Западни Словени: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 3: Ред 3:
|image = [[File:Slavic europe.svg|200px|link=]]
|image = [[File:Slavic europe.svg|200px|link=]]
|caption = Западните Словени (светлозелено) на картата на Европа.
|caption = Западните Словени (светлозелено) на картата на Европа.
|pop =>82 милиони
|pop =>58 милиони
|regions =
|regions =
Мнозинство: [[Чешка]], [[Полска]], [[Словачка]].
Мнозинство: [[Полска]], [[Словачка]], [[Чешка]].
Малцинство: [[Германија]], [[Унгарија]].
Малцинство: [[Белорусија]], [[Германија]], [[Литванија]], [[Србија]], [[Украина]], [[Унгарија]].
|langs=[[западнословенски јазици]]:<br><small>[[чешки]], [[кашупски јазик|кашупски]], [[полски]], [[шлезиски јазик|шлезиски]], [[словачки]], [[лужичкосрпски јазици|лужичкосрпски]]</small>
|langs=[[Zападнословенски јазици]]:<br><small>[[чешки]], [[кашупски јазик|кашупски]], [[полски]], [[шлезиски јазик|шлезиски]], [[словачки]], [[лужичкосрпски јазици|лужичкосрпски]]</small>
|rels= [[атеизам]], [[католицизам]]
|rels= [[Aтеизам]], [[Kатолицизам]]
|related = [[Словени]]
|related = [[Словени]]
}}
}}

Преработка од 14:40, 6 мај 2017

Западни Словени
Słowianie zachodni (пл.)
Západní Slovania (ск.)
Západní Slované (че.)
Западните Словени (светлозелено) на картата на Европа.
Вкупен број
>58 милиони
Подрачја со значајно население
Мнозинство: Полска, Словачка, Чешка. Малцинство: Белорусија, Германија, Литванија, Србија, Украина, Унгарија.
Јазици
Zападнословенски јазици:
чешки, кашупски, полски, шлезиски, словачки, лужичкосрпски
Вероисповед
Aтеизам, Kатолицизам
Сродни народи
Словени

Западни Словени или во историјата именувани како Венети се подгрупа на Словените кои зборуваат на еден од западнословенските јазици. Денес во оваа група на народи се вбројуваат Полјаците (вклучувајќи ги и Кашубите и Шлезијците), Чесите, Словаците и Лужичките Срби. Историската група на лехитски племиња, во која се и Полјаците, ги вбројувала и исчезнатите Полапци и Поморци. Јазиците на Горна и Долна Лусетија биле слични со лехитските и чехословачките јазици.[1].

Културно, Западните Словени се развиле задно со останатите народи на Западна Европа, најмногу поради влијанието на Римската Империја и Западното Христијанство.[2] Така, тие доживеале културна поделба од останатите Словени, односно: Источните и и дел од Јужните Словени станале следбеници на Православието, Западните Словени станале следбеници на Римокатоличката црква или Протествантството.

Самовиот племенски сојуз

Прва политичка заедница на Западните Словени претставува Самовиот племенски сојуз што постоел во првата половина на VII век (623-658). Неговото создавање било обусловено од потребата за одбрана од Аварите, а подоцна и од Баварците, односно Франките, како и од појавата на имотна диференцијација што настанала кај Запаните Словени. Центарот на неговото настанување бил територијата на Чешка, кон кој се присоединиле и словенските племиња во Моравија и Словачка. Подоцна кон овој сојуз се присоединиле и словенските племиња во Источните Алпи и Панонија. По смртта на кнезот Само, сојузот се распаднал. Името, со ширењето на христијанството и германизацијата во споменативе словенски земји, тие ја изгубиле својата независност и станале вазали најпрво на франечките, а подоцна на германските владетели.

Велика Моравија

Во процесот на борбата против германската колонизација и воопшто против германските освојувачки воени походи, во почетокот на IX век се создал нов племенски сојуз кој прераснал во Великоморавско кнежевство. Тоа е создадено под водството на Моравските Словени, а кон кои се присоединиле и Словените во Чешка. Извесна самостојност создале и Полапските и Прибалтичките Словени. Најзначаен владетел на Великоморавското кнежевство би кнезот Ростислав. Тој, со цел да го зајакне осамостојувањето на кнежевството, побарал од Византија проповедниците да ја шират богослужбата на словенски јазик. Византискиот император Михајло III за таа цел ги испратил во Велика Моравија, Кирил и Методиј . Како резултат на ширењето на христијанството на словенски јазик, тие во Моравија успеале да формираат посебна словенска црква. Германските феудалци како и крупното германско свештенство биле против ширењето на христијанството на словенски јазик, а со тоа и противници на самостојноста на Велика Моравија. Тие презеле нови завојувачки воени походи поради кои во почетокот на X век ова кнежевство се распаднало.

Чешка Држава

Во втората половина на XI век, се создала и Чешката држава. Словенските племиња во Чешка, кои најпрво биле во состав на Самовиот племенски сојуз, а потоа во рамките на Великоморавската држава и во вазален однос на германските цареви во поретокот на XI век почнале да се осамостојуваат нивните кнезови кои во тоа време ја признале врховната власт на германските цареви се повече се издигнувале. Во втората половина на XI век чешкиот кнез Вратослав ја искористил тешката положба на германскиот цар Хенрих IV, поради внатрешните борби, а го принудил да ја признае смостојноста на Чешката држава, во рамките на Германската империја. Тогаш чешкиот кнез бил признат за крал, а Чешка за кралство.

Полска Држава

Речиси во исто време настанала и првата држава на Словените во Полска. Имено, во средината на X век кнезот Мешко ги обединил словенските племиња кои живееле по текот на реката Висла во Полска. Во текот на наредните воени походи под негова власт паднале и другите послки племиња, иако и самиот тој ја признал врховната власт на германскиот цар. Неговиот наследник Болеслав и Храбар успеал Полска да ја ослободи од зависноста на германските цареви. Во 1000-та година. Во Полска била создадена самостојна Полска архиепископија која директно била поврзана со папата. За да ја зацврсти власта, на црквата и на благородниците им дарувал имоти и привилегии. Пред крајот на животот Болеслав се прогласил за крал. По неговата смрт Полска почнала да слабее по што наскоро паднала под германска власт.

Наводи

  1. Bohemia and Poland. Chapter 20.pp 512-513. [in:] Timothy Reuter. The New Cambridge Medieval History: c. 900-c.1024. 2000
  2. Slav - Britannica Concise Encyclopedia

Alexander F. Tsvirkun The history of western and southern Slavs. Kharkov., 2008

Поврзано