Ерта Але: Разлика помеѓу преработките

Координати: 13°36′N 40°40′E / 13.600° СГШ; 40.667° ИГД / 13.600; 40.667
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{во изработка}}
{{Infobox mountain
{{Infobox mountain
| name = Ерта Але
| name = Ерта Але

Преработка од 20:13, 16 декември 2017

Ерта Але
Ерта Але во мај 2008
Највисока точка
Надм. вис.613 м [1]
Заведена какоСписок на вулкани во Етиопија
Координати13°36′N 40°40′E / 13.600° СГШ; 40.667° ИГД / 13.600; 40.667[2]
Географија
Ерта Але на карта

Карта

Геологија
ВидШтитест вулкан
Последен избув1967 до денес[2]

Ерта Але е  вулкан во Етиопија кој наоѓа во северниот дел на Големата Раседна Долина, поточно во Афарската Депресија. Ерта Але значи "планина која чади" на афарски јазик.

Географија

Сателитска слика од северот на Афарската депресија во чиј центар (ЕА), е вулкански систем вклучително и Ерта Але.
Лавинско езеро на Ерта Але во 2001 година.

Локација и топографија

Ерта Але, иако не е многу висока (613 метри надморска височина), е многу широк вулкан  триесет километри во дијаметар. Таа е дел од вулкански систем, вклучувајќи ги, од север кон југ на Гада Але, Алу-Дала Фила, Борале Але, Ерта Але, Hayli GubПредлошка:Lien и Але Багу кој се протега на 95 километри должина и 42 километри широчина. Се наоѓа на југ од Далол.

Ерта Але на врвот има купа 1 600 метри долга и 700 метри широка, свртена во насока север-југ. Во купата лежат два кратера во облик на кружни бунари со вертикални ѕидови. Според вулканската активност, лавински езера се наоѓаат во овие кратери, и тие исчезнат или надоаѓаат привремено.[се бара извор].

Геологијата

Лава истечена од Ерта Але е базалтска, без многу вулкански гасови, а највисоката измерена температура била 1 217 Предлошка:Tmp.

Измерениот топлински бран бил  30 kW·м-2Предлошка:Unité/2.

Афарската депресија каде што се наоѓа вулканот сочинува дел од Големата Раседна Долина која поминува низ источна Африка од север кон југ, и која би можела доколку нејзиниот развој продолжи, да создаде нов океан како Црвеното море.

Историја

Сместена во регион на пустината и малку лесен пристап, Ерта Але почнале да ја проучуваат вулканолозите дури од доцните 1960-ти и раните 1970-ти, но била забележана од страна на Европејците, за прв пат во 1841 и искачена во 1873.

Во 1968 година, првата француско-италијанска вулканолошка експедиција дошла на врвот на Ерта Але. Арун Тазиеф и Џорџо Маринели виделе две лавински езера : во северниот кратер Северно езеро од сто метри во дијаметар и многу активен и во централниот кратер езеро од 65 метри во дијаметар и помалку активно, и двете се наоѓале на длабочина од 165 метри и биле активнинајмалку од 1906 година. Нивото на езерата не престанало да оди нагоре : во 1971 година, тие биле на само десетина метри од работ на кратерите и го имале отприлика истиот дијаметар а во 1972 година, тие протекле поплавувајќи го подот на купата. Тоа траело до 1974 година.

Немало други набљудувања се до ноември 1992 година освен некои антенски истражувања и сателитските набљудувања. Колапс на ѕидовите на северниот кратер го закопал лавинското езеро. Нивото на централното езеро, со димензии биле од 40 до 70 метри, паднало на сто метри.

Во 2001 година, војната со Еритреја завршила и тимови на научници можеле да направат мерења. Езерото изнесувало 80 од 100 метри, сместено на длабочина од 80 метри и редовно испуштало лавински фонтани високи од пет до десет метри. Од овој датум, вулканот редовно се посетува. Набљудувањето на лавинското езеро покажува чести промени на нивото и на активноста.

Лавинските езера покажуваат интензивна активност : се формира кора од изладена лава, но таа е пробушена од лавински фонтани редовни придружени со испуштање вулкански гасови. Освен тоа струи на конвекција постојат во лавинското езеро, кои ја придвижуваат кората. Така можат да се набљудуваат  зони на акреција и минијатурни субдукции.

По краток период кога езерото е стврднато, повторно наидува ерупција. Лавинското езеро во југоисточниот кратер повторно постои. Неговото ниво варира од месец до месец. Кога се спушта, остава стврднати тераси од базалт. Тие пак ќе покриени неколку месеци подоцна, кога езерото ќе почне да се накачува.

Прилог

Користена литература:

Поврзани статии

Наводи

  1. „Erta Ale, Ethiopia“. Volcano World. Oregon State University. Посетено на 2007-08-08.
  2. 2,0 2,1 „Erta Ale“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 2009-02-22. (англиски)

Надворешни врски