Морепловство: Разлика помеѓу преработките
Создадено преведувајќи ја страницата „Поморство“ |
(нема разлика)
|
Преработка од 17:17, 14 февруари 2018
Морепловство е дејност поврзана со транспорт на луѓе и носење стоки по морски пат, и зафаќа најмногу место во севкупен преглед. Текот на развојот се одвивал во три периоди:[2]
- период на чамци и бродови на рачно управување (веслање),
- период на бродови со погон на силата на ветрот (едрилици),
- период на бродови со механички погон (пареа; мотори со клипови и турбини, дизел мотор, и нуклеарен погон).
Историја на морепловството
Почетоците на морепловството се поврзани со праисториско време; дрвен сплав од вкрстени стебла, примитивно поврзани, било првото пловно средство. Во бронзено доба и во рано и доцно железно доба трговијата била толку развиена што се граделе и големи чамци односно бродови. Познато е дека првите бродоградители биле Египќаните кои со своите бродови пловеле по Црвеното Море (околу 1700 г. п.н.е.) и се до Сомалија. Феникијците се сметале за најдобри морнари на тоа време; пловеле по цело Средоземно Море , а во 12. век п.н.e. тие стигнале до Гибралтар во Атлантски Океан веќе околу 600. година п.н.e. тие пловеле по должината на Западниот брег и околу Африка. Во тоа време грчките бродови развиле трговија со сите крајбрежни медитерански земји, и околу 300 година п.н.e. пловеле по Атлантикот крај брегот на Западна Европа и стигнале до Велика Британија и Балтичките земји.
Линкови
- ↑ George F. Bass, ed., A History of Seafaring, Thames & Hudson, 1972
- ↑ Мала енциклопедија, Просвета, Београд, 1986. год; група аутора: др Борислав Благојевић, Радивој Давидовић, др. Владета Јеротић, Света Лукић, Перо Морача, др. инж. Драгослав Поповић, др. Војислав Становчић, Марија Стојиљковић, Стојан Ћелић