Михајло Маневски: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Наводи |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Инфокутија функционер |
|||
|name = Михајло Маневски |
|||
|image = |
|||
|imagesize = 150px |
|||
|office = [[Министер за правда на Македонија]] |
|||
|president1 = |
|||
|primeminister1 = [[Никола Груевски]] |
|||
|deputy1 = |
|||
|term_start1 = [[26 август]] [[2006]] |
|||
|term_end1 = [[28 јули]] [[2011]] |
|||
|predecessor1 = [[Мери Младеновска-Ѓорѓиевска]] |
|||
|successor1 = [[Блерим Беџети]] |
|||
|birth_date = {{роден на|26|декември|1937}} |
|||
|birth_place = [[Башино Село]], [[СФРЈ]]<br>денес [[Република Македонија]] |
|||
|death_date = |
|||
|death_place = |
|||
|nationality = [[Македонци|Македонец]] |
|||
|party = [[ВМРО-ДПМНЕ]] |
|||
|spouse = |
|||
|children = |
|||
|alma_mater = |
|||
|profession = |
|||
|religion = |
|||
|website = |
|||
}} |
|||
'''Михајло Маневски''' ([[Башино Село]], [[велешко]], {{роден на|26|декември|1937}}) е македонски правник. За време на комунизмот бил член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (од [[1986]] до [[1991]]), а по осамостојувањето на Македонија бил министер за правда од [[2006]] до [[2011]] година. |
'''Михајло Маневски''' ([[Башино Село]], [[велешко]], {{роден на|26|декември|1937}}) е македонски правник. За време на комунизмот бил член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (од [[1986]] до [[1991]]), а по осамостојувањето на Македонија бил министер за правда од [[2006]] до [[2011]] година. |
||
Преработка од 20:49, 10 април 2017
Михајло Маневски | |
---|---|
Министер за правда на Македонија | |
На должноста 26 август 2006 – 28 јули 2011 | |
Премиер | Никола Груевски |
Претходник | Мери Младеновска-Ѓорѓиевска |
Наследник | Блерим Беџети |
Лични податоци | |
Роден(а) | 26 декември 1937 Башино Село, СФРЈ денес Република Македонија |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Михајло Маневски (Башино Село, велешко, 26 декември 1937) е македонски правник. За време на комунизмот бил член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (од 1986 до 1991), а по осамостојувањето на Македонија бил министер за правда од 2006 до 2011 година.
Биографија
Маневски е роден во велешко Башино Село на 26 декември 1937 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1960 година.
Во Јавното обвинителство на Република Македонија работи повеќе од 28 години. Бил заменик околиски јавен обвинител во Штип, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Велес, а од 1966 до 1976 година бил заменик на Окружниот јавен обвинител во Скопје. Од 1976 до 1984 година е заменик на јавниот обвинител на Македонија. Од 1984 до 1986 година бил претседател на Окружниот суд во Скопје.
Во 1986 година е избран за член на Извршниот совет на Собранието на СРМ и министер за правосудство и управа.[1] Функцијата ја извршува до 1991 година.
Од 1994 до 2000 година е советник во Владата, а во 2000 година е именуван за заменик на јавниот обвинител на Македонија. Во 2002 година е избран за член на Државната комисија за спречување на корупцијата, а во декември 2005 година е избран и за нејзин претседател.
По победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите во 2006 година, Маневски е избран за министер за правда во владата на Никола Груевски. Во 2008 година е реизбран на истата функција, на која останува до 2011 година.
Маневски работел на подготвување на голем број законски и подзаконски акти од областа на правосудството, казненото право, финансискиот криминал и корупцијата и во работни тела за изготвување на амандмани на уставни одредби. Учествувал на повеќе меѓународни конференции за прашањата на организираниот криминал, особено финансискиот криминал и корупцијата. Во 2003 година ја издаде книгата Казнено правна заштита на јавните финансии - правни аспекти и практични искуства, а во 2005 година ја издаде втората книга Корупцијата во Република Македонија - Превентивни и казнени мерки за спречување. Објавил и повеќе научни трудови, во стручни списанија и билтени од областа на казненото право и финансискиот криминал и корупцијата.
Наводи
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Мери Младеновска-Ѓорѓиевска |
Министер за правда 2006–2011 |
Наследник Блерим Беџети |
|
|