Таратор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с Bjankuloski06 ја премести страницата Таратур на Таратор презапишувајќи врз пренасочување
(нема разлика)

Преработка од 06:40, 3 октомври 2017

Таратор

Таратор или таратур — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.

Како се прави (рецепт)

Состојки (за четворица)

Потребен специјален прибор

  • дрвен сад за толчење
  • дрвен толчник

Подготвување

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

Сервирање

Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.