Разлика помеѓу преработките на „Јужноафриканска Република“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
с
Во [[1487]] година, португалецот [[Бартоломео Дијас]] бил првиот европеец кој престигнал на ова подрачје. Во [[1497]] година, [[Васко де Гама]] пловел околу територијата на земјата, покрај [[Јужна Африка]] кон својот пат за [[Индија]]. Областа на исток од земјата ја нарекол ''Натал'', бидејќи неговата експедиција овде престојувала за време на [[Божик]]. Сепак почетокот на новата историја на [[Јужна Африка]] денеска се препишува на [[калвинизам|калвинистот]] [[Јан ван Рибек]]. На [[6 април]] [[1652]] година, по налог на Холандската источноиндиска компанија тој основал станица за снабдување на бродови. Благодарение на својата стратегиска позиција, таа станица би требало да служи за одмор на трговските бродови кои патувале од [[Европа]] кон [[југоисточна Азија]]. Кон втората половина на [[17 век]] и почетокот на [[18 век]], таа холандиска станица односно населено место започнала да се зголемува. Во почетокот, населувачите се распространувале во регионот на [[Весткап]]. Во [[1770]] година истите престигнале до границата со племето банту, со кое започнала редица од војни. [[Холандија]] довеле голеа број на робови од [[Индонезија]], [[Мадагаскар]] и [[Индија]]. Во почетокот на [[1743]] година, бројот на т.н. црни робови бил значително поголем од бројот на местното население кое се населило на овие простори. Со текот на времето, наследниците на црните робови често пати се жениле со белите дојденци. Така, денеска заедно со бушманите тие сочинуваат 50% од вкупното население на Западната Капска покраина.
 
=== Британска колонизација ===
[[Велика Британија]] врз областа зазела целосна контрола во [[1795]] година. Бидејќи веќе имала свои колонии во [[Австралија]] и [[Индија]], Велика Британија сакала [[Кејптаун]] да го користи како трговска станица за долгите патувања. Сепак, според Амбиенскиот мировен договор од [[1802]] година, Британија морала да ја врати територијата на Холандија, но во [[1806]] година тие повторно ја зазеле и повторно основале колонија, главно поради банкрот на Холандската источноиндиска копмпанија. На почетокот од [[19 век]], племето [[Зулу]] успеало да ги прошири своите територии. Во [[1833]] година, британската влада го забранила ропството, по кое следувале голем број на конфликти. Во тој период била основана Јужноафриканската република. Октривањето на дијамантот во [[1867]] година и златото во [[1884]] година на овие подрачја, дополнително придонело за економски развој и имиграција. Секојдневните конфликти доведувале до постојани војни помеѓу европското население и домородците. Следувале т.н. [[Бурски војни]]. Во [[Прва бурска војна|Првата бурска војна]] (1880-1881) местното население забележило определени резултати, но во [[Втора бурска војна|Втората бурска војна]] (1899-1902) сепак Британија била поуспешна.
 

Прегледник