Димитар Башевски: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-романсиер +романописец) |
|||
Ред 1: | Ред 1: | ||
'''Димитар Башевски''' е [[Македонци|македонски]] [[ |
'''Димитар Башевски''' е [[Македонци|македонски]] [[романописец]], [[поет]] и [[преведувач]]. <ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.pen.org.mk/publications/members/tekst.asp?lang=mac&id=7|title= Био-библиографски белешки за членовите -Димитар Башевски|publisher=Македонски ПЕН центар|language=македонски|accessdate=2010-09-19}}</ref> |
||
==Биографија== |
==Биографија== |
Преработка од 13:20, 28 септември 2017
Димитар Башевски е македонски романописец, поет и преведувач. [1]
Биографија
Димитар Башевски е роден во с. Ѓавато, Битолско на 27 јуни 1943 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Претседател не Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1969 година.
Дела
- Тугинец (роман, 1969)
- Враќање (роман, 1972)
- Раска (роман, 1974)
- Нема смрт додека ѕвони (роман, 1980)
- Една година од животот на Иван Плевнеш (роман, 1985)
- Куќата на животот (поезија, 1987)
- Сарајановскиот каранфил (роман, 1990)
- Дневникот на Ања (роман за деца, 1994)
- Привремен престој (поезија, 1995)
- Совладано време (поезија, 1998)
- Бунар (роман, 2001)
- Аголен камен (поезија, 2005)
- Братот (роман 2007)
- Во дланката своја си гледам (поезија, 2010
- Прозорци (роман, 2010)
- Белег. Сон (поезија, избор, 2012)
- Прозорци, нова верзија (роман, 2013)
- Мајсторот (раскази, 2013)
- Скршнувања (поезија, 2016)
- Круг (роман, 2017)
Неговите дела се преведувани и објавувани во странство на англиски, чешки, грчки, романски, српски, црногорски и албански. Застапуван во антологиите на македонската поезија и проза. Преведува од англиски. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“ и „Печалбарска повелба“. Во 2001 год. Башевски беше прогласен за лауреат на престижната награда „Роман на годината“ на Утрински весник за неговото дело, романот Бунар.