Американска академија на уметностите и науките: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 20 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q463303 (translate me)
Ред 50: Ред 50:
{{Ризница-ред|American Academy of Arts and Sciences|Американската академија на уметностите и науките}}
{{Ризница-ред|American Academy of Arts and Sciences|Американската академија на уметностите и науките}}


[[Категорија:Научни друштва]]
[[Категорија:Научни друштва во САД]]
[[Категорија:Уметнички организации]]
[[Категорија:Уметнички организации]]
[[Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките| ]]
[[Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките| ]]

Преработка од 12:58, 13 април 2018

Координати: 42°22′51″ N; 71°06′37″ W / 42.380755° СГШ; 71.110256° ЗГД / 42.380755; -71.110256

Американска академија на уметностите и науките
American Academy of Arts and Sciences
Лого на академијата
Гесло„Да се негуваат сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблесен народ.“
Основана1780
Видполитички истражен центар
Целповеќедисиплински изучувања на сложени и престојни проблеми
СедиштеКембриџ, Масачусетс, САД
Членство4.000 академици
ПретседателЛезли Берловиц
Мреж. местоhttp://www.amacad.org
Домот на академијата во Кембриџ, Масачусетс

Американската академија на уметностите и науките (англ. American Academy of Arts and Sciences) е независен центар за политичко истражување кој врши повеќедисциплински изучувања на сложени и престојни проблеми од разни области. Членовите на академијата се предводници во академските дисциплини, уметностите, деловното работење и јавниот сектор.

Историја

Академијата е основана во 1780 во Бостон за време на Американската револуција. Нејзини основачи се општествениците Џејмс Боудин, Џон Адамс и Џон Хенкок. Според повелбата, академијата има за цел да „[ги] негува сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблесен народ“. Во основањето учествувал и правникот Роберт Трит Пејн и начелници на 58 месни заедници. Меѓу првите членови на академијата се вбројуваат разни истакнати дејци како Бенџамин Френклин, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Александар Хамилтон.

Дејност

Денес академијата е сместена во Кембриџ, Масачусетс. Во состав на нејзината дејност, академијата приредува конференции, организира истражни проекти и го објавува тримесечникот Dædalus („Дедал“). Има околу 4.000 академици и 600 странски почесни членови. Околу 200 члена се добитници на Нобеловата награда.

Поврзано

Надворешни врски