Абасидски Калифат: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 70: Ред 70:
Веднаш по нивната победа, Ас-Сафха ги испратил своите сили во [[Централна Азија]], каде што неговите сили се бореле против проширувањето на [[Династија Танг]] за време на [[Битка кај Талас|битката кај Талас]]. Благородното иранско семејство Бармакиди ја претставило првата светска фабрика за хартија во градот, со што започнала нова ера на интелектуална преродба во доменот на Абасидите. Ас-Сафха се фокусирал на задушување на бројните бунтови во [[Сирија]] и [[Месопотамија]]. [[Византијци]]те спровеле неколку напади за време на овие рани години{{sfn|Dupuy|Dupuy|1986|p=233}}.
Веднаш по нивната победа, Ас-Сафха ги испратил своите сили во [[Централна Азија]], каде што неговите сили се бореле против проширувањето на [[Династија Танг]] за време на [[Битка кај Талас|битката кај Талас]]. Благородното иранско семејство Бармакиди ја претставило првата светска фабрика за хартија во градот, со што започнала нова ера на интелектуална преродба во доменот на Абасидите. Ас-Сафха се фокусирал на задушување на бројните бунтови во [[Сирија]] и [[Месопотамија]]. [[Византијци]]те спровеле неколку напади за време на овие рани години{{sfn|Dupuy|Dupuy|1986|p=233}}.
===(752-775)===
===(752-775)===

[[File:Baghdad 150 to 300 AH.png|thumb|The city of [[Багдад]] помеѓу 767 и 912]]

Првата промена на Абасидите, под Ал-Мансур, била да се премести престолнината на империјата од [[Дамаск]], [[Сирија]], во [[Багдад]] во [[Ирак]]. Ова се направило за да се смират страстите и да се биде поблиску до персиската база за поддршка на мавалите во овој регион, а дел од персиските мавали барале помала арапска доминација во империјата. Багдад бил основан на реката [[Тигар]] во [[762]] година. Багдад бил првичното јадро на новонастанатиот главен град на Абасидите. И покрај тоа што е невозможно да се наведат какви било директни влијанија, сепак имало неколку примери на кружни градови од предисламска Персија, кои можеби обезбедиле инспирација за негова изградба<ref name="iranicaonline.org">http://www.iranicaonline.org/articles/baghdad-iranian-connection-1-pr-Mongol</ref>. Нова позиција, онаа на везирот, исто така била основана за делегирање на централната власт, а уште поголема власт била доделена на локалните емири<ref name="AHGC">{{harvnb|Anon|2008}}</ref>.

Ова на крајот значело дека многу абасидски калифи биле преокупирани повеќе на церемонијалната улога отколку кај Омејадите, бидејќи везирите почнале да имаат поголемо влијание, а улогата на старата арапска аристократија полека била заменета со персиската бирократија<ref name="AHGC">{{harvnb|Anon|2008}}</ref>.

Абасидите во голема мера зависеле од поддршката на Персијцитеs{{sfn|Hoiberg|2010|p=10}} при нивното соборување на Омејадите. Наследникот на Абу ал-Абас, Ал-Мансур ги прифатил повеќе неарапските муслимани. Иако ова помогнало да се интегрираат арапските и персиските култури, тој започнал да одбегнува многу од нивните арапски поддржувачи, особено Арапите од Хоросан, кои ги поддржале во нивните битки против Омејадите.

Овие пукнатини во нивната поддршка довело до непосредни проблеми. Омејадите иако не биле на власт, тоа не значело дека биле целосно уништени. Единствениот преживеан член на кралското семејство од Омејадите, кое било целосно уништено, на крајот се упатил кон [[Шпанија]], каде што се етаблирал како независен емир (Абдурахман I, 756). Во [[929]] година, [[Абдурахман III]] ја презел титулата калиф, со што [[ел-Андалуз]] од [[Кордоба]] станал ривал на [[Багдад]] како легитимен главен град на Исламската Империја.
[[File:Battle of Talas.png|thumb|[[Битка кај Талас]]]]

Во [[756]] година, калифот Ал-Мансур испратил над 4.000 арапски платеници за да им помогне на династијата Танг во бунтот Ан Ши против [[Ан Лушан]]. Абасидите или „Црните знамиња“, како што вообичаено се нарекувале, биле познати во хрониките на династијата Танг, како ''hēiyī Dàshí''. Ал-Рашид испратил амбасади во кинеската династија Танг и воспоставил добри односи со нив<ref name="Dennis Bloodworth, Ching Ping Bloodworth 2004 214"/>. По војната, овие амбасадори останале во [[Кина]]</ref><ref>{{harvnb|Kitagawa|1989|p=283}}</ref><ref>{{harvnb|Smith|Weng|1973|p=129}}</ref><ref>{{harvnb|Baker|1990|p=53}}</ref><ref>{{harvnb|Fitzgerald|1961|p=332}}</ref>, а калифот воспоставил сојуз со Кина<ref name="Dennis Bloodworth, Ching Ping Bloodworth 2004 214">{{harvnb|Bloodworth|Bloodworth|2004|p=214}}</ref>.


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 23:45, 6 февруари 2018

Абасидски Калифат
ٱلْخِلافَةُ ٱلْعَبَّاسِيَّة
Царство


Црно знаме

Местоположба на Абасиди
Калифатот на својот врв, ок. 850.
Главен град
Јазици арапски
Вероисповед Сунизам
Уредување Калифат
калиф
 -  750–754 Ас-Сафах (first)
 -  1242–1258 Ел Мустази (последен калиф во Багдад)
 -  1508–1517 Ел Мутавакил III (последен калиф во Каиро)
Историја
 -  Основана 750
 -  Замрела 1517
Валута
Минати
Следни
Омејади
Отоманско Царство
Фатимиди
Мамелучки султанат
Сафариди
Зијадиди
Аглабиди
Монголско Царство

Абасидски Калифат или Абасиди (арапски: ٱلْخِلافَةُ ٱلْعَبَّاسِيَّة‎, al-Khilāfatu al-‘Abbāsīyah) — трет од исламските калифати кои го наследиле исламскиот пророк Мухамед. Династијата Абасиди потекнува од вујкото на Мухамед, Абас ибн Абд ал-Муталиб (566-653 н.е.), според кого династијата го носи своето име[1]. Тие владееле како калифи во најголем дел од нивниот период од нивниот главен град во Багдад во денешен Ирак, по преземањето на власта над муслиманската империја од Омејадите во 750 година.

Калифатот на Абасидите во почетокот својата администрција ја имала во градот Куфа, но во 762 година калифот Ел Мансур го основал градот Багдад, во близина на главниот град Ктесифон. Периодот на Абасидите бил обележан со потпирање во преден план на персискирте бирократи (особено семејството Бармакиди) за владеење на териториите освоени од арапските муслимани, како и зголемено вклучување на неарапските муслимани во Умата. Персиските обичаи биле широко прифатени од владејачката елита и започнале да ги поддржуваат уметниците и научниците[2]. Багдад станал центар на науката, културата, филозофијата и иновациите за време на Златното доба на исламот.

И покрај оваа првична соработка, Абасидите од крајот на 8 век ги отуѓиле неарапските мавали[3] и иранските бирократи[4]. Тие биле принудени да се откажат од авторитетот над ел-Андалуз и Магреб до Омејадите, Мароко до династијата Идрисиди, Ифрикија до Аглабидите и Египет до шиитскиот калифат на Фатимидите. Политичката моќ на калифите во голема мера завршила со подемот на иранската Бујидска династија и Селџуците. Иако раководството на Абасидите над огромната исламска империја постепено се сведувала на церемонијална религиозна функција, династијата ја задржала контролата над своите месопотамски области.

Овој период на културно остварување завршил во 1258 година со зазимањето на Багдад од страна на Монголите под Хулегу хан. Абасидската линија на владетели и муслиманската култура воопшто, повторно се центрирала во главниот град на Мамелуците, Каиро, во 1261 година. Иако недостасувало политичка моќ, династијата продолжила да бара авторитет во религиозните прашања сè до османлиското освојување на Египет во 1517 година[5].

Историја

Абасидска револуција (750–751)

Абасидските калифи биле Арапи кои потекнувале од Абас ибн Абд ал-Муталиб, еден од најмладите чичковци на Мухамед и од истиот клан на Бану Хашим. Абасидите тврделе дека се вистински наследници на пророкот Мухамед за разлика од потомците на Омејадите од Умаја ибн Абд Шамс, врз основа на нивната поблиска крвна линија до Мухамед.

Абасидите исто така се издвојувале од Омејадите со напаѓање на нивниот морален карактер и администрација воопшто. Абасидите исто така свое внимание обрнале и на неарапските муслимани, познати како мавали, кои останале надвор од општеството на Арапите, базирано на сродство, и истите биле сметани за пониска класа во рамките на империјата на Омејадите. Мухамед Ибн Али, правнук на Абас, започнал кампања за враќање на власта во семејството на пророкот Мухамед, Хашмитите, во Персија за време на владеењето на Умар II.

За време на владеењето на Марван II, ова кулминирало со бунтот на имамот Ибрахим, четвртиот по потекло од Абас. Поддржан од провинцијата Хорасан, Персија, гувернерот им се спротивставил, а шиитските Арапи постигнале значителен успех [1][6], но тој бил заробен во 747 година и загинал, можеби убиен, во затвор.

На 9 јуни 747, Абу Муслим, кој се издигнал од Хорасан, успешно иницирал отворен револт против владеењето на Омејадите, што се одвивало под знакот на Црното Знаме. Близу 10.000 војници биле под команда на Абу Муслим кога непријателствата официјално започнале во Мерв[7]. Генералот Катаба го следел гувернерот на бегство Наср ибн Сајар на запад, победувајќи ги Омејадите во битката кај Нишапур, битката кај Горган, битката кај Нахаван и конечно во Битката кај Карбала, сите во годината 748[6]

Конфликтот бил преземен од братот на Ибрахим Абдала, познат под името Абу ал-Абас ас-Сафах, кој ги поразил Омајадите во 750 во битката кај Големиот Заб и подоцна бил прогласен за калиф[8]. По оваа загуба, Марван избегал во Египет, каде што подоцна бил убиен. Остатокот од неговото семејство исто така било погубено[6].

Веднаш по нивната победа, Ас-Сафха ги испратил своите сили во Централна Азија, каде што неговите сили се бореле против проширувањето на Династија Танг за време на битката кај Талас. Благородното иранско семејство Бармакиди ја претставило првата светска фабрика за хартија во градот, со што започнала нова ера на интелектуална преродба во доменот на Абасидите. Ас-Сафха се фокусирал на задушување на бројните бунтови во Сирија и Месопотамија. Византијците спровеле неколку напади за време на овие рани години[6].

(752-775)

The city of Багдад помеѓу 767 и 912

Првата промена на Абасидите, под Ал-Мансур, била да се премести престолнината на империјата од Дамаск, Сирија, во Багдад во Ирак. Ова се направило за да се смират страстите и да се биде поблиску до персиската база за поддршка на мавалите во овој регион, а дел од персиските мавали барале помала арапска доминација во империјата. Багдад бил основан на реката Тигар во 762 година. Багдад бил првичното јадро на новонастанатиот главен град на Абасидите. И покрај тоа што е невозможно да се наведат какви било директни влијанија, сепак имало неколку примери на кружни градови од предисламска Персија, кои можеби обезбедиле инспирација за негова изградба[9]. Нова позиција, онаа на везирот, исто така била основана за делегирање на централната власт, а уште поголема власт била доделена на локалните емири[10].

Ова на крајот значело дека многу абасидски калифи биле преокупирани повеќе на церемонијалната улога отколку кај Омејадите, бидејќи везирите почнале да имаат поголемо влијание, а улогата на старата арапска аристократија полека била заменета со персиската бирократија[10].

Абасидите во голема мера зависеле од поддршката на Персијцитеs[1] при нивното соборување на Омејадите. Наследникот на Абу ал-Абас, Ал-Мансур ги прифатил повеќе неарапските муслимани. Иако ова помогнало да се интегрираат арапските и персиските култури, тој започнал да одбегнува многу од нивните арапски поддржувачи, особено Арапите од Хоросан, кои ги поддржале во нивните битки против Омејадите.

Овие пукнатини во нивната поддршка довело до непосредни проблеми. Омејадите иако не биле на власт, тоа не значело дека биле целосно уништени. Единствениот преживеан член на кралското семејство од Омејадите, кое било целосно уништено, на крајот се упатил кон Шпанија, каде што се етаблирал како независен емир (Абдурахман I, 756). Во 929 година, Абдурахман III ја презел титулата калиф, со што ел-Андалуз од Кордоба станал ривал на Багдад како легитимен главен град на Исламската Империја.

Битка кај Талас

Во 756 година, калифот Ал-Мансур испратил над 4.000 арапски платеници за да им помогне на династијата Танг во бунтот Ан Ши против Ан Лушан. Абасидите или „Црните знамиња“, како што вообичаено се нарекувале, биле познати во хрониките на династијата Танг, како hēiyī Dàshí. Ал-Рашид испратил амбасади во кинеската династија Танг и воспоставил добри односи со нив[11]. По војната, овие амбасадори останале во Кина</ref>[12][13][14][15], а калифот воспоставил сојуз со Кина[11].

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Hoiberg 2010, стр. 10.
  2. Canfield, Robert L. (2002). Turko-Persia in Historical Perspective. Cambridge University Press. стр. 5. ISBN 9780521522915.
  3. „ABŪ MOSLEM ḴORĀSĀNĪ – Encyclopaedia Iranica“. www.iranicaonline.org. Посетено на 2015-11-20.
  4. Finer, S. E. (1999-01-01). The History of Government from the Earliest Times: Volume II: The Intermediate Ages p.720. OUP Oxford. ISBN 9780198207900.
  5. Holt 1984.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Dupuy & Dupuy 1986, стр. 233.
  7. Lewis 1995, стр. 102.
  8.  Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Abbasids“ . Encyclopædia Britannica. 1 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 10.
  9. http://www.iranicaonline.org/articles/baghdad-iranian-connection-1-pr-Mongol
  10. 10,0 10,1 Anon 2008
  11. 11,0 11,1 Bloodworth & Bloodworth 2004, стр. 214
  12. Kitagawa 1989, стр. 283
  13. Smith & Weng 1973, стр. 129
  14. Baker 1990, стр. 53
  15. Fitzgerald 1961, стр. 332