Сојуз на комунистите на Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
галерија вообичаено е најдолу
Ред 92: Ред 92:


[[Категорија:Комунистичка партија на Македонија| ]]
[[Категорија:Комунистичка партија на Македонија| ]]
[[Категорија:Поранешни политички партии во Македонија]]
[[Категорија:Социјалистичка Република Македонија]]
[[Категорија:Социјалистичка Република Македонија]]

Преработка од 16:07, 26 јуни 2017

Сојуз на комунистите на Македонија
Основана19 март 1943
Распуштена1991
ШтабСкопје, СР Македонија, СФР Југославија
ИдеологијаКомунизам
Бои - црвена
Политика на Македонија
Политички партии
Избори
Македонски огранок на Сојузот на комунистите на Југославија

Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ) — македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија, владејачката партија во СФР Југославија во текот на нејзиното постоење. До април 1952 го носи називот „Комунистичка партија на Македонија“ (КПМ).

Историја

Куќата на Јовановци во Тетово во која е формирана Комунистичата Партија на Македонија на 19 март 1943

КПМ е основана на 19 март 1943 година во Тетово. Нејзиниот прв Централен комитет бил во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Мара Нацева (организациски секретар), Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски - Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев. Првиот конгрес на КПМ се одржал во 1948 година.

Плурализам

Со воведувањето на партискиот плурализам, СКМ го менува своето име во СКМ - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП) и под тој назив учествува на првите повеќепартиски избори во Република Македонија во 1990 година. Истовремено, ја менува својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На својот конгрес од април 1991 СКМ - ПДП повторно го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.

Конгреси на СКМ (КПМ)

  • Прв конгрес 1948
  • Втор конгрес 1953
  • Трет конгрес 1959
  • Четврт конгрес 1963
  • Петти конгрес 1968
  • Шести конгрес 1974
  • Седми конгрес 1978
  • Осми конгрес 1982
  • Деветти конгрес 1986
  • Десетти конгрес 1989

Секретари на СКМ (КПМ)

Име Слика Период на функција
Лазар Колишевски март 1943 – јули 1963
Крсте Црвенковски јули 1963 – март 1969
Ангел Чемерски март 1969 – мај 1982
Крсте Марковски мај 1982 – 5 мај 1984
Милан Панчевски 5 мај 1984 – јуни 1986
Јаков Лазароски јуни 1986 – 1989
Петар Гошев 1989 – април 1991

Галерија

Извори