Википедија:За Википедија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.170.32 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Ред 1: Ред 1:
{{В:Вовед|1=врска|2=кутија|3=врска|4=обично|содржина=
[[Податотека:Wikipedia-logo.png|десно|80п|врска=|alt=]]
===<big>'''Википедија е едно од најпосетуваните места на семрежјето'''</big>===
Википедија формално започна во јануари 2001 како проект за создавање на '''енциклопедија со [[Отворена содржина|слободна содржина]]''' кон која секој може да даде придонес. Години потоа, страниците на Википедија се појавуваат на врвот од скоро секое пребарување на Google. Википедија стана првото место каде што милиони луѓе одат за да научат некој факт набрзина или за да започнат некое пошироко истражување.

[[Податотека:Wikimedia Foundation RGB logo with text.svg|десно|80п|врска=|alt=]]
Изданија на Википедија постојат во повеќе од 200 јазици со заеднички збир од неколку милиони статии. Ова издание е на македонски јазик. Сите изданија го користат истиот основен софтвер, [[МедијаВики]]. Сите се сопственост на '''[[Фондацијата Викимедија]]''', непрофитна организација од САД која исто така оперира со и број други соработни проекти на [[семрежје]]то, вклучувајќи ги: [[commons:Главна страница|Заедничката ризница]], [[s:Главна страница|Викиизвор]], [[wikt:Главна страница|Викиречник]], [[species:Главна страница|Викивидови]], <span class="plainlinks">[http://www.wikinews.org Викивести], [http://www.wikibooks.org Викикниги], [http://www.wikiquote.org Викицитат] и [http://www.wikiversity.org Викиуниверзитет].</span>

===<big>'''Википедија успева да функционира'''</big>===
Секое јазично издание на Википедија се раководи самостојно и тоа скоро целосно преку трудот на десетици илјади неплатени волонтери. Фондацијата Викимедија има само [[wmf:Персонал|мал платен персонал, вклучувајќи неколку програмери]].

На Википедија никогаш не ѝ фалеле скептичари.
*Зошто да се очекуваат квалитетни енциклопедиски статии кога универзитетскиот професор и 12-годишниот ученик во основно имаат подеднакви уреднички права?
*Нема ли култистите и авторите на недокажани теории да преземат контрола врз статиите за контроверзни теми?
*Нема ли вандализмот да стане толку насилен што ќе ги истера добрите уредници?
*Како можат стотици луѓе да работат заедно кога нема хиерархија која дава насока и ги решава споровите?

Овие прашања ги истакнуваат неизбежните недостатоци на пристапот „секој може да уредува“ во создавањето на енциклопедија на интернет. '''Википедија секогаш ќе биде дело во развивање, а не завршен производ.''' Она што на скептичарите им бега од поглед е фактот што дозволата за секого да уредува до сега покажа неверојатна сила. Во свет каде што околу милијарда и нешто луѓе имаат пристап до интернет, ''милиони'' луѓе имаат дадено придонес на Википедија и нивниот број се зголемува секој ден.

Како резултат на ова, мнозинството од милионите статии на различните википедии се со ''пристоен квалитет'' иако многу од нив, не исклучувајќи ги и оние на овој проект, се ''многу мали''. Доменот Wikipedia.org е меѓу најпосетените на интернет, бидејќи '''не постои слободна алтернатива за поголемиот дел од информациите на Википедија'''. Предвидувањата на критичарите дека ограничувањата на Википедија ќе ја осакатат досега не се остварија.

===<big>'''Што ја прави Википедија успешна?'''</big>===
Еве неколку причини:
*'''Огромен процент од уредувањата''' на Википедија '''се направени добронамерно''', т.е. луѓето се обидуваат да ги подобрат статиите, а не да ги вандализираат. Кога ќе се случи вандализам, тој обично останува кратко бидејќи секогаш постојат многу уредници кои се конструктивни и кои ќе го поправат;
*Википедија има голем број на [[Википедија:Начела и напатствија|правила]] за нејзините процеси кои охрабруваат соработка и градење консензус за информациите кои ќе одат во статиите. Следењето на правилата резултира со квалитетни статии;
*'''Огромен процент од уредниците ги следат правилата''' и кога другите им ги посочуваат нивните грешки, тие имаат желба да се поправат себеси. Оние уредници кои сметаат дека правилата на Википедија се проблематични самите го напуштаат проектот;
*И конечно, '''постојат [[Википедија:Администратори|малку уредници]] со посебен авторитет да ги проследат правилата'''. Овој авторитет [[Википедија:Барања за администраторски статус|го доделува заедницата од корисници]] преку претходно договорени процеси.

'''Википедија на македонски јазик е во својот развоен зачеток''' и има потреба од покривање на многу енциклопедиски теми преку помош од волонтери, помош која <u>Вие</u> можете да ја дадете. Како што Википедија расте и бројот на уредници, уредувања на ден и вкупен број на статии се зголемуваат, ќе се менува нејзиниот фокус кон нагласување на квалитетот преку начин кој ќе се одрази на секојдневното уредување на корисниците и тоа ќе биде еден од нејзините најголеми предизвици. <br/>
{{В:Вовед/оди до|Уредување|Следно: научете повеќе за уредувањето!}}
}}

[[Категорија:Википедија:Вовед|Вовед 2]]

[[he:ויקיפדיה:לימדו עוד על עריכה]]

Преработка од 10:50, 5 април 2017

2. За Википедија
4. Почетен курс

Википедија е едно од најпосетуваните места на семрежјето

Википедија формално започна во јануари 2001 како проект за создавање на енциклопедија со слободна содржина кон која секој може да даде придонес. Години потоа, страниците на Википедија се појавуваат на врвот од скоро секое пребарување на Google. Википедија стана првото место каде што милиони луѓе одат за да научат некој факт набрзина или за да започнат некое пошироко истражување.

Изданија на Википедија постојат во повеќе од 200 јазици со заеднички збир од неколку милиони статии. Ова издание е на македонски јазик. Сите изданија го користат истиот основен софтвер, МедијаВики. Сите се сопственост на Фондацијата Викимедија, непрофитна организација од САД која исто така оперира со и број други соработни проекти на семрежјето, вклучувајќи ги: Заедничката ризница, Викиизвор, Викиречник, Викивидови, Викивести, Викикниги, Викицитат и Викиуниверзитет.

Википедија успева да функционира

Секое јазично издание на Википедија се раководи самостојно и тоа скоро целосно преку трудот на десетици илјади неплатени волонтери. Фондацијата Викимедија има само мал платен персонал, вклучувајќи неколку програмери.

На Википедија никогаш не ѝ фалеле скептичари.

  • Зошто да се очекуваат квалитетни енциклопедиски статии кога универзитетскиот професор и 12-годишниот ученик во основно имаат подеднакви уреднички права?
  • Нема ли култистите и авторите на недокажани теории да преземат контрола врз статиите за контроверзни теми?
  • Нема ли вандализмот да стане толку насилен што ќе ги истера добрите уредници?
  • Како можат стотици луѓе да работат заедно кога нема хиерархија која дава насока и ги решава споровите?

Овие прашања ги истакнуваат неизбежните недостатоци на пристапот „секој може да уредува“ во создавањето на енциклопедија на интернет. Википедија секогаш ќе биде дело во развивање, а не завршен производ. Она што на скептичарите им бега од поглед е фактот што дозволата за секого да уредува до сега покажа неверојатна сила. Во свет каде што околу милијарда и нешто луѓе имаат пристап до интернет, милиони луѓе имаат дадено придонес на Википедија и нивниот број се зголемува секој ден.

Како резултат на ова, мнозинството од милионите статии на различните википедии се со пристоен квалитет иако многу од нив, не исклучувајќи ги и оние на овој проект, се многу мали. Доменот Wikipedia.org е меѓу најпосетените на интернет, бидејќи не постои слободна алтернатива за поголемиот дел од информациите на Википедија. Предвидувањата на критичарите дека ограничувањата на Википедија ќе ја осакатат досега не се остварија.

Што ја прави Википедија успешна?

Еве неколку причини:

  • Огромен процент од уредувањата на Википедија се направени добронамерно, т.е. луѓето се обидуваат да ги подобрат статиите, а не да ги вандализираат. Кога ќе се случи вандализам, тој обично останува кратко бидејќи секогаш постојат многу уредници кои се конструктивни и кои ќе го поправат;
  • Википедија има голем број на правила за нејзините процеси кои охрабруваат соработка и градење консензус за информациите кои ќе одат во статиите. Следењето на правилата резултира со квалитетни статии;
  • Огромен процент од уредниците ги следат правилата и кога другите им ги посочуваат нивните грешки, тие имаат желба да се поправат себеси. Оние уредници кои сметаат дека правилата на Википедија се проблематични самите го напуштаат проектот;
  • И конечно, постојат малку уредници со посебен авторитет да ги проследат правилата. Овој авторитет го доделува заедницата од корисници преку претходно договорени процеси.

Википедија на македонски јазик е во својот развоен зачеток и има потреба од покривање на многу енциклопедиски теми преку помош од волонтери, помош која Вие можете да ја дадете. Како што Википедија расте и бројот на уредници, уредувања на ден и вкупен број на статии се зголемуваат, ќе се менува нејзиниот фокус кон нагласување на квалитетот преку начин кој ќе се одрази на секојдневното уредување на корисниците и тоа ќе биде еден од нејзините најголеми предизвици.