Охридски рамковен договор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23: Ред 23:
'''Охридскиот рамковен договор''' — договор за внатрешното уредување на малцинските права во [[Република Македонија]], потпишан на [[13 август]] [[2001]] година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на [[ЕУ]] и на [[САД]]. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската [[ОНА]] и македонските вооружени сили во [[Конфликтот од 2001]]. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.<ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1284 А1, 12.8.2001: Соопштение од СМК]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1925 А1, 4.9.2001: МААК ќе покрене правна процедура за поништување на рамковниот договор]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1922 А1, 4.9.2001: Повеќе од половина Македонци против Рамковниот договор]</ref><ref>[http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce450/Tekst20.htm Македонско Сонце, 2002: НЕАЛБАНСКИТЕ ЕТНИКУМИ ПРОТИВ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1397 А1, 15.8.2001: Македонската дијаспора против рамковниот договор]</ref>

Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D029D2A3FC20BD4C8DB35F78BD249021 Дневник, 12.8.2009: Рамката поширока од државата]</ref><ref>[http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112493 МИА, 12.8.2009: Рамковен договор - осум години потоа]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=82611 A1, 13.08.2007: ДУИ организира свеченост за Рамковниот]</ref>
Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на припадниците на албанската етничка заедница.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D029D2A3FC20BD4C8DB35F78BD249021 Дневник, 12.8.2009: Рамката поширока од државата]</ref><ref>[http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112493 МИА, 12.8.2009: Рамковен договор - осум години потоа]</ref><ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=82611 A1, 13.08.2007: ДУИ организира свеченост за Рамковниот]</ref>

== Преговори ==
== Преговори ==
Ред 32: Ред 32:
Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ [[Борис Трајковски]], претставниците на политичките партии: [[Бранко Црвенковски]], претседател на [[СДСМ]], [[Љубчо Георгиевски]], претседател на [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Имер Имери]], претседател на [[ПДП]], и [[Арбен Џафери]], претседател на [[ДПА]], потоа претставници на ЕУ: [[Франсоа Леотар]] и [[Хавиер Солана]], претставници на САД: [[Питер Фејт]] и [[Џејмс Пердју]], разни советници и експерти: [[Владо Поповски]], [[Љубомир Фрчковски]] и други.

Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.<ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96332 А1, 13.08.2008: Пердју: Охридските преговори беа многу тешки]</ref> Според книгата на Петрит Менај, ОНА-порака и надеж, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и Али Ахмети иако тој формално не бил учесник на преговорите.[http://www.soros.org.mk/mk/Home/Publication?newsID=339&catID=9]
Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.<ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96332 А1, 13.08.2008: Пердју: Охридските преговори беа многу тешки]</ref> Според книгата на Петрит Менај, „ОНА-порака и надеж“, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и [[Али Ахмети]], иако тој формално не бил учесник на преговорите.<ref>[http://www.soros.org.mk/mk/Home/Publication?newsID=339&catID=9 Петрит Менај, ОНА порака и надеж - Том 2, ФИООМ, 2008]</ref>

== Потписници ==
== Потписници ==
Ред 68: Ред 68:
Во анексот А стои дека сегашната Преамбула на Уставот на РМ се заменува со јазик заснован врз концептите на индивидуални права и граѓанско општество:
Во анексот А стои дека сегашната Преамбула на Уставот на РМ се заменува со јазик заснован врз концептите на индивидуални права и граѓанско општество:

"Граѓаните на Република Македонија, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувувањето и развојот на се што е вредно од богатото културно наследство и соживотот во Македонија..."
„Граѓаните на Република Македонија, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувувањето и развојот на се што е вредно од богатото културно наследство и соживотот во Македонија...

Анексот Б предвидува измени во законодавството. Предвидено е донесување на повеќе закони меѓу кои и законот за локална самоуправа, законот за локално финансирање, за територијална поделба, за изборни единици, потоа нов деловник на Собранието, закони што се однесуваат на употребата на јазиците и други.
Анексот Б предвидува измени во законодавството. Предвидено е донесување на повеќе закони меѓу кои и Законот за локална самоуправа, Законот за локално финансирање, за територијална поделба, за изборни единици, потоа нов деловник на Собранието, закони што се однесуваат на употребата на јазиците и други.

Анексот Ц се однесува на имплементацијата на Договорот и мерките за градење на доверба. Овде се регулирани прашањата за пописот, изборите, враќањето на бегалците и улогата на меѓународната заедница.
Анексот Ц се однесува на имплементацијата на Договорот и мерките за градење на доверба. Овде се регулирани прашањата за пописот, изборите, враќањето на бегалците и улогата на меѓународната заедница.

Во книгата Улогата на разузнавањето во противбунтовништво, од Александар Илиев,2014, се наведува дека содржината на Охридскиот рамковен договор во основа ги содржи гледиштата на САД за потребни реформи во Македонија изнесени уште во периодот од 1994 до 1996 година, а кои се однесувале на човековите права и правата на етничките Албанци,но не и првичните барања на ОНА за отцепување на албанските области од Македонија.[http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?id=1250290774482630]
Александар Илиев во книгата Улогата на разузнавањето во противбунтовништво, од 2014, наведува дека содржината на Охридскиот рамковен договор во основа ги содржи гледиштата на САД за потребни реформи во Македонија изнесени уште во периодот од 1994 до 1996 година, а кои се однесувале на човековите права и правата на етничките Албанци, но не и првичните барања на ОНА за отцепување на албанските области од Македонија.[http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?id=1250290774482630]

== Поврзано ==
== Поврзано ==
Ред 83: Ред 83:

== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
* [http://mls.gov.mk/index.php?news=450 Текстот на Охридскиот рамковен договор]
* [http://www.siofa.gov.mk/data/file/Ramkoven_dogovor_mk.pdf Текстот на Охридскиот рамковен договор]
* [http://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/06358.pdf Бибер, Ф. (ур.), Поделба на моќта и спроведување на Охридскиот рамковен договор], Фондација Фридрих Еберт, Скопје, 2008.
* [http://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/06358.pdf Бибер, Ф. (ур.), Поделба на моќта и спроведување на Охридскиот рамковен договор], Фондација Фридрих Еберт, Скопје, 2008.
* [http://mcms.mk/mk/za-nasata-rabota/istrazuvana-i-publikacii/1144-ohridski-ramkoven-dogovor-intervjua.html Охридски рамковен договор - Интервјуа], МЦМС, Скопје, 2011.
* [http://mcms.mk/mk/za-nasata-rabota/istrazuvana-i-publikacii/1144-ohridski-ramkoven-dogovor-intervjua.html Охридски рамковен договор - Интервјуа], МЦМС, Скопје, 2011.
* [http://mcms.mk/mk/za-nasata-rabota/istrazuvana-i-publikacii/1142-ohridski-ramkoven-dogovor-studii-na-slucaj.html Охридски рамковен договор - Студии на случај], МЦМC, Скопје, 2011.
* [http://mcms.mk/mk/za-nasata-rabota/istrazuvana-i-publikacii/1142-ohridski-ramkoven-dogovor-studii-na-slucaj.html Охридски рамковен договор - Студии на случај], МЦМC, Скопје, 2011.
* [https://www.seeu.edu.mk/files/research/projects/OFA_MK_Final.pdf Блерим Река (ур.), „Десет години од Охридскиот рамковен договор“, Тетово, 2011.]

[[Категорија:Република Македонија, вооружен конфликт 2001]]
[[Категорија:Република Македонија, вооружен конфликт 2001]]
[[Категорија:Мировни договори]]
[[Категорија:Историја на Охрид]]
[[Категорија:Историја на Охрид]]
[[Категорија:Албански сепаратизам]]
[[Категорија:Албански сепаратизам]]

Преработка од 10:12, 10 ноември 2017

Охридски рамковен договор
Потпишан13 август 2001
МестоОхрид, Македонија
Потписници
Јазиканглиски
Анекс кон Охридскиот рамковен договор

Охридскиот рамковен договор — договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.[1][2][3][4][5]

Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на припадниците на албанската етничка заедница.[6][7][8]

Преговори

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор.

Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти: Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и други.

Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.[9] Според книгата на Петрит Менај, „ОНА-порака и надеж“, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и Али Ахмети, иако тој формално не бил учесник на преговорите.[10]

Потписници

По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август 2001 во Скопје договорот го потпишале (по азбучен ред):

Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници:

Содржина на договорот

Рамковниот договор целосно и безусловно ја отфрла употребата на насилството за остварување на политичките цели. Само мирни политички решенија можат да ја гарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Во тој контекст, Договорот предвидува целосен прекин на непријателствата, разоружување на етничките албански вооружени групи и нивно целосно распуштање.

Охридскиот договор потенцира дека развојот на локалната самоуправа е од најголемо значење за почитување на идентитетот на заедниците. Со Рамковниот договор се предвидува да се ревидира Законот за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа.

Договорот предвидува целосно почитување на принципот на недискриминација и рамноправен правичен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија. Во Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избираат од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број на пратеници, припадници на заедниците. Истата постапка важи и за изборот на Народниот правобранител и на тројцата членови на Судскиот совет.

Новина е што на централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа нема да можат да се усвојат без квалификувано двотретинско мнозинство, при што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците што припаѓаат на заедниците. Истиот принцип важи и за донесување на закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници.

Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен.

Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство.

Договорот е составен од три анекси:

  • анекс А за уставни амандмани,
  • анекс Б за измени во законодавството и
  • анекс Ц за имплементација и мерки за градење на доверба.

Во анексот А стои дека сегашната Преамбула на Уставот на РМ се заменува со јазик заснован врз концептите на индивидуални права и граѓанско општество:

„Граѓаните на Република Македонија, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувувањето и развојот на се што е вредно од богатото културно наследство и соживотот во Македонија...“

Анексот Б предвидува измени во законодавството. Предвидено е донесување на повеќе закони меѓу кои и Законот за локална самоуправа, Законот за локално финансирање, за територијална поделба, за изборни единици, потоа нов деловник на Собранието, закони што се однесуваат на употребата на јазиците и други.

Анексот Ц се однесува на имплементацијата на Договорот и мерките за градење на доверба. Овде се регулирани прашањата за пописот, изборите, враќањето на бегалците и улогата на меѓународната заедница.

Александар Илиев во книгата Улогата на разузнавањето во противбунтовништво, од 2014, наведува дека содржината на Охридскиот рамковен договор во основа ги содржи гледиштата на САД за потребни реформи во Македонија изнесени уште во периодот од 1994 до 1996 година, а кои се однесувале на човековите права и правата на етничките Албанци, но не и првичните барања на ОНА за отцепување на албанските области од Македонија.[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски