Затвор: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
→Затворот како тема во музиката: дополнување |
|||
Ред 18: | Ред 18: | ||
===Затворот како тема во музиката=== |
===Затворот како тема во музиката=== |
||
* „Живот в затвор“ (''Life in Prison'') - песна на американската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Брдс]]“ (''The Byrds'') од 1968 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=JbLBbdQzEeE YouTUbe, Sweetheart of the Rodeo | The Byrds | 1968 (пристапено на 25.2.2018)]</ref> |
|||
* „004 Здраво, тато, јас сум в затвор & извади ме...“ (''004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back...'') - песна на американската [[Поп-музика|поп]]-група „[[Воз (Нот Воз)]]“ (''Was (Not Was)'') од 1988 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=hhLtGlK_5V0&list=PL7egcIPiStlMMNK42rSUM8fZD3WfWTMGi&index=15 Was (Not Was) 004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back... (пристапено на 8.11.2017)]</ref> |
* „004 Здраво, тато, јас сум в затвор & извади ме...“ (''004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back...'') - песна на американската [[Поп-музика|поп]]-група „[[Воз (Нот Воз)]]“ (''Was (Not Was)'') од 1988 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=hhLtGlK_5V0&list=PL7egcIPiStlMMNK42rSUM8fZD3WfWTMGi&index=15 Was (Not Was) 004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back... (пристапено на 8.11.2017)]</ref> |
||
Преработка од 22:07, 25 февруари 2018
Затвор е државна или приватна установа чија главна задача е притворање на луѓе со криминални дела, нивно казнување и превоспитување. Затворот може да се сретне во три форми и тоа: машки затвор, женски затвор и казнено поправна установа за малолетни лица. Капацитетите на затворите и условите во нив се разликуваат од една до друга држава. Затворените лица најчесто се затворени во ќелии, но постјат и посебни простории за поголемо казнување наречени самици.
Затворите во Македонија
Во Македонија постојат повеќе затвори, односно казнено-поправни домови (КПД), како што се нарекуваат во официјалната терминологија, чиј вкупен капацитет изнесува 2.026 лица во затворскиот дел и 450 во притворските одделенија. Според големината, најголем затвор е КПД Идризово чиј капацитет изнесува 1.094 лица, а потоа следуваат следниве затвори: КПД Штип со капацитет од 210 лица; затвор Скопје со капацитет од 128 лица во затворскиот дел и 310 лица во притворските одделенија; затвор Куманово со капацитет од 178 лица во затворскиот дел и 48 лица во притворските одделенија; затвор Прилеп со капацитет од 85 лица во затворскиот дел и 16 лица во притворските одделенија; КПД од отворен тип Струга, со капацитет од 60 лица; затвор Тетово, со капацитет од 48 лица во затворскиот дел и 24 лица во притворските одделенија; затвор Битола, со капацитет од 60 лица во затворскиот дел и 22 лица во притворските одделенија; затвор Струмица, со капацитет од 62 лица; затвор Гевгелија, со капацитет од 43 лица во затворскиот дел и 12 лица во притворските одделенија; отворено одделение во Крива Паланка, со капацитет од 23 лица; и малолетнички затвор Охрид, со капацитет од 35 лица во затворскиот дел и 18 лица во притворските одделенија. Покрај овие затвори, постои и воспитно-поправен дом во Тетово со капацитет од 43 лица. Притоа, во 2014 година, во македонските затвори биле сместени 2.976 осудени лица и 401 притворено лице.[1]
Затворот како тема во уметноста и во популарната култура
Затворот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Затворот како тема во книжевноста
- „Од затворот“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[2]
- „Моите затвори“ (Mes prisons) - збирка песни на францускиот поет Пол Верлен од 1893 година.
- „Робија“ (Robija) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[3]
- „Спомени од затворот“ - книга на бразилскиот писател Грасилијано Рамос од 1954 година.[4]
- „Во занданата“ (U zindanu) - расказ на југословенскиот писател Иво Андриќ.[5]
Затворот како тема во музиката
- „Живот в затвор“ (Life in Prison) - песна на американската рок-група „Брдс“ (The Byrds) од 1968 година.[6]
- „004 Здраво, тато, јас сум в затвор & извади ме...“ (004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back...) - песна на американската поп-група „Воз (Нот Воз)“ (Was (Not Was)) од 1988 година.[7]
Наводи
- ↑ Влатко Стојановски, „ДПМНЕ и спречија амнестија со закон за да помилуваат и убијци преку Иванов!“, Фокус, број 1058, 15.1. 2015, стр. 22.
- ↑ Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987, стр. 61.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 50-51.
- ↑ Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 288.
- ↑ „U zindanu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 130-136.
- ↑ YouTUbe, Sweetheart of the Rodeo | The Byrds | 1968 (пристапено на 25.2.2018)
- ↑ Was (Not Was) 004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back... (пристапено на 8.11.2017)
|