Тахитски јазици: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 3 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q38937 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 9: Ред 9:
|fam6=[[Океаниски јазици|Океаниски]]
|fam6=[[Океаниски јазици|Океаниски]]
|fam7=[[Централно-источни океаниски јазици|Централно-источни]]
|fam7=[[Централно-источни океаниски јазици|Централно-источни]]
|fam8=[[Централни пацифички јазици|Централни пацифички]]
|fam8=[[Централнотихоокеански јазици|Централнотихоокеански]]
|fam9=[[Источни фиџиско-полинезиски јазици|Источни фиџиско-полинезиски]]
|fam9=[[Источни фиџиско-полинезиски јазици|Источни фиџиско-полинезиски]]
|fam10=[[Полинезиски јазици|Полинезиски]]
|fam10=[[Полинезиски јазици|Полинезиски]]

Преработка од 06:26, 15 декември 2016

Тахитски
Географска
распространетост:
Полинезиски острови
Класификација:австронезиски
Гранки:
Мориорски (веројатно †)

Тахитските јазици се група на источни полинезиски јазици во рамките на централната источна гранка. (другите два члена на централната источна гранка се рапанскиот јазик, зборуван на островот Рапа Ити, и маркиските јазици).

Двата најважни јазика од оваа група по бројот на говорници се тахитискиот и новозеландскиот маорски јазик. Тахитскиот е главен јазик на Друштвените Острови, а се користи и како лингва франка ширум сета Француска Полинезија, додека пак маорскиот се зборува од многубројното маорско малцинство во Нов Зеланд, каде ужива подеднаков статус на официјален јазик заедно со англискиот.

Еве ги другите јазици од оваа група:

Австралски (или тубуиански), зборуван на Австралските Острови
Мориорски, на Четемските Острови на Нов Зеланд
Пенрински (или тонгаревански), зборуван на Пенрин (Тонгарева) во рамките на северните Кукови Острови
Раротонгански, кој се зборува на јужните Кукови Острови
Ракаханганско-манихикиски, зборуван на Ракаханга и Манихики во рамките на северните Кукови Острови
Туамотуански, кој се зборува ширум архипелагот Туамоту во Француска Полинезија, со исклучок на Пука-Пука и Островите на Разочарувањето.

Поврзано

Надворешни врски