Разлика помеѓу преработките на „Африкански куп на нации“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
нема опис на уредувањето
 
===90-те години===
 
Во 1992 година во списокот на победници се појавило ново име - репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. За прв пат Купот на африканските нации се одржал во Сенегал, а бројот на учесниците бил зголемен до 12 репрезентации поради зголемениот број на земјите кои сакале да земат учество во квалификациите. Брегот на Слоновата Коска го освоил турнирот победувајќи ја Гана во финалето по изведувањето на пенали со 11-10. Репрезентацијата успеала да не дозволи да прими ниту еден гол од игра за време во петте средби од турнирот.
 
Во април 1993 година Замбија доживеала трагедија откако се урнал авионот со кој репрезентацијата на земјата патувала за Сенегал, за да го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство во САД. Во авионската несреќа починале сите 30 патници, вклучувајќи 18 фудбалери. Но неколку играчи кои настапувале во Европа, не биле во авионот за време на трагедијата. Тие станале основа на создавањето на новиот тим кој успеал да стигне до финалето на Купот на африканските нации во 1994 година во Тунис. Таму Замбија била поразена од Нигерија, за која ова било четврто финале за последните десет години.
 
Јубилејното дваесетто издание на Купот на африканските нации се одржало во Јужноафриканска Република во 1996 година. Ова било прво учество на домаќините на турнирот, откако била укината долгогодишната забрана за учество поради падот на апартхејдот и неуспешниот обид за пласман на првенството две години порано. На ова првенство учествувале 16 репрезентации од по четири групи, но во 1996 година тие биле 15 поради одбивањето на Нигерија да учествува во последен момент. Јужноафриканците го освоиле ова издание на турнирот и повторно стигнале на финалната средба две години подоцна, но таму биле поразени од составот на Египет, кој на тој начин стигнал до својата четврта титула, израмнувајќи се со Гана.
 
===21 век===
 
Првенството во 2000 година било првото што било организирано од две земји - Гана и Нигерија. На ова првенство победник била репрезентацијата на Камерун, која успеала да го повтори успехот на следното издание. Во првенствата во 2004 и 2006 година шампиони станале домашните репрезентации. Во првиот случај тоа бил Тунис, кој до тој момент го немал освоено ниту еднаш турнирот, а во вториот - Египет, за кој ова била рекордна петта титула.
 
Египет ги освоил и следните два турнири, во 2008 и 2010 година и на тој начин станал првиот тим кој станал фудбалски шампион на Африка три последователни пати. Во 2010 година Камерунецот [[Самуел Ето]] поставил рекорд за најмногу постигнати голови во историјата на Купот на африканските нации со вкупно 18 погодоци.

Прегледник