За природата на нештата: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 24: Ред 24:


== Историја на ракописите ==
== Историја на ракописите ==
[[File:T. Lucretii Cari De rerum natura.tif|thumb|''De rerum natura'', 1570]]
Копии од поемата биле зачувани во повеќе средновековни библиотеки, од кои два ракописи од IX век се зачувани до денес и постојат наводи за други кои датираат од XX до XII век. Поемата била одново откриена во Јануари 1417 год. од [[Погио Бракиолини]] (Poggio Bracciolini) преку сега загубен средновековен ракопис, веројатно во бенедиктинската библиотека во [[Фулда]]. Копијата откриена од Погио не преживеала, туку копија направена од пријателот на Погио, Николо де Николи. Таа денес се чува во [[Лаврентинска библиотека|Лаврентинската библиотека]] во Фиренца („Codex Laurentianus 35.30“). [[Макијавели]] направил една копија за време на неговиот живот, додека [[Молиер]] направил превод кој нема преживеано. Првото печатено издание на ''За природата на нештата'' било отпечатено во [[Бреша]], [[Ломбардија]] во 1473 година. Потоа следувале и други печатени изданија.<ref name=TNY /> Се верува дека [[Данте]] ја има прочитано поемата, затоа што неколку стихови од неговата ''[[Божествена комедија]]'' наликуваат на стилот на Кар, нешто што поинаку тешко би се објаснило.<ref name="edu.lascuola.it">{{cite web | title=Hortus Apertus – La fortuna – Dante e Lucrezio | url=http://www.edu.lascuola.it/edizioni-digitali/Cappelli/HortusApertus/vol_1/Lucrezio/26_LAFORTUNA.pdf}}</ref>
Копии од поемата биле зачувани во повеќе средновековни библиотеки, од кои два ракописи од IX век се зачувани до денес и постојат наводи за други кои датираат од XX до XII век. Поемата била одново откриена во Јануари 1417 год. од [[Погио Бракиолини]] (Poggio Bracciolini) преку сега загубен средновековен ракопис, веројатно во бенедиктинската библиотека во [[Фулда]]. Копијата откриена од Погио не преживеала, туку копија направена од пријателот на Погио, Николо де Николи. Таа денес се чува во [[Лаврентинска библиотека|Лаврентинската библиотека]] во Фиренца („Codex Laurentianus 35.30“). [[Макијавели]] направил една копија за време на неговиот живот, додека [[Молиер]] направил превод кој нема преживеано. Првото печатено издание на ''За природата на нештата'' било отпечатено во [[Бреша]], [[Ломбардија]] во 1473 година. Потоа следувале и други печатени изданија.<ref name=TNY /> Се верува дека [[Данте]] ја има прочитано поемата, затоа што неколку стихови од неговата ''[[Божествена комедија]]'' наликуваат на стилот на Кар, нешто што поинаку тешко би се објаснило.<ref name="edu.lascuola.it">{{cite web | title=Hortus Apertus – La fortuna – Dante e Lucrezio | url=http://www.edu.lascuola.it/edizioni-digitali/Cappelli/HortusApertus/vol_1/Lucrezio/26_LAFORTUNA.pdf}}</ref>



Преработка од 15:43, 21 ноември 2017

Воведот во „За природата на нештата“ (изд. 1483), примерок изработен за папата Сикст IV.

„За природата на нештата“ (латински: De rerum natura) — поема напишана во првиот век од страна на римскиот поет и филозоф Лукретиј Кар (99 п.н.е – 55 п.н.е), со цел на римската јавност да ѝ ја претстави филозофијата на Епикур. Поемата е составена од околу 7,400 хексаметри и поделена е на шест ненасловени книги во кои авторот се занимава со епикурејската физика со богат поетски јазик и метафори.[1]

Лукретиј Кар ги презентира принципите на атомизмот, природата на умот и на душата, дава објаснување на сетилноста и мислата, развитокот на светот и неговите феномени и објаснува разни небесни и земни феномени. Универзумот кој е опишан во поемата функционира според тие физички принципи и е управуван од фортуната, ‘случајот’, а не според божествената интервенција на традиционалните римски божества.[2]

Преглед

Според Епикур, несреќата и деградацијата на човечките суштества во голема мера произлегува од стравот што тие го имаат од силата на божествата и од ужасот на нивниот гнев. Гневот се покажува преку несреќите кои им се нанесуваат на луѓето во овој живот, или пак, од идните вечни страдања кои им следуваат на виновните. Отстранување на тие стравови, а со тоа и постигнување на смиреност во срцето, била целта на неговото учење. Па така, божествата, чие постоење тој не го порекнува, според него живеат вечно во апсолутен мир, ним им се туѓи страстите, желбите и стравовите кои го опседнуваат човечкото срце и тие се целосно индиферентни спрема светот и неговите жители, ниту пак им влијаат доблестите или злоделата на луѓето.

За да го докаже овој став тој се повикува на атомизмот на Демокрит, со цел да покаже дека материјалниот универзум не е создаден од некакво врховно битие, туку преку мешање на основните честички кои постоеле од секогаш и се управувани од одредени едноставни закони. Задачата на Лукретиј Кар била јасно да ги изложи и целосно да ги развие овие гледишта на примамлив начин; неговото дело е обид да покаже дека се во природата може да биде објаснето преку природните закони, без потреба од интервенција на божествените суштества.

Лукретиј Кар го поистоветува натприродното со идејата дека божествата го создале нашиот свет или дека тие се мешаат во неговото функционирање. Тој аргументира против таквиот страв од божествата, демонстрирајќи преку набљудувања и аргументи, дека операциите во овој свет можат да се објаснат преку природните феномени. Овие феномени се регуларните, но бесцелни движења и интеракции, на ситните атоми во празниот простор. Потоа, тој аргументира против стравот од смртта тврдејќи дека смртта е разложување на материјалниот ум на човекот. Лукретиј Кар ја користи аналогијата со садот, велејќи дека физичкото тело е садот кој ги содржи умот (mens) и духот (anima) на човекото суштество. Ниту умот, ниту духот не можат да преживеат независно од телото. Лукретиј Кар вели дека откако садот (телото) се растура (умира), неговата содржина (умот и духот) не можат повеќе да постојат. Па така, ако смртта е едноставно престанување, тогаш таа не може да биде ниту добра, ниту зла. Ако е целосно без сетилност и мисла, човекот е мртов и не може да му недостига да биде жив. Според Лукретиј Кар, стравот од смртта е проекција на ужасите и стравовите искусени во животот, на болката што само живиот ум може да ја почувствува. Лукретиј Кар исто така го изнесува ‘аргументот на симетрија’ против стравот од смртта. Во него, тој вели дека луѓето што се плашат од можноста за вечно непостоење после смртта треба да погледнат назад кон вечноста на непостоење пред нивното раѓање, кое веројатно не им претставувало некакво страдање.[3]

Содржина

Поемата се состои од шест ненасловени книги напишани во хексаметар. Првите три книги даваат основен приказ на битието и ништоста, материјата и просторот, атомите и нивните движења, бескрајноста на универзумот во однос на времето и на просторот, регуларноста на репродукцијата, природата на умот (animus, управувачка мисла) и духот (anima, sentience) како материјални телесни ентитети и нивната смртност, затоa што според Лукретиј Кар, тие и нивните функции (свеста, болката) завршуваат со телата во кои се содржат и со кои се преплетени. Последните три книги даваат атомистичко и материјалистичко објаснување на феномените кои се однесуваат на видот и сетилата, сексот и репродукцијата, природните сили и земјоделството, небото и болестите.

Поемата почнува со повикување на Венера, на која Лукретиј Кар ѝ се обраќа како алегориска претстава на репродуктивната моќ, по што делото продолжува со разгледување на претставата на природата на божествата која води до суеверие и ужаснување од истите. Потоа следува долго објаснување на аксиомата дека ништо не може да настане од ништо и дека ништо не може да биде сведено на ништо (Nil fieri ex nihilo, in nihilum nil posse reverti), што произлегува од дефиницијата на атомите, бесконечни по број, кои заедно со празниот простор, со бескрајно протегање, го сочинуваат универзумот. Првите две книги ги опфаќаат следниве теми: обликот на атомите, нивните својства, нивните движења, законите според кои тие се соединуваат и заземаат форми и квалитети восприемливи преку сетилата; некои други прелиминарни прашања за нивната природа и влијание; побивање на приговори и противставени хипотези.[3]

Во третата книгa, општите концепти кои се веќе предложени се применети со цел да се покаже дека виталните и интелектуални принципи, Anima и Animus, се исто толку дел од нас колку што се и нашите органи, но како што тие органи немаат одвоено и независно постоење, така и душата и телото живеат и исчезнуваат заедно. Доказот оди во насока на докажување на безумноста на ужасот од смртта, затоа што со смртта ќе исчезне и секакво чувствување.[3] Четвртата книга е посветена на теоријата на сетилата, видот, слухот, вкусот, мирисот, спиењето и соништата и завршува со расправа за љубовта и сексот.[3]

Петтата книга се осврнува на потеклото на светот и сите нешта во него, движењето на небесните тела, промената на годишните времиња, денот и ноќта, подемот и напредокот на човештвото, општеството, политичките институции и измислувањето на разните уметности и науки кои го облагородуваат животот.[3] Шестата книга содржи објаснување на некои од највпечатливите природни појави, особено громот, молњата, градот, дождот, снегот, мразот, студот, топлината, ветрот, земјотресите, вулканите, изворите и местата штетни за животинскиот живот што води до расправа за болестите. Тука тој дава еден опис на големата чума што ја погодила Атина за време на Пелопонеската војна и тука книгата завршува. Ненадејниот крај предложува дека Лукретиј Кар не успеал да го заврши уредувањето на поемата пред неговата смрт.

Цел

Лукретиј Кар му ја пишува поемата на ‘Мемиј’, кој може да е Гај Мемиј кој во 58 год. п.н.е. бил претор, судски служител кој посредувал во спорови меѓу граѓаните и власта.[4] Постојат повеќе референци за ‘Мемиј’ низ поемата во разни контексти во преводот како ‘мој Мемиј’ или ‘почитуван Мемиј’. Според честото повторување во поемата, можно е главната цел на делото да биде со неа да му помогне на Гај Мемиј да се ослободи од натприродното и стравот од смртта и да му помогне при достигнувањето на атараксија преку изложување на филозофскиот систем на Епикур кој Лукретиј Кар го глорифицира како јунак на оваа епска поема. Сепак, целта на поемата е предмет на многу научни дебати. Лукретиј Кар четири пати во поемата го споменува Мемиј по име во првата книга, три пати во втората, пет пати во петата, но воопшто не го спомнува во третата, четвртата и шестата книга. Поради оваа дискрепанца, некои сметаат дека првата верзија на поемата била напишана за општо читателство, додека подоцна Лукретиј Кар ја уредил посебно за Мемиј. Сепак, името на Мемиј е поврзано со низа клучни стихови во поемата затоа оваа хипотеза најчесто се отфрла.[5]

Историја на ракописите

De rerum natura, 1570

Копии од поемата биле зачувани во повеќе средновековни библиотеки, од кои два ракописи од IX век се зачувани до денес и постојат наводи за други кои датираат од XX до XII век. Поемата била одново откриена во Јануари 1417 год. од Погио Бракиолини (Poggio Bracciolini) преку сега загубен средновековен ракопис, веројатно во бенедиктинската библиотека во Фулда. Копијата откриена од Погио не преживеала, туку копија направена од пријателот на Погио, Николо де Николи. Таа денес се чува во Лаврентинската библиотека во Фиренца („Codex Laurentianus 35.30“). Макијавели направил една копија за време на неговиот живот, додека Молиер направил превод кој нема преживеано. Првото печатено издание на За природата на нештата било отпечатено во Бреша, Ломбардија во 1473 година. Потоа следувале и други печатени изданија.[1] Се верува дека Данте ја има прочитано поемата, затоа што неколку стихови од неговата Божествена комедија наликуваат на стилот на Кар, нешто што поинаку тешко би се објаснило.[6]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Greenblatt, Stephen (8 August 2011). „The Answer Man – An ancient poem was rediscovered—and the world swerved“. The New Yorker. Condé Nast. LXXXVII (23): 28–33. ISSN 0028-792X.
  2. In particular, De rerum natura 5.107 (fortuna gubernans, "guiding chance" or "fortune at the helm"): see Monica R. Gale, Myth and Poetry in Lucretius (Cambridge University Press, 1994, 1996 reprint), pp. 213, 223–224 online and Lucretius (Oxford University Press, 2007), p. 238 online.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Ramsay, 1867, стр. 829–30
  4. Walter Englert (2003). Lucretius: On the Nature of Things. Focus Pub./R. Pullins. стр. xii. ISBN 978-0-941051-21-7. Посетено на 8 December 2012.
  5. Bruns, Lukrez-Studien (Freiburg, J.C.C. Mohr, 1884)
  6. „Hortus Apertus – La fortuna – Dante e Lucrezio“ (PDF).

Надворешни врски