Таратор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:
| вид =
| вид =
| темература = ладно, и може да се сервира во чаша
| темература = ладно, и може да се сервира во чаша
| главни_состојки = [[кисело млеко]], или [[јогурт]], [[красавица]], [[лук]], [[орев]], [[мирудија]] [[зеленчук]]
| главни_состојки = [[кисело млеко]], или [[јогурт]], [[краставица]], [[лук]], [[орев]], [[мирудија]] [[зеленчук]]
| варијанти = повеќе
| варијанти = повеќе
| калории =
| калории =

Преработка од 11:13, 23 ноември 2017

Таратор
Тулумба
Дел од оброкотсупа
Главни состојкикисело млеко, или јогурт, краставица, лук, орев, мирудија зеленчук
Варијантиповеќе
Таратор

Таратор или таратур — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.

Како се прави (рецепт)

Состојки (за четворица)

Потребен специјален прибор

  • дрвен сад за толчење
  • дрвен толчник

Подготвување

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

Сервирање

Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.