Разлика помеѓу преработките на „Ортов Облак“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 4 бајти ,  пред 2 години
нема опис на уредувањето
(Создадена страница со: Ортов облак (или Орт-Опиков облак) е претпоставен сферен облак комета кој се наоѓа н...)
 
Ортов облак (или Орт-Опиков облак) е претпоставен сферен облак комета кој се наоѓа на спојната граница на [[Сончевиот систем]] на оддалеченост од 2000 до 100.000 Астрономски Единици од Сонцето. Ова значи дека се наоѓа на четвртина далечина до [[Проксима Кентаури]], најблиската ѕвезда на Сонцето. Надворешните граници на Ортовиот облак претставуваат космолошка граница на [[Сончевиот систем]] и областа на гравитационата доминација на [[Сонцето]].
Се смета дека Ортовиот облак опфаќа два одвоени дела: сферен надворешен Ортов облак и внатрешен Ортов облак во облик на диск. Објектите во Ортовиот облак се воглавно составени од лед, како што се водени, амонијаков и метански лед. Астрономите веруваат дека материјата која ја сочинува Ортовиот облак се формирала блиску до Сонцето и се расфрлила длабоко во вселената поради делување на гравитациони сили во раната еволуција на [[Сончевиот систем]].
Иако нема потврдени директни набљудувања, астрономите веруваат дека Ортовиот облак е извор на сите долгопериодични комети и комет од Халијевиот тип, како и многу кентаури, но и комета од [[Јупитеровиот]] тип. Надворешниот Ортов облак е само динамично поврзан со [[Сончевиот систем]], и поради тоа лесно паѓа под гравитациски впечаток, како ѕвездите кој проаѓаат, така и галаксијата [[Млечен пат]]. Овие сили привремено исфрлаат комети од својата орбита внатре во облакот и ги праќаат во внатрешниот Сончев систем. Според нивната орбита, големината на краткопериодичните комети веројатно се однесува на расеаниот диск, но некои можеби се однесуваат на Ортовиот облак. Иако Којперовиот појас и расеаниот диск се надгледувани и мапирани, само четири се моментално познати кај орбитата на [[Нептун]] -90377 Sedna, 2000 CR105, 2006 SQ372 и 2008 KV42- се сметаат дека се можни членови на внатрешниот дел на Ортовиот облак.
 
'''Хипотеза'''
147

уредувања

Прегледник