Лешок: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 36: Ред 36:
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.<ref>Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23</ref>
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.<ref>Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23</ref>


Според последниот попис од 2002 година, селото брои 440 жители и е исклучиво населено со [[Македонци]] од православна вероисповед. Следува табела на националната структура на населението<ref>http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.</ref>
Според последниот попис од 2002 година, селото брои 440 жители и е исклучиво населено со [[Македонци]] од православна вероисповед. Следува табела на националната структура на населението:<ref>http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.</ref>


{| border=1 cellspacing=0 cellpadding=2
{| border=1 cellspacing=0 cellpadding=2

Преработка од 21:33, 19 февруари 2018

Предлошка:Инфокутија за село во Македонија Лешок е село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово. Познато е по Лешочкиот манастир.

Географиja и местоположба

Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (Тетовскиот дел на котлината Полог). Од Тетово, селото Лешок е оддалечено 9 километри во северен правец.

Историja

Документ со печат од Лешочката селска општинска управа, од 5 јуни 1918 година.

Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.

Селото е споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година и е забележано како село Лешка со 89 домаќинства.[1]

Економија

Демографија

Жени од Лешок во народна носија, 1890 година.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лешок живееле 540 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешок имало 488 Македонци, егзархисти.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2002 година, селото брои 440 жители и е исклучиво населено со Македонци од православна вероисповед. Следува табела на националната структура на населението:[5]

Националност Вкупно
Македонци 435
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 4

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 336[2] 320[3] 861 915 785 718 666 542 399 29

Општествени институции

Во селото се наоѓа и лекувалиштето од ТБЦ.

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Црквата „Св. Николај“ во Лешок

Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од 14 век, Св. Атанасиј од 20 век, Св. Богородица од 19 век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од 20 век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).

Археолошки локалитети
  • Кале - населба од доцна антика и среден век;[7]
  • Два Бреста - населба од римско време;
  • Леска - населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
  • Пепело - населба од римско време;
  • Црквиште - црква од среден век;
  • Црници - некропола од римско време;
  • Депо - депо од среден век;
  • Млака - некропола од среден век;

Редовни настани

Лешочки фолк фест во 2007 година

Личности

  • Никанор (р. ~ 1600) — скопски и полошки митрополит
  • Мирко Спироски (р. 3 февруари 1948) — македонски физиолог и редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.
  • Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001) — македонски херој од Лешок, убиен од терористите на ОНА.

Култура и спорт

Во селото постојат клубовите ФК Оникс и ОК Лешок, кој настапува во Првата македонска одбојкарска лига.

Иселеништво

Наводи

  1. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  4. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски