат заканата за безбедност на САД предизвикана од непријателските земји како што е Ирак. Охрабрени од Буш и од британскиот премиер Тони Блер, ОН ја издадоа резолуцијата 1441 на Советот за безбедност во ноември 2002 година, со која бараше Ирак повторно да ги прими инспекторите за оружје и да ги исполни барањата на сите други претходни резолуции. Иако Ирак повторно ги прими инспекторите, Буш и Блер на почетокот на 2003 година (и покрај противењата на многу светски лидери), прогласија дека Ирак продолжува да ги спречува инспекциите на ОН и дека во земјата сè уште се наоѓаат резерви на забрането оружје. На 20 март, без барање за други резолуции на ОН, САД и Британија (со симболично учество од другите земји) лансираа серија воздушни напади кон Ирак, по што следуваше копнена инвазија. Ирачките воени и паравоени сили за кратко време беа поразени; на 9 април, американските сили ја презедоа контролата над главниот град Багдад, а британските сили ја комплетираа нивната окупација на јужниот град Ал-Басра на истиот ден. За неколку дена сите поголеми градови беа освоени и до 1 мај големите воени операции беа комплетирани. Герилските напади на окупаторските сили продолжија понатаму, стопирајќи ја обновата Ирак.[1]

Наводи

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 161