Разлика помеѓу преработките на „Плаошник“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 774 бајти ,  пред 12 години
с
==Археолошки истражувања==
 
Археолошки истражувања на Плаошник се вршени повремено во текот на 20. век, а од 1999, се вршат континуирано и систематично. Главно наодите можат да се поделат на пред-климентов период кој го опфаќа периодот од праисторијата до 9.век, и климентов период кој започнува од 893. година кога Св. Климент Охридски ја изградил црквата Свети Пантелејмон, па сѐ до заземањето на Охрид од страна на [[Отоманското царство|турците]] во 15. век.
===Климентов период===
 
===Климентов период===
 
Народното предание дека на ова место постои Климентова црква и неговата гробница, било потврдено по првите археолошки ископувања во 1943 година, кога проф. [[Димче Коцо]] ги открил темелите на Климентовата црква и во исто време и гробницата на св. [[Климент Охридски]]<ref>[http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/vrdetails.php?vr_ID=50 360° Македонија - Плаошник]</ref>. Врз темелите на ранохристијанската базилика, од која се зачувани остатоци, била изградена црква со триконхална форма (лист на детелина), архитектонски облици какви што биле негувани во IX век во [[Византија]]. Црквата била обновена во XII век, а потоа уште еднаш во XIII век. Понатака кон оваа црква биле доградувани капели, а во XIV век припрата и надворешна припрата со камбанарија. Фреските од првобитната Климентова црква од IX век не се зачувани. Фрагментите на пронајдените фрески, во текот на археолошките истражувања, им припаѓаат на три различни периоди на обновувањето и проширувањето на Климентовиот манастир. По доаѓањето на Османлиите, Климентовата црква била претворена во џамија, позната под називот Имарет џамија, која повеќе не постои.
 
Според археологот [[Паско Кузман]], особено богат е и македонско-хеленистичкиот период. Од тој период има остатоци од градби што значи дека тука имало населба во 3-2 век пр.н.е. и пронајден е многуброен движен археолошки материјал што потврдува дека Лихнидос бил урбано-развиен центар, монденски град на брегот на Охридското Езеро, покрај магистралата [[Виа Игнација]]. Според него, значајни наоди има и од Римскиот период од кој за прв пат во Македонија се открија подни мозаици во рамките на објект - бања. На мозаиците се презентирани: Тврдината, разни геометрски фигури, орнаменти. И во овој период има остатоци од објекти и храмови и се претпоставува дека таму бил и храмот на богот [[Дионис]].
 
Во Доцната антика, пак, на Плаошник, почнуваат да никнуваат ранохристијански базилики. Откриени се две монументални ранохристијански базилики - поликохалната црква во северниот дел и тробродната монументална базилика која се наоѓа околу самата Светиклиментова црква. Со овие истражувањa се откри и трета базилика чии основи поминуваат под патеката која што води до куќата на владиката Тимотеј, во близина на Плаошник.<ref>[http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=25154&rub=43 Култура во Македонија: Нови наоди на Плаошник]</ref>
 
==Референци==
4.318

уредувања

Прегледник