Вавилон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 40: Ред 40:
* „Најбогатиот човек во Вавилон“ (''The Richest Man In Babylon'') - песна на американската група „[[Тивери Корпорејшн]]“ (''Thievery Corporation'').<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=oZKUTW5cucQ YouTube, Thievery Corporation - The Richest Man In Babylon (пристапено на 20.2.2017)]</ref>
* „Најбогатиот човек во Вавилон“ (''The Richest Man In Babylon'') - песна на американската група „[[Тивери Корпорејшн]]“ (''Thievery Corporation'').<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=oZKUTW5cucQ YouTube, Thievery Corporation - The Richest Man In Babylon (пристапено на 20.2.2017)]</ref>
* „Вавилон“ (''Babylon'') - песна на британската [[Панк рок|панк-рок]] група „[[Слитс]]“ (''Slits'') од 2009 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=F5tfFlsxnsY YouTube, The Slits - Babylon (пристапено на 12.5.2017)]</ref>
* „Вавилон“ (''Babylon'') - песна на британската [[Панк рок|панк-рок]] група „[[Слитс]]“ (''Slits'') од 2009 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=F5tfFlsxnsY YouTube, The Slits - Babylon (пристапено на 12.5.2017)]</ref>
* „На водите вавилонски“ (''By the Waters of Babylon'') – песна на композиторот [[Едвин Фисингер]].<ref>Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 25.</ref>


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==

Преработка од 18:31, 26 јули 2017

Остатоци од Вавилон

Вавилон (на вавилонски Babili, евр. Babel בבל) – е престолнината на Вавилонија, еден еден од најважните антички градови, а се наоѓал блиску денешниот град Ал Хилаха во Ирак. Вавилон е грчката варијанта на акадското име Бабилу, е антички град во Месопотамија (модерен Ал Хилах, Ирак). Тоа бил "светиот град на Вавилонија од рано доба, и седиштето на Неовавилонската Царство од 612 п.н.е.. Градот се наоѓал до реката Еуфрат, на околу 90 км јужно од Багдад во денешен Ирак (провинција Babil). Рушевините од тој град биле откриени во почетокот на 20 век (од Robert Koldewey и други).

Име

Името Вавилон произлегува од акадскиот збор Bab-ilim и означува Божја врата. Во покасно време името се изменило во времето на Александар Македонски и се преобразило во Вавилон. Во еврејската Библија името на Вавилон гласи בבל (Бабел), интерпретирано од популарната етимологија како „збрка“. Името на акадски јазик Бабилу значи „божја порта“, а која била превод на сумерското Кадингира.

Историја

За прв пат името Вавилон се споменува во текот на 3000 година п.н.е.. Околу 2200 г. П.н.е. Вавилон бил известен и како храмско место. Во време на царувањето на големиот цар Хамурапи (1792-1750 г. пр. Хр.) градот добил голема улогa во стариот Ориент. Тој завладеел со цела Месопотамија и е познат пред се по Кодекс Хамурапи, еден од првите владетели кои се придржувал на закони. (Видете: Вавилонско право). Од тоа време наваму продолжил да биде главен град на Вавилонија, иако за време на 440-годишната доминација од Каситите (1595-1185), градот бил преименуван во Карандиунаш. Ги изградил Набукодоносор за својата жена, ќерка на Сијаксарс, крал на Медеса. Најраниот запис на Вавилон е обележан со дата и табла, за време на владеењето на Саргон од Акад. Околу 20 век п.н.е. бил окупиран од Аморитите (номадско Семитско племе), преплавувајќи ја Месопотамија од запад. Првата Вавилонска династија била основана од Субу-абум, но градот-држава немал многу овластувања на околната територија, сè додека не станал главен град на Хамурабиевата империја.

Во текот на 1595 година п.н.е. Вавилон паднал под власта на Хетите, а малку подоцна пак и под Каситите. Каситите градот-држава Вавилон го направиле престолнина на Вавилонија. Многу е веројатно, градот да станал религиозен центар за регионот во текот на 12 век п.н.е. кога Мардук се издигнал во врховен Бог на месопотамскиот пантеон. По 1158 година п.н.е. Вавилон бил управуван од разни династии кога потпаѓа под Асирија. Во времето на управувањето на царовите на Нововавилонското царство, кое било основано од Набопаласар (605-562 г. пр. Хр.), халдејската династија го достигнала својот расцвет, а подоцна оваа развивање го продолжил и неговиот син Навуходоносор II.

Детал од портата на Иштар во Вавилон

Во 331 година п.н.е. Дариј III бил поразен од страна на Александар Македонски во битката кај Гавгамела. Во октомври истата година, Александар со својата војска влегол во градот и бил дочекан како ослободител. Под негово раководство, градот повторно се развил и станал голем трговски центар. Но по смртта на Александар неговото царство било поделено помеѓу неговите генерали и бил подложен на многу војни, поради кое градот многу се запустил веќе во 275 година п.н.е. Градот исто така е познат и по познатата Вавилонска кула. Градот бил откриен помеѓу 1899 и 1917 година од страна на германскиот археолог Роберт Колдевеј. Според античкиот историчар Херодот, Вавилон бил “еден огромен град, раскошно изграден како ниту еден друг град во светот“. Градот би требалода има 86 километри должина изграден на три или четири катови. Вавилон бил изграден од двете страни на река Еуфрат. Градот бил опкружен од двојна градба.

Градот според Библијата

Самиот град бил изграден на Еуфрат и бил поделен на еднакви делови на левата и десната страна од реката, со стрмни корита со цел да ги спречат сезонските излевања на реката. Вавилон растел во големина и станувал повеличествен, но постепено потпаѓал под Асирска власт. Се претпоставува дека Вавилон бил најголемиот град во светот од 1770 п.н.е. до 1670 п.н.е. и повторно помеѓу 612 п.н.е. и 320 п.н.е. Веројатно бил прв град кој имал популција над 200.000 жители.

Знаменитости на градот

Прекрасните Семирамидини висечки градини се наоѓале таму. Тие се меѓу светските чуда на античкиот свет. Исто така, во Вавилон се наоѓала и познатата Вавилонска кула.

Вавилон како тема во ументоста и во популарната култура

Вавилон се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура, како:

  • „Лотаријата во Вавилон“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[1]
  • „Вавилонската библиотека“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1941 година.[2]
  • До Вавилон со автобус“ (Babylon by Bus) - албум на „Боб Марли едн д вејлерс“ (Bob Marley and the Wailers) од 1978 година.[3]
  • „Вавилон гори“ (Babylon is burning) - песна на британската рок-група „Ратс“ (The Ruts).[4]
  • „На реките вавилонски“ (By the Rivers of Babylon) - песна на американската поп-група „Бони М“ (Bony M).[5]
  • „Најбогатиот човек во Вавилон“ (The Richest Man In Babylon) - песна на американската група „Тивери Корпорејшн“ (Thievery Corporation).[6]
  • „Вавилон“ (Babylon) - песна на британската панк-рок група „Слитс“ (Slits) од 2009 година.[7]
  • „На водите вавилонски“ (By the Waters of Babylon) – песна на композиторот Едвин Фисингер.[8]

Надворешни врски

  1. Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 36-41.
  2. Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 47-54.
  3. Bob Marley & The Wailers – Babylon By Bus (Full Album Flac + Artwork 1978) (пристапено на 26.11.2016)
  4. THE RUTS - BABYLONS BURNING (пристапено на 26.11.2016)
  5. Boney M ~ Rivers of Babylon (пристапено на 17.12.2016)
  6. YouTube, Thievery Corporation - The Richest Man In Babylon (пристапено на 20.2.2017)
  7. YouTube, The Slits - Babylon (пристапено на 12.5.2017)
  8. Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 25.