Моноспитово: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17: Ред 17:
== Географиja и местоположба ==
== Географиja и местоположба ==
[[Податотека:House (Monospitovo) (2).jpg|thumb|десно|Куќа каде е основан првиот НОО во Струмичкиот регион]]
[[Податотека:House (Monospitovo) (2).jpg|thumb|десно|Куќа каде е основан првиот НОО во Струмичкиот регион]]
[[Податотека:House of alternative tourism and creative development - Monospitovo.jpg|thumb|лево|Центар за алтернативен туризам и креативен развој, местото каде се наоѓало старото училиште]]
[[Податотека:Primary school Boris Trajkovski (Monospitovo) (4).jpg|thumb|десно|[[ОУ „Борис Трајковски“ - Моноспитово|Училиште „Борис Трајковски“]]]]
[[Податотека:House of alternative tourism and creative development - Monospitovo.jpg|thumb|десно|Центар за алтернативен туризам и креативен развој, местото каде се наоѓало старото училиште]]
[[Податотека:Sts. Constantine and Helena Church (Monospitovo) (5).jpg|thumb|десно|Православната [[Црква „Св. Константин и Елена“ - Моноспитово|црква „Св. Константин и Елена“]]]]
[[Податотека:Evangelical-Methodist Church (Monospitovo) (2).jpg|thumb|десно|[[Евангелско-методистичка црква (Моноспитово)|Евангелско-методистичка црква]]]]
[[Податотека:Evangelical Church (Monospitovo).jpg|thumb|десно|[[Евангелска црква (Моноспитово)|Евангелска црква]]]]
[[Податотека:Kindergarten (Monospitovo).jpg|thumb|десно|Детска градинка]]
[[Податотека:Statue of Goce Delčev - Monospitovo.jpg|thumb|150п|десно|Статуа на Гоце Делчев ]]

Моноспитово се наоѓа во југоисточниот дел на [[Република Македонија]], во средишниот дел на [[Струмичка Котлина]]. Од најблискиот град [[Струмица]] е оддалечен 11 километри, и се наоѓа во непосредна близина на патот Струмица-Ново Село, од неговата десна страна.
Моноспитово се наоѓа во југоисточниот дел на [[Република Македонија]], во средишниот дел на [[Струмичка Котлина]]. Од најблискиот град [[Струмица]] е оддалечен 11 километри, и се наоѓа во непосредна близина на патот Струмица-Ново Село, од неговата десна страна.


Ред 39: Ред 32:


===Отоманско Царство===
===Отоманско Царство===
[[Податотека:Statue of Goce Delčev - Monospitovo.jpg|thumb|150п|лево|Статуа на Гоце Делчев ]]
[[Податотека:Sts. Constantine and Helena Church (Monospitovo) (5).jpg|thumb|десно|Православната [[Црква „Св. Константин и Елена“ - Моноспитово|црква „Св. Константин и Елена“]]]]
[[Податотека:Evangelical-Methodist Church (Monospitovo) (2).jpg|thumb|лево|[[Евангелско-методистичка црква (Моноспитово)|Евангелско-методистичка црква]]]]
[[Податотека:Evangelical Church (Monospitovo).jpg|thumb|десно|[[Евангелска црква (Моноспитово)|Евангелска црква]]]]


Во текот на [[19 век]], селото било чисто македонско. Во „[[Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника]]“ , издадена во [[Цариград]] во [[1878]] година и статистиката на машкото население од [[1873]], селото се состоело од 120 семејства и 437 жители [[Македонци]]<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.</ref>Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика]]“) во [[1900]] година селото имало 1300 жители [[Македонци]]<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_10.htm Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.]</ref>.
Во текот на [[19 век]], селото било чисто македонско. Во „[[Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника]]“ , издадена во [[Цариград]] во [[1878]] година и статистиката на машкото население од [[1873]], селото се состоело од 120 семејства и 437 жители [[Македонци]]<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.</ref>Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика]]“) во [[1900]] година селото имало 1300 жители [[Македонци]]<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_10.htm Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.]</ref>.
Ред 53: Ред 50:


===Југословија===
===Југословија===

[[Податотека:Primary school Boris Trajkovski (Monospitovo) (4).jpg|thumb|лево|[[ОУ „Борис Трајковски“ - Моноспитово|Училиште „Борис Трајковски“]]]]
[[Податотека:Kindergarten (Monospitovo).jpg|thumb|десно|Детска градинка]]

По крајот на [[Првата светска војна]], според [[Нејски мировен договор|Нејскиот мировен договор]], селото било вклучено во составот на [[Кралство СХС]]. Во него била формирана селска чета на [[ВМРО]] од легални дејци на организацијата. Војвода бил Данчо Алаџов, помошник Тошо Бонев, Кољо Бансколиев, Пандо Попов, Пандо Крстев, Панзо Домазетов, Илија Делчев, Тушо Паунов, Наце Пенкин - Џонето, Атанас Џонев и други.
По крајот на [[Првата светска војна]], според [[Нејски мировен договор|Нејскиот мировен договор]], селото било вклучено во составот на [[Кралство СХС]]. Во него била формирана селска чета на [[ВМРО]] од легални дејци на организацијата. Војвода бил Данчо Алаџов, помошник Тошо Бонев, Кољо Бансколиев, Пандо Попов, Пандо Крстев, Панзо Домазетов, Илија Делчев, Тушо Паунов, Наце Пенкин - Џонето, Атанас Џонев и други.


Ред 106: Ред 106:


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==
[[Податотека:BorisTrajkovski1.jpg|thumb|right|150px|Вториот претседател на Македонија, [[Борис Трајковски]]]]

* [[Црква „Св. Константин и Елена“ - Моноспитово |Црква Св. Константин и Елена]], една од најстарите во регионот која била изградена во [[1838]] година, а зографисана во [[1858]] година од зограф [[Андон Петрович]] от село Гари.
* [[Црква „Св. Константин и Елена“ - Моноспитово |Црква Св. Константин и Елена]], една од најстарите во регионот која била изградена во [[1838]] година, а зографисана во [[1858]] година од зограф [[Андон Петрович]] от село Гари.
* [[Евангелско-методистичка црква (Моноспитово)|Евангелско-методистичка црква]]
* [[Евангелско-методистичка црква (Моноспитово)|Евангелско-методистичка црква]]
Ред 115: Ред 115:


== Личности ==
== Личности ==
[[Податотека:BorisTrajkovski1.jpg|thumb|right|150px|Вториот претседател на Македонија, [[Борис Трајковски]]]]
* [[Атанас Ансаров]], македонски револуционер.
* [[Атанас Ансаров]], македонски револуционер.
* [[Атанас Џолев]], македонски револуционер.
* [[Атанас Џолев]], македонски револуционер.

Преработка од 16:20, 25 април 2017

Предлошка:Инфокутија за село во Македонија Моноспитово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба

Куќа каде е основан првиот НОО во Струмичкиот регион
Центар за алтернативен туризам и креативен развој, местото каде се наоѓало старото училиште

Моноспитово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри, и се наоѓа во непосредна близина на патот Струмица-Ново Село, од неговата десна страна.

Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 9,5 км2. Од нив, 754 хектари се обработливо земјиште[1].

Селото е познато по Моноспитовското Блато, кое се наоѓа во негова близина.

Историja

Ран период

Денеска не е познато кога точно било основано селото. Според некои легенди и и преданија, сегашното Моноспитово порано имало друга местоположба односно се наоѓало во подножјето на планината Беласица. Барајќи подобри услови за живеење и заштита од постојаните напади, неговите жители се преселиле во месноста Комитска Корија. Но и таму претходниците на моноспитовци не се задржале долго време. Тие и натаму барале подобро место за живеење. Едно време се населиле во месноста Скубиврат, кај село Банско. Но тука некаква болест им ги уништувала децата. Така тие се населиле во месноста Селиште, која се наоѓа на еден километар јужно од сегашната местоположба. На тоа место тие изградиле неколку нови куќи, налик на сточарски колиби, подигнати на песокливо земјиште, на речен нанос. Денеска постојат остатоци од оваа мала примитивна населба, позната како „Блатски гробја“, што значи дека Блатото допирал до Селиште. Но поради многу мравјалници, и тоа место го напуштиле, и конечно се населиле на денешното место[2].

Се раскажува дека името на селото потекнува од грчките зборови „моно спити“, Во превод името на селото означува „една куќа“. Според преданието, едно високо воено лице на грчката војска, посматрајќи ја Струмичката Котлина од еден висок врв на планината Беласица, во полето кај Блатото, забалежал една куќа и рекол на својот придружник „Моно Спити!“. Веројатно во значење на „осамена куќа“, подоцна биле изградени и други куќи и така на почетокот била основана мала селска населба, која по „осамената куќа“ е наречена Моноспитово, исто како соседното Еднокуќево.

Отоманско Царство

Статуа на Гоце Делчев
Православната црква „Св. Константин и Елена“
Евангелско-методистичка црква
Евангелска црква

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 120 семејства и 437 жители Македонци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1300 жители Македонци[3][5].

Освен странските пропаганди, во Моноспитово исклучливо силна била и протестантската пропаганда. Евангелската црква била отворена во 1884 година. Еден од најзаслужните за ширењето на протестантството имале Ставре Тимов, богат граѓанин од Струмица, кој во Моноспитово имал и свој чифлик и Спасо Бушев од самото село. Освен црква, во селото било отворено и протестантско училиште во 1890 година[6]. Во теекот на овој период значително пораснал и конфликтот на грчката црква против протестантите. Така, во 1884 година во дворот на Спасо Бушев се собрале поголема група селани, за да чујат што ќе им кажат протестантските мисионери, по клеветите од владиката, биле затворени десет лица, осум од Моноспитово и двајца од Струмица[6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 976 македонски егзархисти и 184 македонски протестанти. Освен тоа, во селото работело и едно егзархиско училиште[3][7].

По создавањето на ВМОРО, раководители на месниот комитет станале Атанас Галев, Трајко Барбутов - Штерко, Мито Маневски и Андон Попов[8]. Во меѓусебните дописи, тие за месните села употребувале псевдоними. Така, за селото Моноспитово го употребувале псевдонимот „Беласица“. Тие биле стрелани од српска милиција на 25 мај 1925 година меѓу градот Струмица и селото Дабиле, поради нивната револуционерна ангажираност во ВМРО на Тодор Александров[9][10]. Во средината на декември 1905 година, војводата Крсто Ѓоргиев Новоселски најпрвин бил опкружен во село Костурино, но тој успеал ранет од престелката да побегне во Моноспитово, каде откако повторно бил опкружен од турската војска, тој се самоубил. Во август 1907 година бил свикан редовен околиски конгрес во близина на селото Куклиш, но поради предавство на еден грчки агент, следувала битка во која тројца комити со потекло од Моноспитово биле убиени. Комитетот бил повторно откриен кон крајот на 1909 година од Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков, а на чело застанал стариот деец Христо Џолев[11].

По започнувањето на Балканските војни, од селото 34 лица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[12]Од разните чети во кои биле вклучени и Струмичани била и онаа која дејствувала под раководство на 26-годишниот војвода Иван Попвелков од село Моноспитово, од каде што имало и најголем број учесници во овие доброволни дружини не броејќи го самиот град Струмица. Од вкупно 34 луѓе кои зеле учество во војната, 10 од нив биле во четата на Иван Попвелков, кои подоцна се приклучиле кон создадените три нови Македонско-одрински дружини на самиот Тракијски фронт[13]. Подоцна, со Орден за храброст од селото бил награден Евтим Василев.

Селото било ослободено од османлиската власт од четите на Думбалаков и Хаџиманов[14]. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на ѕверства. Селото Моноспитово било изложено на грабеж од грчките војници. Во Моноспитово Грците дошле со намера да го запалат селото и малтретирале и убиле неколку мажи и жени. Напуштајќи го ограбеното село, Грците им се заканиле на селаните дека пак ќе се вратат и ќе стават ,,под нож‘‘ сѐ што ,,е македонско‘‘[13].

Југословија

Училиште „Борис Трајковски“
Детска градинка

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во него била формирана селска чета на ВМРО од легални дејци на организацијата. Војвода бил Данчо Алаџов, помошник Тошо Бонев, Кољо Бансколиев, Пандо Попов, Пандо Крстев, Панзо Домазетов, Илија Делчев, Тушо Паунов, Наце Пенкин - Џонето, Атанас Џонев и други.

Во текот на 1930-тите и 1940-ите години, во регионот имало голем процент на заболени од маларија. Ова главно се должело и на големиот број на мочуришта во регионот, пред се Моноспитовското Блато. Во текот на овој период била отворена и првата здраствена установа во селото.По крајот на Втората светска војна, Моноспитово било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Демографија

Во 1961 година селото Моноспитово имало 1708 жители. Во 1994 година во селото живееле 1872 луѓе, сите Македонци[1].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.803 жители. Следува табела на националната структура на населението[15]

Националност Вкупно
Македонци 1 799
Турци 1
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
Други 1

Општествени институции

  • Основно училиште Борис Трајковски
  • Детска градинка
  • Дом на култура
  • Објект (куќа) каде е основан првиот НОО во Струмичкиот регион
  • Центар за алтернативен туризам и креативен развој

Културни и природни знаменитости

Вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски

Личности

Наводи

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.192.
  2. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  6. 6,0 6,1 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  8. „Премрежињата на македонското револуционерно движење - Спомени“, Скопје, 2006 г., Спомени на Атанас Џолев
  9. ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ДЕЈЦИ ОД СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО ВРЕМЕТО ОД ОСНОВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ДО ПОЧЕТОКОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (1893 – 1912/13), Бранко Ѓоргиев
  10. Гелев, Димитар. Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991, стр. 246.
  11. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 65
  12. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 864.
  13. 13,0 13,1 Струмица и Струмичко во времето на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, Завод за заштита на спомениците и културата и музеј на Струмица, 2013.
  14. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 167 - 168, 177 - 178.
  15. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

Предлошка:Населени места во Општина Босилово