:Во право си Игор и се согласувам со она што го пишуваш. Пред неколку години воведовме [[Википедија:Барања за отстранување на администраторски права|процес за одземање на администраторските права]], а неактивноста секако е полноважен критериум за одземање на статусот. Сепак, на неколку викисредби досега имаме дојдено до заклучокот дека е добро најпрво да се обидеме да стапиме во контакт со неактивните администратори, па дури потоа да се премине на поднесување барања за одземање на администраторските права на овие корисници.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 19:02, 24 јануари 2017 (CET)
:Во право си Игор и се согласувам со она што го пишуваш. Пред неколку години воведовме [[Википедија:Барања за отстранување на администраторски права|процес за одземање на администраторските права]], а неактивноста секако е полноважен критериум за одземање на статусот. Сепак, на неколку викисредби досега имаме дојдено до заклучокот дека е добро најпрво да се обидеме да стапиме во контакт со неактивните администратори, па дури потоа да се премине на поднесување барања за одземање на администраторските права на овие корисници.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 19:02, 24 јануари 2017 (CET)
::Ок, ќе им оставам порака на вики профилите, па ако не реагираат ќе иницирам постапка.--[[User:Retrohead|Retrohead]] <small>([[User talk:Retrohead|разговор]])</small> 23:47, 24 јануари 2017 (CET)
::Ок, ќе им оставам порака на вики профилите, па ако не реагираат ќе иницирам постапка.--[[User:Retrohead|Retrohead]] <small>([[User talk:Retrohead|разговор]])</small> 23:47, 24 јануари 2017 (CET)
:::Дефинитивно треба да ги контактирате администраторите во прашање. Требало уште во 12:22, 24 јануари 2017 да ме исконтактирате.
:::Инаку, не ја гледам причината да се отстрануваат администратори, освен ако нема некој лимит или нешто слично што го спречува функционирањето на проектот. Тоа е моето општо мислење.
:::Конкретно за мојот случај, моментално не ми се потребни администраторските алатки и не сум многу активен тука (уредувам барем еднаш месечно, ама обично анонимно). Така што, ако мислите дека има потреба (вие треба да го знаете тоа, јас не сум многу во тек), веројатно ќе биде ок да не сум веќе администратор. Ако некогаш добијам мотивација да се вратам на Википедија на македонски јазик, најверојатно ќе ми треба администраторски статус, зашто обично се бавам со такви работи, ама тоа тогаш, накнадно.
:::Да сумирам: јас не гледам причина, односно не знам како нешто би сменило тоа, ама ако вие мислите дека треба, ве поддржувам. —<font color="black">[[User:INkubusse|iNkubusse]]</font><sup>[[User talk:INkubusse|<i> A?</i>]]</sup> 02:15, 25 јануари 2017 (CET) P.S. Хаха, guitardemon666 и Виктор Јованоски ми беа другарчиња, ама претпоставувам и тие остареле. Само [[User:Kiril Simeonovski|Кирил]] не се предава! :D
На крајот од пораката потпишете се со четири тилди (Еве вака: ~~~~). Ова автоматски ќе го потпише Вашето корисничко име и датумот и времето кога е оставена пораката (се потпишуваме на страници за разговор, но не на статии).
Оваа страница е наречена „селска чешма“ затоа што е место каде што читателите и уредувачите можат да се соберат и заедно да дискутираат за било што поврзано со Википедија.
Ве охрабуваме да почнете нов разговор доколку сакате:
Да добиете помош околу користењето на Википедија;
Да добиете помош околу уредувањето на Википедија;
Да дискутирате технички прашања, поврзани со погонот МедијаВики;
Да поставите правописни и граматички прашања и ревизии;
Да добиете помош со преводи на поими и имиња од странски јазици;
Општо, за сè што е поврзано со Википедија и Википедијанците.
Доколку сакате да дискутирате за некоја статија, ве молиме почнете ја дискусијата на разговорната страница на самата статија.
Ако барате администраторско внимание (за вандализам на страници, кршење на начела, лични напади и непристојност, уредувачки војни, заштита на страници или други технички работи), поставете го барањето на Википедија:Огласна табла за администратори.
Гласање за воведување новини
Ако имате предлози за изменување или воведување начела и напатствија, воведување новини или постапување во врска со одделни прашања, на оваа страница може да започнете гласање за испитување на мислењето на заедницата. Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Во случај да се работи за предлог за избор на едно од повеќе предложени решенија, тогаш секој може да гласа за само еден предлог и притоа е неопходно да го образложи својот глас. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Одлуката за прифаќање на предлогот се носи со примена на просто мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку половина од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.
Do not speak Macedonian?
If you are willing to post comments but you do not speak Macedonian, you are welcome to do it on the Village Pump for foreign languages (please visit the Macedonian Wikipedia Embassy to check the language abilities of the community members before choosing the language to post in). Please do not post comments in foreign languages on this page, as it is intended for comments and discussions in Macedonian only. All comments that are posted on this page in a language other than Macedonian will be immediately moved to the Village Pump for foreign languages.
Следната дискусија е зачувана како архива на успешно гласање за воведување нови закосени букви на Википедија на македонски јазик.Ве молиме, не ја менувајте нејзината содржина!
Предлогот е направен на 16 јануари 2016 г. во 13:51 ч. (CET) и гласањето трае 7 дена.
Почитувани википедијанци, во многу наврати се соочуваме со потешкотии во одлучувањето при гласање, што се должи на непотполноста или воопшто отсуството на јасни правила за гласање. За таа цел, сакам да предложам промена и дополнување на правилата за одлучување при следните видови на гласање: 1) доделување/одземање на кориснички права (пр. доделување на оценувачки, администраторски или бирократски статус), 2) прогласување/ревизија на избрана содржина (пр. избрана статија) и 3) гласање за политики, правила и новини (пр. воведување на нови алатки, промена на постоечки политики, бришење на страници, општи предлози на корисници).
Внимание: Појаснувањето на правилата за гласање има за цел да го спречи масовното гласање од страна новопријавени корисници и не го ограничува правото на секој корисник да учествува во дискусијата без оглед на тоа дали ги исполнува критериумите за гласање.
Предлог 1: Доделување/одземање на кориснички права
Во моментов не постојат јасно утврдени правила за тоа кои корисници имаат право на глас и на каков начин се донесува одлуката. Единствено нешто коешто е познато и се преминува е времетраењето на гласањето од 7 дена. Мојот предлог е следниот:
времетраењето на гласањето да биде 7 дена;
право на глас да имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
одлуката за доделување/одземање на статусот се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.
Дискусија
Гласање
(6/1/0); Закажано да заврши на 23 јануари2017 г. во 13:51 ч. (CET)
Мора да има јасно утврдени правила за гласање. Не може нов корисник кој, можеби и е испратен од некој, да дава одлука за заедница која подолго време е активна и твори.--НиколаСтоіаноски14:56, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
Не наоѓам потреба за ова гласање. При секој посебен случај на доделување или одземање на кориснички права, се повторуваат главно истите правила, но во зависност од тежината на гласањето, добро би било да постои слобода да се изменуваат.
Воздржан
Предлог 2: Прогласување/ревизија на избрана содржина
Во моментов не постојат јасно утврдени правила за тоа кои корисници имаат право на глас и на каков начин се донесува одлуката. Ова понекогаш доведува до случаи во кои врз основа на субјективен вредносен суд се донесува одлука којашто е спротивна на мнозинството (пр. Славјанско-маќедонска општа историја) или случаи кога е донесена одлука врз основа на вклученост на мал број корисници при отсуство на оценка за дадениот предлог (пр. 1 − 2 + 3 − 4 + …). Единствено нешто коешто е познато и се преминува е времетраењето на гласањето од најмалку 7 дена. Мојот предлог е следниот:
Мојот предлог е следниот:
времетраењето на гласањето да трае 7 дена;
право на глас да имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 30 дена6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
одлуката за прогласување/ревизија на избрана содржина се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку три.
Дискусија
Спорен е делот од предлогов: корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 30 дена и имаат направено најмалку 500 уредувања. За 30 дена 500 уредувања? Некој треба да не крене глава од Википедија (16 уредувања на ден) за да го постигне ова или да ги создаде 500 уредувања начин кој не го прави искусен уредувач. - Виолетова (разговор) 11:30, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
@Виолетова: Слично како и кај предлогот бр. 3, моментно немаме правила за гласање, така што одбивањето на предлогот би значело дека секој би имал право на глас. Затоа, најдобро е да се дадат други предлози за кои би гласале.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:30, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
Се сложуван со Виолетова. Да се смени во 6 месеци со најмалку 500 уредувања. Невозможно е да има 500 уредувања во именски простор за 30 дена. За ова не треба двотретински, може и со просто мнозинство. За да не гласам против заради овие точки, ќе чекам дискусијава да се развие.--НиколаСтоіаноски15:00, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
@MacedonianBoy: Во ред е предлогот да биде 6 месеци и 500 уредувања, па затоа ќе земам уште веднаш да го променам. Во врска со двотретинското мнозинство, тоа мислам дека е неопходно со оглед на тоа што има случаи кога некои корисници гласаат „За“ без убаво да ја проверат статијата и се воведуваме во ситуација кога оние малкумина кои гласале „Против“ имаат силни аргументи. Преку појаснувањето на правилата за гласање, главната цел е да се избегне субјективното одлучување на некои корисници во врска со одлуката и да се постави јасен критериум за одлучување. Примената на двотретинско мнозинство за прогласување/ревизија на избрана содржина со години успешно се применува на Ризницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:10, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
Предлог: Не е изречито напишано, но мислам дека уредникот што ја номинира статијата за избрана не треба да гласа. Тоа е исто како некој да бара стекнување со администраторски статус и да гласа „за“ да стане администратор. Втора работа, ако нема јасен консензус дали статијата треба да биде промовирана или деградирана (пр. 5 спрема 3), предлагам гласањето да го затвори уредник што не гласал, за да се избегне пристрасност. И трета работа, од кога новите правила стапуваат на сила?--Retrohead (разговор) 18:54, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
Едно време се сеќавам дека не гласавме за сопствени предлози за избрани статии, но мислам дека не е проблем предложувачот да смее да гласа. Предложувачот е корисник кој вложува напори за пронаоѓање на квалитетна статија или нејзино подобрување, така што лишувањето од правото на глас може негативно да се одрази врз желбата корисниците во иднина да предложуваат статии за избрани. Ова не е исто со гласањето за избор на оценувач, администратор или бирократ, каде што гласањето се однесува на лична основа и нема смисла корисникот да гласа сам за себе. На крајот на краиштата, предложувачот може и воопшто да не гласа за сопствениот предлог. Новите правила ќе стапат во сила веднаш по нивното изгласување, односно ќе важат за сите гласања што ќе започнат по изгласувањето на новите правила.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:44, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
Ајде да го преформулирам предлогот. Нека остане на предлагачот дали сака да гласа или не, но мислам наместо со 2/3 мнозинство, одлука да се донесува со консензус. На пример во ситуација 6:3 предлогот би прошол, но мислам дека не треба да се занемарат трите гласови против, особено ако имаат цврсти аргументи. Вака ако предлагачот има обезбедено 2/3 нема причина да постапува по сугестиите за подобрување на статијата од тројца кои гласале против, што не е во ред.--Retrohead (разговор) 20:17, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
Моментно се применува непишано правило дека не смеат да се занемарат гласовите „Против“ без оглед на бројот на дадени гласови „За“ , па така неколку пати се има случено предлог за кој се дадени повеќе гласови „За“ да е одбиен заради помал број на гласови „Против“ со силни аргументи, што често наидува на незадоволство кај предложувачот или авторот на статијата. Воведувањето на јасен критериум нема да го реши овој проблем, но барем ќе оневозможи одлучувањето да биде врз основа на субјективен суд на корисникот. Дури и да воведеме деветдесетинско мнозинство може да се случи да има десет гласови „За“ и само еден глас „Против“ со силен аргумент, па со тоа предлогот да помине со занемарување на аргументот зошто статијата не треба да биде избрана. Проблемот е што од една страна не смее да се дозволи да се занемари гласот на мнозинството (моќ на заедницата), но од друга страна не смеат да се занемарат ниту аргументите на малцинството (барање за квалитет). Сепак, со воведувањето на построг критериум за избор од просто мнозинство, целта е да се подигне свеста кај корисниците дека прогласувањето на избрани статии не е само собирање на гласови, туку и прегледување на статијата и вложување напори за нејзино подобрување.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:09, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
Гласање
(5/0/1); Закажано да заврши на 23 јануари 2017 г. во 13:51 ч. (CET)
Во моментов не постојат јасно утврдени правила за тоа кои корисници имаат право на глас, на каков начин се донесува одлуката и колку изнесува времетраењето на гласањето. Сепак, во последните изгласани предлози на селската чешма може да се забележи дека процесот на гласање е структурирано, а времетраењето на гласањето одредено од страна на предложувачот изнесува пет или седум дена. Мојот предлог е следниот:
времетраење на гласањето да трае 7 дена;
право на глас да имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 30 дена6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
одлуката за доделување/одземање на статусот се носи со примена на просто мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку половина од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.
@Виолетова: Моментно не постојат никакви ограничувања за тоа кој смее да гласа, така што ако овој предлог биде одбиен, тоа значи дека нема да се појаснат и правилата и полноважно право на глас ќе има било кој регистриран корисник на Википедија на македонски јазик (дури и оној кој истиот ден создал корисничка сметка и не направил ниту едно уредување). Затоа, најдобро е да се дадат дополнителни предлози за тоа какво ограничување би поставиле. Јас се мислев да продолжам со периодот од 6 месеци како во претходните два примери, но се одлучив за 30 дена од причина што многу често гласаме за воведување на алатки или некои други рутински работи.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:26, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
@Kiril Simeonovski: Кога се отвора гласање, вообичаено е најпрвин да се утврдат правилата, и колку што се сеќавам, така сме гласале досега. Инаку, за мене е нелогично за правила и политики да гласаат нови корисници, нови според времето посветено на оваа енциклопедија. Јас предлагам овде да стои минимум 6 месеци, бидејќи гласање за правила и политики е сериозна работа. Новините во смисла на нови алатки најчесто ги прифаќаме сите, дури не мора ни да се воведува посебен критериум кој смее да ги гласа. -Виолетова (разговор) 14:23, 18 јануари 2017 (CET)[одговори]
# - Виолетова (разговор) 11:30, 18 јануари 2017 (CET) Јас не се согласувам со идејата за правила, политики и новини на Википедија на македонски јазик да гласаат штотуку регистрирани корисници (30 дена), макар и да им бараме 500 уредувања (а што само по себе е нелогично). Потребно е повеќе време да помине некој на Википедија. Една работа е некој нов да дава предлози и мислења, а друга работа е да одлучува.[одговори]
Воздржан
Одлука
Врз основа на дадените гласови, констатирам дека сите три предлози се усвоени. Примената на новите правила ќе важи за секое гласање започнато по усвојувањето на промените во правилата за гласање.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:20, 24 јануари 2017 (CET)[одговори]
Преиспитување администраторски статус
Почитувани колеги, на списокот на администратори има уредници кои направиле помалку од 50 уредувања во последните 8 до 10 години. Знам дека Кирил и Тони рекоа на една од поодамнешните вики средби дека ќе се актуелизира ова прашање, но досега мислам дека немало целосна ревизија. Имено, највоочливи ми се админите guitardemon666, Виктор Јованоски, iNkubusse, кои се незабележливи на Википедија од кога јас уредувам (негде од септември 2012). Не знам зошто на некому му се потребни администраторски овластувања кога ниту уредуваат на Википедија, ниту ги користат можностите за блокирање вандали, бришење заштитени слики, решавање спорови, итн. Затоа мислам дека треба да се отвори ова прашање и евентуално да се гласа дали треба да останат админи или да се сменат критериумите. Ова мене ми личи како да си поставен за директор на некоја фирма, а во 10 години ниту еднаш да не отидеш на работа.--Retrohead (разговор) 12:22, 24 јануари 2017 (CET)[одговори]
Во право си Игор и се согласувам со она што го пишуваш. Пред неколку години воведовме процес за одземање на администраторските права, а неактивноста секако е полноважен критериум за одземање на статусот. Сепак, на неколку викисредби досега имаме дојдено до заклучокот дека е добро најпрво да се обидеме да стапиме во контакт со неактивните администратори, па дури потоа да се премине на поднесување барања за одземање на администраторските права на овие корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 24 јануари 2017 (CET)[одговори]
Дефинитивно треба да ги контактирате администраторите во прашање. Требало уште во 12:22, 24 јануари 2017 да ме исконтактирате.
Инаку, не ја гледам причината да се отстрануваат администратори, освен ако нема некој лимит или нешто слично што го спречува функционирањето на проектот. Тоа е моето општо мислење.
Конкретно за мојот случај, моментално не ми се потребни администраторските алатки и не сум многу активен тука (уредувам барем еднаш месечно, ама обично анонимно). Така што, ако мислите дека има потреба (вие треба да го знаете тоа, јас не сум многу во тек), веројатно ќе биде ок да не сум веќе администратор. Ако некогаш добијам мотивација да се вратам на Википедија на македонски јазик, најверојатно ќе ми треба администраторски статус, зашто обично се бавам со такви работи, ама тоа тогаш, накнадно.
Да сумирам: јас не гледам причина, односно не знам како нешто би сменило тоа, ама ако вие мислите дека треба, ве поддржувам. —iNkubusse A?02:15, 25 јануари 2017 (CET) P.S. Хаха, guitardemon666 и Виктор Јованоски ми беа другарчиња, ама претпоставувам и тие остареле. Само Кирил не се предава! :D[одговори]