Петта македонска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 29: | Ред 29: | ||
* [[Борис Стојановски]] - командант од средина на октомври 1944 година |
* [[Борис Стојановски]] - командант од средина на октомври 1944 година |
||
Политички комесари биле: |
Политички комесари биле: |
||
* [[Ѓоре Велкоски |
* [[Ѓоре Велкоски]] - од 2 август 1944 година |
||
* [[Пецо Атанасовски - Думбало]] - од средина на октомври 1944 година |
* [[Пецо Атанасовски - Думбало]] - од средина на октомври 1944 година |
||
* |
|||
== Борбени дејства == |
== Борбени дејства == |
||
Ред 40: | Ред 37: | ||
Учествувала во борбите за ослободување на [[Прилеп]] (29 октомври - 2 ноември), [[Ресен]] (5 ноември), и [[Охрид]] (7 ноември), по што ја запоседнала македонско-грчката граница на битолско-преспанското подрачје (ноември 1944). Подоцна влегла во составот на [[Осмата македонска дивизија на КНОЈ|Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ]] (25 декември) како нејзина втора бригада, овојпат за обезбедување на македонско-албанската граница. |
Учествувала во борбите за ослободување на [[Прилеп]] (29 октомври - 2 ноември), [[Ресен]] (5 ноември), и [[Охрид]] (7 ноември), по што ја запоседнала македонско-грчката граница на битолско-преспанското подрачје (ноември 1944). Подоцна влегла во составот на [[Осмата македонска дивизија на КНОЈ|Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ]] (25 декември) како нејзина втора бригада, овојпат за обезбедување на македонско-албанската граница. |
||
Наводи |
==Наводи== |
||
{{Наводи}} |
|||
{{Македонски бригади}} |
|||
[[Категорија:Бригади на НОВМ]] |
[[Категорија:Бригади на НОВМ]] |
Преработка од 16:13, 10 март 2018
Петта македонска ударна бригада | |
---|---|
Формирањето на 5-тата македонска бригада на Кожуф | |
Активна | 2 август 1944 – 25 декември 1944 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Методија Попоски - Мајка |
Петта македонска ударна бригада (познати и како Прилепска ударна бригада) била формирана на 2 август 1944 година во месноста Влашки Колиби, близу село Зборско, на планината Кожуф. Била формирана од 750 борци од Прилепско, со борците од Првиот баталјон „Мирче Ацев“ на Втората македонска бригада и одредот „Трајче Петкановски“.
Команден состав
Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
- Методија Попоски - Мајка - командант од 2 август до средина на октомври 1944 година
- Борис Стојановски - командант од средина на октомври 1944 година
Политички комесари биле:
- Ѓоре Велкоски - од 2 август 1944 година
- Пецо Атанасовски - Думбало - од средина на октомври 1944 година
Борбени дејства
Водела борби кај селата Капиново, Богомила на 12 и 13 август, Бреза (25 август) и Здуње (28 август), го ослободила Градско и срушила шест мостови на патот Велес-Градско. Откако била ставена под команда на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ (10 септември), со борби влегла во ослободен Прилеп (11 септември) до неговото повторно заземање од германските сили (21 септември). Ги продолжила борбите кај селата Степанци и Извор (на патот Прилеп-Велес, 23 септември), кај Бакарно Гумно и селата Големо Коњари (1 октомври), Ивањевци и Тројкрсти (на патот Прилеп-Битола, 2-6 октомври), Буково и Прентов Мост (на патот Ресен-Охрид, 13 октомври), кај реката Шемница (22 октомври), селата Глумово, Грчец и Сушево (на патот Скопје-Тетово, 25 октомври).
Учествувала во борбите за ослободување на Прилеп (29 октомври - 2 ноември), Ресен (5 ноември), и Охрид (7 ноември), по што ја запоседнала македонско-грчката граница на битолско-преспанското подрачје (ноември 1944). Подоцна влегла во составот на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ (25 декември) како нејзина втора бригада, овојпат за обезбедување на македонско-албанската граница.
Наводи
- ↑ д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 99-102