Прасловенски јазик: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 1: | Ред 1: | ||
'''Прасловенскиот јазик''' е прајазикот од |
'''Прасловенскиот јазик''' е прајазикот од којшто произлегуваат [[Стар црковнословенски јазик|Стариот црковнословенски]] и покасно сите други словенските јазици. Се зборувал пред 7 век. Прасловенскиот произлегол од хипотетичниот [[индоевропејски прајазик]]. |
||
Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на [[компаративно-исторички метод|компаративно-историчкиот метод]] врз најстарите текстови напишани на стар црковнословенски јазик и другите најблиски индоевропејски јазици – [[балтиски јазици|балтиски]] и [[германски јазик|германски]]. |
Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на [[компаративно-исторички метод|компаративно-историчкиот метод]] врз најстарите текстови напишани на стар црковнословенски јазик и другите најблиски индоевропејски јазици – [[балтиски јазици|балтиски]] и [[германски јазик|германски]]. |
Преработка од 14:20, 31 март 2006
Прасловенскиот јазик е прајазикот од којшто произлегуваат Стариот црковнословенски и покасно сите други словенските јазици. Се зборувал пред 7 век. Прасловенскиот произлегол од хипотетичниот индоевропејски прајазик.
Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на компаративно-историчкиот метод врз најстарите текстови напишани на стар црковнословенски јазик и другите најблиски индоевропејски јазици – балтиски и германски.
Происход
Според некои лингвисти, прасловенскиот јазик се појавил пред 1 илјадолетие пр.н.е. Спорно е дали се одделил директно од индоевропејскиот јазик или се е одделил покасно од прабалтословенскиот јазик.
Територија
На прасловенски јазик се зборувало во прататковината на Словените, која се наоѓала според полскиот словенист Тадеуш Лер-Сплавински во земјите меѓу Одра и Висла, според рускиот словенист Федот Петрович Филин (1908–1982) – во териториите меѓу среден Днепар и западен Буг, на југ од Припјат и на север од крајцрноморските степи, а според бугарскиот проф. Иван Леков – на широка територија од Днепар до Висла, со динамични граници, слаба дијалектна диференциација и двупосочни миграции.