Хоризонт на настани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 15: Ред 15:


[[Категорија:Астрофизика]]
[[Категорија:Астрофизика]]
[[Категорија:Општа теорија за релативноста]]
[[Категорија:Општа релативност]]
[[Категорија:Црни дупки]]
[[Категорија:Црни дупки]]

Преработка од 06:25, 19 март 2018

Хоризонт на настани, наједноставно кажано, претставува границата на црната дупка која ја одделува од останатиот дел од универзумот. Како што знаеме, црната дупка е дефинирана како сингуларитет кој е определен со хоризонтот на настани чија „брзина на бегство“ (брзината која е потребна на еден ентитет да ја напушти црната дупка) е еднаква на брзината на светлината. Често пати, хоризонтот на настани е дефиниран како „точка од која нема враќање“.

Генерално кажано, ништо не може да побегне од црната дупка, поточно да го напушти хоризонтот на настани и да премине во останатиот дел од космосот, затоа што според Теоријата на општа релативност, ниту една честица не се движи побрзо од фотонот. Исто така, не постои начин да се набљудуваат случувањата внатре во границите на хоризонтот на настани од надворешната страна на црната дупка, што допринесува да се сомневаме што точно се случува во рамките на хоризонтот. Затоа што хоризонтот на настани не е материјална физичка површина, туку математички дефинирана граница, материјата и радијацијата можат да влезат во црната дупка, но не и да излезат од истата.

Хоризонт на настани кај ротирачки и неротирачки црни дупки

Кај неротирачките црни дупки, хоризонтот на настани, определен со Шварцшилдовиот радиус[1], е сфера, па затоа и црната дупка добива таков облик. Доколку станува збор за ротирачка црна дупка, заклучено е дека хоризонтот на настани има некоја неправилна деформирана геометриска форма и е различен за секоја црна дупка. Во двата случаи, Шварцшилдовиот радиус е пропорционален со масата на црната дупка.

Хоризонтот на настани во уметноста и популарната култура

  • Event Horizon (1997)[2] е британски научно-фантастичен хорор филм на режисерот Paul Anderson
  • „Event Horizon“[3] е популарна дабстеп песна на Xtrullor

Наводи

  1. „Schwarzschild radius | astrophysics“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2018-02-04.
  2. „Event Horizon (film)“. Wikipedia (англиски). 2018-02-01.
  3. Xtrullor (2016-07-30), Xtrullor - Event Horizon, Посетено на 2018-02-04