Пипер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35: Ред 35:
File:Феферонки-МК 01.jpg|Феферонки, вид на пипер, на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Феферонки-МК 01.jpg|Феферонки, вид на пипер, на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Феферонки-МК 03.jpg|Феферонки, вид на пипер, на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Феферонки-МК 03.jpg|Феферонки, вид на пипер, на нива во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
File:Пиперки МК.jpg|Пипер расте под пластеник во с.[[Добрејци]], [[Струмичко]]
</gallery>
</gallery>
</center>
</center>

Преработка од 12:00, 9 август 2017

Пипер
Зелена пиперка расте на нива во Струмичко, Македонија
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Зрновидни
Семејство: Зрнци
Род: Зрнец
Вид: Пипер(ки)
Научен назив
Capsicum annuum
L.
Синоними

Capsicum abyssinicum
Capsicum angulosum[1]

Пипер (науч. Capsicum annuum, разг. „пиперки“) — повеќегодишно зеленчуково растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Може да има благ и лут вкус и се употребува за исхрана на луѓе и животни, во свеж, готвен и преработен (во зачини, ајвар, конзевиран во туршија) облик. Потекнува од јужните делови на Северна Америка, Централна Америка и северните делови на Јужна Америка, од каде што е распространета ширум светот, а особено застапена и во Македонија. Во Македонија во 2010 година се произведени 168.150 тони пиперки[2].

Пиперката се користи како зеленчук, зачин и лек. Исто така се користи свежа, конзервирана како (туршија), сува или сува мелена (или „толчена“).

Родот на пиперката опфаќа едногодишна билка, во висинa до 1 -{m}-. Листовите на пиперката се јаjцести со шилести врвови. Цветаат во мај, а цветовите и се бели, црвени, светложолти или виоилетови. Плодот е топчест или долгнавест. Мирисот и вкусот на плодовите е (благ, сладок до извонрендо лут) се зависи од сортата и зрелоста. Долж нервите постојат жлезди кои синтетизираат алкалоид , капсаицин („одговорен“ за лутината и лековитост на пиперката). Основниот број на хромозом е x=12[3].

Видови (сорти) на пиперки

Постојат мноштво имиња за плодовите на поединечни сорти на пиперка. Најпознати видови на пиперки се: феферони, бабура, чили, ајварка (куртовска капија). Чили е назив за неколку врсти и сорти на пиперка, кои се одгледуваат на територијата на Мексико уште од 3000. година п. н. е.[4]

Систематизација и географско потекло на родот

Родот -{Capsicum}- опфаќа околу 25 видови. Постои претпоставка дека голем број на сортите е уште поголем и дека со деталните истражување на Неотрописот ќе се опишат и нови видови.[5] Еден од проблемите на класификацијата на сортите внатре родот е прашање на сродноста на три од вкупно четири одгледувани сорти (-{Capsicum annuum, Capsicum frutescens}- и -{Capsicum chinense}-). Поедини автори ги сметаат одвоени со сестринските видови[5], додека -{Pickersgill}-[6] и сметаат дека статусот на посебни видови е нелегитимен.

Галерија

Наводи

  1. "Утврдено со молекуларни филогенетски анализи. Погл. Филигенетика на родот зрнец (Solanum) (англиски)
  2. Новковска, Благица (2012). „Регионите во Република Македонија, 2012“ (PDF). регионален годишник. Скопје: Државен завод за статистика. стр. 114. Посетено на 18 декември 2015.
  3. Csilléry, G. Pepper taxonomy and the botanical description of the species. Acta Agronomica Hungarica 54 (2):151-166.
  4. Gil-Jurado, A. T., Il senso del chile e del piccante: dalla traduzione culturale alla rappresentazione visiva in (G. Manetti, ed.), Semiofood: Communication and Culture of Meal, Centro Scientifico Editore, Torino, Italy, 2006:34-58
  5. 5,0 5,1 Eshbaugh, W.H. 1993. Peppers: History and Exploitation of a Serendipitous New Crop Discovery. In: Janick, J. & Simon, J.E. (Ed.) New Crops, pp 132-139. Wiley: New York. Online Version, Приступљено 17. 4. 2013.
  6. Pickersgill, B. 1988. The genus Capsicum: a multidisciplinary approach to the taxonomy of cultivated and wild plants. Biol. Zentralbl. 107 (4): 381-389