Фока (византиски цар): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information |
|||
Ред 17: | Ред 17: | ||
{{Нормативна контрола}} |
{{Нормативна контрола}} |
||
[[Категорија:Јустинијанова династија]] |
[[Категорија:Јустинијанова династија]] |
||
[[Категорија:Византиски |
[[Категорија:Византиски цареви од 7 век]] |
||
[[Категорија:Римски императорски конзули]] |
[[Категорија:Римски императорски конзули]] |
||
[[Категорија:Починати во 610 година]] |
[[Категорија:Починати во 610 година]] |
Преработка од 05:39, 15 март 2018
Фока | ||
Починал | 27 ноември 610 Константинопол |
---|
Фока (лат.Flavius Phocas Augustus) бил цар на Византија од 602 година до 610. Бил прогласен за император при буната на римската војска на Дунав. Со помош на партијата на зелените, влегол во Константинопол.Императорот Маврикиј бегал во Халкидон и пратил најголемиот син Теодосиј да бара помош од персијскиот цар Хозрој II. Маврикиј бил фатен и убиен, а пред тоа по наредба на Фока натеран да гледа како се убиени неговите синови. Теодосиј бил фатен во Никеја и исто така убиен. Користејќи смртта на Маврикиј за повод, Хозрој II нападнал Византија. За да може да се бори со него, Фока заклучил срамен мир со Аварите, задолжувајќи се да им плаќа огромен данок. Оставен без заштита, Балканот бил заземен од словенските племиња. На исток римската војска трпела тешки порази. Персијците ги истерале од Месопотамија, Феникија, Палестина, навлегле и во Мала Азија. Незадовоството против Фока растело бргу, а тој со силен терор се обидувал да ја задржи властта. Африканскиот екзарх Ираклиј откриено се побунил, запрел да плаќа данок и влегол во сојуз со зетот на Фока, талентираниот војсководец Приск. Нивните војски од Египет преку море и копно во октомври 610 година влегле во Константинопол под водството на Ираклиј помладиот. Фока бил убиен заедно со сите негови приврзаници.
|