Бучин: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°16′26″N 21°19′00″E / 41.27389° СГШ; 21.31667° ИГД / 41.27389; 21.31667
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 88: Ред 88:


== Општествени институции ==
== Општествени институции ==
Во селото функционира основно училиште именувано по светителите [[Кирил и Методиј]] со ученици од прво до деветто одделение.


== Администрација ==
== Администрација ==

Преработка од 19:26, 2 мај 2018

Бучин
Бучин во рамките на Македонија
Бучин
Местоположба на Бучин во Македонија
Бучин на карта

Карта

Координати 41°16′26″N 21°19′00″E / 41.27389° СГШ; 21.31667° ИГД / 41.27389; 21.31667
Општина Општина Крушево
Пошт. бр. 7550
Повик. бр. 048
Шифра на КО 16006
Надм. вис. 624 м
Бучин на општинската карта

Атарот на Бучин во рамките на општината
Бучин на Ризницата

Бучин е село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево

Географија и местоположба

Бучин се наоѓа во Прилепско Поле, како најјужно село во Општина Крушево и претставува раскрсница помеѓу градовите Крушево (19 км), Демир Хисар (15 км), Битола (33 км) и Прилеп (25 км). Селото Бучин се наоѓа северно од планината Древеник која е огранок на Баба Планина. Од запад е ридот Голем Камен, а од север и исток е Пелагониската Котлина. Низ селото Бучин тече Црна Река и селото го дели на два дела. Во центарот на селото има посебно водно корито наречено "јаз". Од него произлегуваат канали за наводнување на ниви со градинарски растенија: кромид, пиперки, патлиџани, компири, грав и др. Селото е посебно познато по бучинскиот кромид, кој е надалеку признат бренд.

Селото е рамничарко место. Во неговата непосредна околина има помали возвишенија.

Традиционално, селото се дели на 8 маали:

  • Горна
  • Вунеска
  • Бонечка
  • Стрезоска
  • Кическа
  • Буивлик
  • Богоеска
  • Малобучин

Покрај селото Бучин од западната страна, под Голем Камен, поминува железничката пруга Бакарно Гумно - Сопотница, која моментално е во мирување.

Кај селото Бучин на желеничката пруга има два тунела, а во месноста помеѓу тунелите се наоѓа манастирот Св. вмч. Георгиј - Ѓурѓовден. Низ селото поминува асфалтен пат и го поврзува со Крушево, Демир Хисар, Битола и Прилеп. Има здрава и чиста вода која се снабдува од водовод и од бунари.

Етимологија

Постојат две легенди како Бучин го добило своето име. Првата е дека во времето кога постоело Пелагониското Море, височинката над селото Бучин била населена и ова населено место се викало Будимград. Поради тоа денес селото се вика Бучин. Втората теорија е дека по течението на Црна Река има ветер наречен "порек" и се претпоставува дека од неговата бучава можеби местото го добило името Бучин. Бучин отсекогаш важело за богато рамничарско село. Но, постои и една интересна анегдота. Во постаро време некоја девојка се омажила во Бучин и нејзините соселани од нејзиното родно село ѝ завидувале затоа што се омажила во Бучин и ѝ велеле „тебе ти е многу убаво, се омажи многу богато, во Бучин“, а таа саркастично им одговорила "На кого му бучи, му бучи, а на свекор ми нити му бучи нити му јачи", сакајќи да каже дека и во Бучин се нашла сиромашна фамилија и баш нејзе ѝ се погодило да се омажи во неа.

Историја

Се споменува дека во 1910 година почнал да се произведува бучинскиот кромид. Во римско време на реката Црна е изграден Стар Мост. Се претпоставува дека тука некојпат поминувал Виа Игнациа. Денес веднаш до Стар Мост се наоѓа нов, модерно изграден мост.

Економија

Во село Бучин основно производство е надалеку познатиот - бучински кромид. Бучинскиот кромид се произведува во големи количини и обично тешко се продава, а цената е минимална. Чисто за информација, некои години цената изнесува 3 (три) денари за килограм. Во тие услови не се иплатува ни работата нити пак маката за да се произведе. Во подобрите години цената може да достигне 20 до 30 денари по килограм, но тоа е многу ретко. Се одгледуваат и други градинарски култури: пиперки, патлиџани, праз, лук, грав и др. градинарски култури. Се сеат пченица, пченка (царевка), јачмен како и други фуражни култури. Може да се рече со голем труд, голема мака и доста залагање се живее добро.

Демографија

Во 1467/68 во селото имало 50 семејства, 1 неженет и 7 вдовици. Во 1544/45 и покрај бројот на христијански семејства чиј број изнесувал 78, 9 неженети и 2 вдовици, во селото живееле и 3 муслимански семејства.

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Бучин имало 470 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Бучин имало 432 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, Бучин има 738 жители, со 227 домаќинства, и вкупно 282 живеалишта. Од овие 738 жители 396 се мажи, а 342 жени. Селото е целосно населено со Македонци. Мајчин јазик за сите 738 е македонскиот јазик. Од сите жители, 737 се изјасниле дека имаат православна вера, а еден се изјаснил под останато.[3]

Според старосната структура, од 0-9 години има 95 жители, од 10-19 години 81, од 20-29 години 97, од 30-39 години 94, од 40-49 години 87, од 50-59 години 89, од 60-69 години 106, од 70-79 години 65, од 80-84 години 13, и над 85 години 11.

На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 470[1] 432[2] 895 1.002 1.083 1.184 1.243 914 685 738

Општествени институции

Во селото функционира основно училиште именувано по светителите Кирил и Методиј со ученици од прво до деветто одделение.

Администрација

Во селото има матична служба - матичар. Телефонскиот број на матичната служба е +389 (0)48 451 123. Во Бучин има амбуланта и ветеринарна станица со редовен персонал.

Културни и природни знаменитости

Во Бучин има основно училиште „Кирил и Методиј“, во кое се одржува настава од прво до деветто одделение. Постои и дом на културата со спортска сала изградена во 2017. Црна Река тече низ селото, при што еден крак е одделен и поминува низ центарот на селото т.н. "Јаз". Кејот на јазот е уреден во староградска архитектура, со поплочени тротоари и современо осветлување што му дава на посебен автентичен изглед на центарот на селото. Црна Река има два моста, едниот е Стар Мост од римскиот период, а другиот е изграден во времето на СФР Југославија во 1965 година.

Друг значаен споменик е воденицата на господинот Ќурчиоски Мито - Папаз, која датира од постари времиња, во 1912 година имала 12 камења за мелење жито. Во 1948 година господинот Мито Папаз купил францисова турбина која произведувала електрична струја за целото село, сè до 1964 година кога е заменета со струјата на Електростопанство Македонија. Дење во воденицата се мелело жито, а навечер се произведувала струја. Денес, едни од најпознатите сликари во Битола се фамилијата Ќурчиевски, кои потекнуваат токму од Мито Папаз.

Останати знаменитости се: Железничка пруга со два тунела (во мирување), Манастирот Св. вмч. Горгиј - ЃУРЃОВДЕН кој се наоѓа меѓу двата тунела на железничката пруга, на патот Бучин - Света (Општина Демир Хисар).

Славата на манастирот Св. Ѓорѓија е на ден Ѓурѓовден, 6 мај секоја година.

Црквата во село Бучин е "Рождение на Пресвета Богородица" - Мала Богородица и се слави на 21 септември како селска слава. Секоја фамилија си има и посебна куќна слава.

Археолошки локалитети[5]
  • Даб - осамен наод од римско време;
  • Кале - доцноантичка населба;
  • Манастириште - хеленистичка и римска населба;
  • Рид - хеленистичка населба;

Редовни настани

Секоја година, во чест на светиот великомаченик Георгиј, на 6 мај за Ѓурѓовден, се одржува голем сенароден собир со гости од цела Македонија и од дијаспората. Настанот се одржува во истоимениот манастир кој се наоѓа 1,5 километри од сретселото.

Личности

Од Бучин потекнува секретарот одговорен за поплиција и градоначалник на градот во Привремената влада на Крушевската Република Христо Петрушев Ќурчиев (1872-1941), Неговиот дедо Трајче Стрезов бил нападнат од Турците од едно од соседните села, вечерта Трајче успеал да се спаси и утредента рано сабајлето заминал за Крушево со неговата жена и неговиот син Петруш. Христо Ќурчиев се родил во Крушево, завршил гимназија, зборувал француски и турски јазик, познат чевлар во градот, еден од првите членови на Организацијата во Крушево. Во време на Републиката ја раководи Градската полиција поделена во десет групи и управувана од десетари, инаку опитни во таа работа, тоа се крушевчани кои припаѓале на некогашните фарии. Заради неговата заштита на жените од турската администрација кои се нашле како поленци на востаничко-револуционерната власт во Крушево и Крушевско, по востанието заедно со преживеаниот член Македонец на Привремената влада: Димитар Секулов и тој се повикани од Бахтијар-паша и спроведени во Битола, потоа тој успева да се спаси највероjатно пред општата амнестија во април 1904 година и во турска униформа да биде заради зачувување на честа на турските анами од Крушево е префрлен во Бугарија, оттогаш никогаш не се вратил во Крушево и во Македонија, си ја повлекол фамилијата во Софија каде отворил дуќан за продажба на чевли. Неговата внука Емилија Гошева од Софија во август 2009 година го посети Бучин и се запозна со родните корени од своите предци. Христо Ќурчиев починал од мозочен удар во Софија во февруари 1941 година. Подоцна, неговата куќа во центарот на Софија 1944 година била разрушена при бомбардирање.

Иселеништво

Населението во с.Бучин е претежно иселено во својата татковина Македонија, во Битола, Прилеп, Скопје, Крушево и др.места. Има иселеници и во Австралија, Швајцарија, Германија, Шведска и други држави во светот.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.245.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски