Исцелител (филм): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнувања
Ред 65: Ред 65:
* [https://www.slobodnaevropa.mk/a/28864773.html Интервју со Ѓорче Ставрески: „Исцелител“ е филм за уривањето на рационалните вредности]
* [https://www.slobodnaevropa.mk/a/28864773.html Интервју со Ѓорче Ставрески: „Исцелител“ е филм за уривањето на рационалните вредности]
[[Категорија:Македонски филмови]]
[[Категорија:Македонски филмови]]
[[Категорија:Филмови од 2017]]
[[Категорија:Филмови од 2017 година]]
[[Категорија:Филмови на Ѓорче Ставрески]]
[[Категорија:Филмови на Ѓорче Ставрески]]
[[Категорија:Македонски дела од 2017 година]]
[[Категорија:Македонски дела од 2017 година]]

Преработка од 11:26, 2 април 2018

„Исцелител“
Македонски плакат за филмот
РежисерЃорче Ставрески
ПродуцентЃорче Ставрески
СценаристЃорче Ставрески
Главни улогиБлагој Веселинов
Анастас Тановски
Жанркомедија, драма
МузикаГоце Јованоски
Бранислав Николов
Пеце Трајковски Брада
КинематографијаДејан Димески
ДистрибутерWide
Премиера9 ноември 2017 (Солунски филмски фестивал)
19 ноември 2017 (Синедејс)
Времетраење104 мин.
ЗемјаМакедонија Македонија
 Грција
ЈазикМакедонски


Исцелител (англиски назив: Secret Ingredient, Тајната состојка) — македонски филм, во режија на Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. За меѓународната дистрибуција на филмот била задолжена француската агенција Wide.[1] Главните улоги ги играат: Благој Веселинов и Анастас Тановски.[2]

Исцелител е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Најголем шарм на филмот се непретенциозноста и искреноста кои ги покриваат недостатоците и несигурноста во некои делови.[1]

Престижното списание „Вараети“ (Variety) објавило рецензија на филмот, оценувајќи го како прекрасен филм кој „не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија...“[1]

Содржина

Веле (Благој Веселинов), механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо (Анастас Тановски) колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.[3]

Улоги

Некои од останатите улоги ги толкуваат: Игор Ангелов, Атанас Атанасовски, Симеон Дамевски - Мони, Катарина Илиевска, Бобан Кулески, Лазе Манасков, Јордан Симонов, Горан Стојановски, Наталија Теодосиева, Горан Трифуновски, Сенко Велинов, Лиле Велјанова и други.[2]

Продукција

Според зборовите на режисерот Ставрески, филмот бил создаден во долг временски период: од првите напишани зборови во сценариото (2010) па до премиерата на филмот поминале дури седум години. Првите три верзии на сценариото биле напишани како семејна драма, но откако Ставрески го изработил краткиот комичен филм Скопски љубовџии во рамки на омнибусот Скопје ремикс (2012), се предомислил, и го напишал како црна комедија.[1][4]

Идејата за филмот дошла од „пропаѓањето на рационалните вредности на кои треба да се базира едно општество“, која според Ставрески, е во корелација со осиромашувањето на Република Македонија за време на транзицијата.[4]

Првиот долгометражен игран филм на Ѓорче Ставрески е и првата македонско-грчка копродукција во која финансиски помогнал Грчкиот филмски центар. Соработката всушност почнала кога на работилница за продуценти на EAVE ја Ставрески запознал Константина Ставрианоу од копродукцијата GRAAL S.A. од Атина. Претходно филмот имал неуспешни обиди за кофинансирање од Словенија и Бугарија.[4]

Прикажување

Премиерата на филмот била одржана на 9 ноември 2017 на Солунскиот филмски фестивал во рамките на програмата „Балкан Срвеј“ (Balkan Survey),[5] каде освоил награда од публиката, прв македонски филм со такво постигнување.[1][6]

Македонската премиера се случила на 19 ноември 2017, на затворањето на 16-то издание на Фестивалот на европски филм Синедејс, каде бил дочекан со овации и воодушевување.[4]

Награди и признанија

Исцелител е добитник на повеќе награди и признанија. На својата премиера на Солунскиот филмски фестивал во 2017, филмот ја добил наградата од публиката, со што станал прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жири за сценарио на 17-тото издание на Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел.[2][6][7]

Бил номиниран на повеќе престижни меѓународни филмски фестивали: филмскиот фестивал Црни Ноќи во Талин (2017, во категориите дебитантски филмови и специјална награда од жирито), Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел (2017, категорија најдобар филм), меѓународниот филмски фестивал во Тромсе (2018, категорија - најдобар филм според публиката), меѓународниот филмски фестивал Санта Барбара (2018, категорија - најдобар меѓународен филм) и меѓународниот филмски фестивал во Обањ (2018, категорија најдобар филм).[2][7]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Јаневски, Ѓорѓи (2017/2018). „„Исцелител - Одблиску со Ѓорче Ставрески"“. Економија и бизнис (234/235): 104–105. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Предлошка:Цитирана веб страница
  3. Предлошка:Цитирана веб страница
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Предлошка:Цитирана веб страница
  5. Предлошка:Цитирана веб страница
  6. 6,0 6,1 Предлошка:Цитирана веб страница
  7. 7,0 7,1 Предлошка:Цитирана веб страница

Надворешни врски